И јас ќе испитувам следната недела и мене страв ме фаќа.Сум немала никогаш покачено ниво на шеќер.Имам испитувано и скриен шеќер и инсулинска резистенција пред бременост се било уредно...Мајка ми е дијабетичар и од тоа стравувам..Сестра ми 2 дечиња роди немаше гестациски дијабетес...Јадам и благо но овошје повеќе...На крвна слика ми беше шеќерот последно 2.3 многу низок а пред тоа 4...Оно и од стрес се добива покачено ниво на шеќер.Мајка ми од стрес си го закачи и сега си тера со Глукофаж редновно... Ми фуфка и мене каков исход ќе имам... @spirkovski може и некој стрес да си поминала...молимте пиши што ќе ти каже докторот важи? Испитуваат сите не само бремените...Јас пред инвитро испитував скриен шеќер и инсулинска резистенција ме прати Ендокринолог ради дека сум со полицистични јајници...Се испитува најчесто во случаеви каде што има симптоми.
Бев на ендокринолог, треба да се боцкам 2дена пред јадење и еден час по оброк па ке одам за терапија да ми препишат. 3месеци по пораѓај ке треба да го повторам огтт
Скоро размислував токму за ова @spirkovski. Многу е добро што на време се превзема акција за да може да се контролира и да не наштети на малото. Сепак тоа е најважно
Ќе мора да одиш на ендокринолог и дома да си мериш. За било какви прашања ти стоиме јас и @karibian на располагање како искусни во оваа проблематика Ти ја препорачувам Бранкица Крстевска од Срце. Ќе ти даде диета и ќе контролираш. Досадно е ама мора внимавање. Не се добива само од храна. И стресот има влијание. @jasmina00 не се прави само кај бремени.
Фала ти многу, бев денес кај др.Билјана, ми даде диета, ке одам во понеделник за терапија па ке видиме.
Ајде без грижи чим е на време откриено и ќе се делува со терапија се ќе биде како што треба ќе се среди...Гали го мешко и слушај го докторот
Со диета ќе се среди ич не се секирај само биди внимателна . И јас со диета го средив. Некогаш кога ќе прејадев тогаш нормално покажуваше повисока вредност. Запамти тестенини бело брашно никако интегрален леб јади. Месо можеш и повеќе не содржи ич шеќер.
Колку време од кога ќе ви ја дадат благата течност не смеете да пиете вода? Или воопшто нема пиење во наредните 2 часа?
Во авицена мене ми дадоа чашка со малку водичка на дното и тоа беше се што испив додека не завршија со боцкањата
Ви благодарам Денес си правев генерална проба дома Инаку имам правено пред бременост OGTT ама кај нас велат јади солено и благо, и за 2 часа дојди да мериме пак (на државно) Овој пат тестирав со неколку лажици мед. Мислам дека нема да ми текни да јадам благо наредната недела
Не е само за трудници јас имав скриен шеќер пред бременост ми препишаа терапија па се надевам дека сега уште неколку недели ќе испитувам порано нема да ми биди висок порано ќе го проверувам.. Ама и можи моментално да ти се има качено на 2 парчиња торта или од самото време оти други се знаците глад и жед чувствуваш нонстоп јас имав вртоглавици јаки и ми се маглеше видот месец и фазла секојдневно и тешко ми беше дишењето како да губев здив се пожалив на тоа а ме пратија ендокринологија и таму беше проблемот
Утре сабајле ќе одам за ОГТТ(скриен шеќер).Кажете ми во тие 2ч.дали смее да се оди бар до тоалет? Знам не смее да се движам но многу често мокрам и не ми можам да додржувам
Ми олесна Добри се резултативе од ОГТТ. 26+1 сум 0мин.4.9 60мин.8.3 120мин.5.8 И покрај стресовите што ми беа пред 3 дена добро и искочи