Ima nekoj takov period, ama gledaj posle vecerata da ne pomine mn vreme do dorucekot. Zavisi nekogas i stres vlijae i sedenjeto poke ti vlijae tebe. Koga ti e visok iscedi limon so voda pomaga mn odma paga.
И до 6 се толерира на гладно зависи од лабораторијата и реагенсите. Ок ти е 5.6, штом и при оптоварувањето со глукоза не ти е висок, добра си. Да си имала проблем, одма ќе се видеше. Можеш и гликозилиран хемоглобин да провериш некад, добар показател е.
Да, ама не сум бремена ниту планирам наскоро... Дека ми била сува устата ме пратија да проверам, ми беше чудно малце ама ете... Ептен на граница некако ова на гладно, а преку крв секогаш ми е 4.4
Ова ми се резултатите. Малку ми е чудно. 10.1 после еден саат а после 2 4.9 Загрижувачки ли е ова 10.1?
Моите беа покатастрофални поради лежење и со диета го средив. Ама разговарај си со гинеколог и ендокринолог. Прочитај мислења наназад
Се знае, благо воопшто, сокови воопшто (не дека пиев претходно), цедени сокови исто, овошје само што не дига шеќер (мандарини, портокал, киви, бобести…) во комбинација со бадеми непечени, лешници, ореви, протеинска храна, месо, риба, салати. Сѐ е индивидуално и ќе видиш ти на што реагираш. Јадење 3 главни оброци и 2 ужинки. Јадење на 3/4 часа по малце.
И докторот треба да ти каже до која граница смее да оди шеќерот, мојот не смее повеќе од 7,8 после саат време од оброк, 6,8 после два часа
Со гинекологот ќе се видам дури за недела, недела ипол. Не знам дали да чекам до прегледот или да и пишам на вибер или да се слушнам со неа порано ..
Јас сум 8ма недела и бев 10 часа гладна 5.7 ми е глукоза Инаку скоро воопшто не конзумирам шеќер ама изгледа не е од тоа
Висок резултат ти е за толку ранa бременост, зборни со лекар, ако имаш вишок килажа и сомнеж за висок шеќер. Мене ендокринолог ми кажа дека се препорачува на 15та недела да се направи оптоварување со гликоза и тримесечен- тоа ми го рече откако моите резултати не беа добри во 28ма и ми рече дека сум требала така да направам во 15та. Само што јас сум со лежење три месеци и средив само со храна, ми скокаше шеќерот после доручек и видов на што реагирам и сега веќе е под контрола. Пред некој ден направив тримесечен супер ми беше, во нормалата. Ми рекоа дека најубаво е со три боцкања кога се прави оптоварување
Исто, мене во ноември и декември на гладнонод вена ми беа 4,8 и 5,2- демек нормални, ама после 30 дена на гладно покажа 6,5 и оптоварувањето беше повисоко. Инаку немам никакви знаци на гестациски дијабет- нит повеќе плодова вода, нит поголемо бебе ни промена во постелката. Едноставно лежам и немам како да трошам и ми рипа ако се прејадам и ако јадам повеќе јаглехидрати
Јас од април лани сум со хипо хашимото проблем со штитна и сум со стресови долго време, и сега од кога дознав дека сум бремена и пред да дознам мене до 5.9 ми беше највеќе, доста сум слаба 48 кг. На 167 цм и со лоши резултати мутации тромб високи д димери и скратено време, лоши резултати на крв и штитна пак, и незнам секогаш стрес, а со храна стварно не конзумирам бел шеќер има повеќе од година, ниту сакам слатки работи А секогаш пред вадење крв ми се слошува незнам дали и од тоа може да е
Зборини си најдобро со ендокринолог, не е лесна твојава слика, сепак сѐ е поврзано. Ама не оставај така за шеќерот. За таа килажа што ја имаш е многу мислам. Јас сум 104 кг и на гладно варира од 5.5 до 6.2
End. Mi rece da vnimavam na testo na leb na crn leb isto testenini ovosje da namalam, jas neznam sto da jadam?
Ти реков, висок е за толку рано. Јас сабајле јадам варени јајца со зеленчук настрана: пиперка, краставица, патлиџанче, со еден леб без брашно, хумус можеш, сирење. Ручеците со месо и компир или ориз нема леб, манџите со едно лепче без брашно. Протеинска исхрана, обавезно три главни оброци и ужинки измеѓу, никако да си гладна. Ужинка цитрусно овошје, јаболко со шака бадеми, семки од тиква… путер од кикирики едно лажиче. За ручек можеш салата со спанаќ со наут, грав, сирење, кромид, пиперка тие ми се омилени. Тестенини само ако имаш комбинација со месо и не голема количина на паста овошје не многу, секогаш комбинирај го бадеми за да не дига шеќер. Јаболко и путер од кикирики можеш со цимет одозгора… Грчки јогурт многу можеш, таратур да си напраиш со сирење со галета- тоа одлично ми доаѓа Чиа пудинг можеш да си направиш, со бобесто замрзнато овошје и јатки, малце овесни (они дигаат шеќер да знаеш) извини нафрлам пошо така ми доаѓаат идеи
Фала ти многу Господ здравје да ти даде што издвои време да ми пишеш. Ќе земам од овие рсботи и така да си терам или во мене е ваков висок шеќер и нема промена И без бременост ми е 5.9