Девојки за проверка на скриен шекер се оди гладен, дали смеам вода да се напијам или ни тоа и колку време трае испитувањето
Ууу па многу тоа, јас мислев околу еден час ама ок колку е толку Ќе идам наредната недела па ке пишам како сум поминала
Јас ден пред проверката јадев до 20ч.а вода си пиев до полноќ... Сабајле станав и ништо не се става во уста ни вода не смееш...Мене ме боцнаа па ми ја дадоа гликозата по 1ч.пак ме боцнаа и по 1ч.пак ме боцнаа да ги испитаат сите три времиња... -На гладо -По 1ч. -По 2ч. Така да се издржува.Биди си дисциплинирана за да се види реалната ситуација Те чекаме со резултати одлични
Јас како што знаете во Германија сум и ова испитување ми го закажаа во 4 попладне. Се јавував да препрашам за сигурно за јадење и добив одговор све нормално да правам како секој ден. Не ме Боцна предходно само еден саат по, испиената декстроза мислам беше. Ми рекоа ако има некиј проблем ке, се јават и следниот преглед ми рекоа дека резултатот е добар и запиша бредности во мајчината книшка. Чудно ми беше како многу рботи тука што се различни . Само споделив искуство.
Мами да ве прашам. Матичниот ми даде упат за скриен шеќер. - Планирам за утре, е сега се мислам пошто имам каснато чоколадо еден ред и после кај 18 ќе јадам месо.. Дали ќе е провлем за утре или да го одложам во четврток и така среда постам
Најубаво денес накркај се ,а утре пости си и четврток ќе си провериш скриен шеќер Туку вие си барате за скриен шеќер и д-димери упат или матичните ве праќаат ? Никогаш немам испитано такво нешто ,затоа ми е чудно
Јас кога испитував, ми рекоа претходните три дена по 100 гр чоколадо, за да се засити организмот. Вечерта пред да испитуваш да не јадеш по 20ч.
Мене Коруновски никогаш не ме пратил за такво испитување ,а исто и сега другиот матичен не ме пратил ,здравје до пораѓај може ќе ми спомне ама не верувам .. Дали има причина што испраќаат гинеколозите за тоа испитување или немора да значи ? Извини што те прашувам толку ,ама ме интересира да не треба да си барам и јас
Па кај мене рутински.. Бидејќи секој месец проверувам крв и урина рече ајде да провериме и скриен шеќер и така овие недели се проверува
Да знам дека е рано ,ама дека и со претходните две бремености немав испитано па чудно ми падна ,да не треба сама да си барам упат и затоа ме интересираше дали има посебни причини инаку и јас секој месец испитувам крв и мокрача до сега се е супер се надевам до крај се ќе си е супер
Малку беше тироидата што ми се поремети во третава бременост, па и ова испадна денес. Тука се испитува најаден, со лесен појадок, потоа испив 50 гр. од течноста. После еден час ми зедоа крв од вена и покажа 158, а границата е 135. Среда сум на специјалист за потемелно испитување. Тогаш на гладно и од вечерта, после 22.00 ништо да не внесувам.
Кај гинекологот испитував. Во нивната лабоаторија проверуваа и они ме упатија на специјалист. Сигурно е за трудници.