Ми дадоа инсулин има некоја од вас користено? Ми рекоа ако почнеш со инсулин цел живот ке тераш со него, вистина ли е ова?
Јас сум 26 недела 0.мин 5.1 60мин.10 120мин.5.5 Јас во фамилијата имам дијабетичари,исто под стрес сум последнава недела па се плашев за резултатите амо супер излегоа.
Да исто и јас стравував дека мајка ми е дијабетичар а и баба ми беше.Никогаш сум немала проблем но сега и стресот со внук ми што се деси ми беше многу страв да не покаже нешто. По испиената течност ми се слоши ко што знае и дома да ми се случи после доручек па ме легнаа си лежев испитував кај маж ми на работа па ме надгледуваа.Тоа било од преголемо нагло лачење на инсулин тогаш само сакам да легна зошто ако седам стојам се препотувам и пред колабирање сум.Многу и низок притисок имав а и пулс 100ка исто качен а обично до 80ми е пулсот. Оф бре човек раат да не е Немој само да се сеќираш да не велам не е сеедно воопшто но да не го качуваш со нервозите плус...Искрено немам слушнато од некој во бременост да боцка инсулин да споделам но чим тска викаат ќе боцкаш за тоа мало бебувче во тебе.Те гушкам
Јас со лесно си поминав,малку ми се гадеше одкако ја испив течноста,пошто беше поголема количина ама брзо мина.
Четири дена мерам пред и по јадење, на диета сум, леб интегрален и тоа само за доручек, шекерот висок. Вчера јадев боранија со телешко и салата од зелка, морков, цвекло. По еден час 14.3 шекер.
@spirkovski ти дадоа ли исхрана по лебни единици? Ти пишав еднаш еве уште еднаш да појдеш кај Бранкица во Срце. Професорка од клиника, ги работела гестациските . Мн убаво објаснува и секогаш е достапна. Прегледот и трае саат време и е детален. Инаку кај мене со терапија сиофор и плус диета, на гладно не се симнуваше. Се чудеше и она. Плус тебе ти е кратко времето за да се намалува.
морков и цвекло имаат висок ги. Смени го лебот. Земи сама прави си кд ржано, овесо илј хељдино интегрално брашно или јади тонус/манастирски леб. Се друго е пченкарно.
Не мора да значи. После пораѓај можно е уште некое време да се боцкаш. Ќе правиш тест пак после 2-3 месеци, или порано, ако е нормализиран ќе го прекинат.
Ми дадоа да и ептен се придржувам, неможам да одам по лекари веке имав крварење и морам да лежам. Ке боцкам два дена инсулин па мм пак ке оди со рез. кај докторката.
И јас испитував денес среќа во ред е. На гладно 4.2 По 60 мин 6,9 По 120 мин 5 Докторката рече дека се супер резултатите
Денес бев на конттола, ми го прекинаа инсулинот крвната слика ми е супер, др. рече да си ја продолжам диетата. Ако му треба на некој да знаете дека го исфрлив лебот од исхрана и се што содржи јаглехидрати (ориз, компир, житарици) и добив супер резултати
Незнаеш колку ми е мило бравооо ете со малце внимание и плус смиреност се се подобрува Супер само продолжи така редовни контроли и се ќе биде во ред
Во Ноември треба да одам на контрола на ендокринолог, а термини во државна колку што видов на официјалната страница на мој термин нема. Дали да одам на ендокринологија директно па таму да замолам да ми закажат, или?? Имате искуства?
испитував скриен шеќер во 23та недела и беше се во ред и докторот веќе не ми пишал дека треба да испитувам. Еднаш се прави тоа?
женски јас испитав и резултатот ми испадна дека по 1 час 9.3 и по 2 часа 8,5. Матичната ме прати на ендокринологија но се мислам да не одам, мислење?