И јас сум презадоволна од докторката. Исто, бев под стрес, со лежење, ама со исхрана добра имав одлични резултати. Извини што тука реплицирам, ама за луѓе што сакаат да одат кај неа, а нема термин, прима и со приоритетен, особено трудница. Жената е закон.
Е мене не. Ливчето ми беше за скроз друго, ама ми рече отприлика тоа . Може се сменила сега . Јас лани бев отприлика овој период. Терај си како си мислиш , штом во ред е се тоа е супер сепак тоа е најбитно
Според мене мислам дека и не се баш стручни ендокринолозите за да обучуваат како да јадиш. тие гелдат резултати движење на нивото на шеќерот и предвидуваат дали има потреба за терапија или се решава со режим на исхрана. За тоа си ја почитувам докторката од Клиника, со моите резултати ме смири пошто бев доста уплашена, не ми рече ниту имаш гестациски ниту немаш, со овие вредности не си за терапија туку само внимавање на храна, па така ме препрати во центарот за дијабет, каде што убаво ми објаснаа како да јадам. Башка и таа во центарот воопшто не ми рече не смееш бел ориз да јадеш или слично не ме ограничи од никаква храна ниту ми напомена ова смееш или не смееш, туку ми обрна внимание како да мерам колку јадам во тие лебни единици, и како да ги комбинирам. Башка рече ти си трудница, зборот диета не треба да те измачува, едноставно само ќе припазуваш, и сосем беше во право, воопшто не ми пренесоа стрес туку ми дадоа насока. И таа ми вика ти треба да јадиш за двајца но не колку двајца , што значи глад не треба да осеќаш.
Немам комнетар за Докторката. И ги благословувам таквите Доктори, посебно што се на Клиника со работно место и имаат таква толеранција, трпение и се останато да ти се посветат покрај таква толпа на народ што секојдневно поминува таму вклучувајќи го и работењето во нашиот беден здравствен систем...
Да да, јас немам од секаде од клиника вака добро искуство…затоа и секаде ја фалам. Жално е што ни е здравството такво да се изненадуваме и радуваме на секој добар третман од страна на доктор
Здраво, Може прашањето не е за тука ама ај да си пробам среќата. Јас во текот на бременоста не испитав шеќер пошто матичната ми рече дека нема потреба, е сега шеќерот на сите анализи на крв ми е или на граница или над нешто малце. Јас иам и некоја дехидрација односно пијам вода како луда и матичната се сомнева на шеќер. Да скратам. На последниот скрининг се испаничија дека имам зголемено ниво на вода и ме прашуваа дали сум испитал скриен шеќер дрн дрн. Е сеа дали ако тогаш бил поради бременоста покачен дали си останува покачен или одпосле никому ништо.? Ваљда ме свативте...
Ако добро те разбрав, има шанси да си имала гестациски во бременост, и сега прашуваш, дали ако си имала, после пораѓај ќе имаш? Ако е ова прашањето, мора да се провери после пораѓај. Исто, ќе ти направат тест, со тоа што, кога не си бремена, неколку дена се оптеретува организмот, па потоа пак се проверува, на гладно, пиење блага течност, после час, па после два часа…ако не е ова прашањето, игнорирај одговор
Тоа е Фала ти. Не можеме да се убедиме со матичната дека неам шеќер а сеа размишља дека тогаш ме напнаа со шеќер зошто не сум испитала демек од тоа има поголема ли плодова вода шо како не знам
Зголемено количество плодова вода е индикација за скриен шеќер. Но штом не си го проверила тогаш, не може да знаеш. Зошто сега не сакаш да испиташ штом те праќаат?
Еве имаш претходно пишано дека имаш некои знаци. Ок, можеби си јадела доцна и затоа глукозата ти е покачена, можеби си јадела солено па затоа пиеш повеќе вода, но може да се и индикација за покачен шеќер. Пред колку време се породи? Ако си имала гестациски, тој може да остане некое време и после породување и затоа се препорачува да се испита после породување за да се види дали се средил. За мирна глава, испитај си штом се сомневаат дека имаш.
Зголемена плодова вода и нагласена жед се најчести индикации за скриен шеќер. Плус што резултатите и на обичната слика ти се со гранични вредности. Јас на твое место би испитала и сега без разлика што е покасно. Гестацискиот дијабет најчесто не останува после пораѓајот, но ќе мораш да испиташ за да се осигураш.
@Noranora во прва бременост имав висок плодова вода уште од 19та недела за во 24та направам тест па испадна дека имам шеќер.а на обична крвна слика ниски вредности на шеќерот имав цело време.незнам зошто не те пратила матичната да провериш од 24-28 со тест со оперетување.обично и на мокрача знае да покаже
Не бе женче јадев точно дента претходно во 16 и после тоа ништо не јадев. Мислам дека е од кафето, јас не знаев дека ќе правам крвна слика отидов за грло да видам на матичен дали да прскам нешто и и кажав дека иам пиено кафе она рече ако не е со шеќер нема врска. Така јадам по 1 на ден обично ретко некад да јадам 2 пати. Породена сум пред 1 год и 5 месеци, некако доста време е пројдено. Фала ти на одговорот. Ќе направам и утре крвна слика ако не па ќе видам вредноста колку е, до утре нити ќе јадам нити ќњ пијам нешто освен вода. Ме праша дали сум имала проблем реков не и ми рече млада си нема потреба.
Да, всушност, после пораѓај се испитува да се знае дали станува збор само за гестациски дијабет или можеби имаш некаков вид… јас имав граничен после саат, а верувај ни на гладно, ни тримесечен не беа високи… никогаш ниту сум имала висок шеќер, ниту во фамилија имав… ама ете се појави од некаде. За да бидам сигурна дека бил само во бременост, за некој ден ќе одам на контрола. Иначе ова е добро да се знае и за самите нас, а и за планирање на следна бременост. Би ти препорачала да си провериш, ништо не губиш, а сепак ќе си бидеш на чисто за твојата сегашна здравствена состојба. Сепак ти си одлучуваш секако @Noranora
Mila ne mora da se ima indikacii deka si imala gestaciski gijabet. Jas nemam nikakvi indikacii pa imam. A ti ne deka si nemala indikacii i te kako si imala a toa e cuvstvo na zed plus zgolemeno nivo na plodova voda. Ama ni toa ne znaci deka si imala gestaciski dijabet. Toa nemozes da znaes koga nemas ispitano. A sega mozes da ispitas i da vidis. Zosto mnogu pati nekontroliran gestaciski dijabet ostanuva i po bremenosta, odnosno majkata stanuva dijabetica. Proveri si da si bides mirna. Pozdrav
Фала ви на сите, да бидам искрена се упрпав малце па затоа ваљда и се противам. Со лесно на сите бремени
Veruvam deka si uplasena. Ama dijabet ne e sala. Mnogu ozbilna zdravstvena sostojba e. Podobro proveri se so vreme.