Не сум до толку ама ако земам коцка ,можам да изедам цело чоколадо .А инаку не сум толку по благото.Со лебот и газираното полесно ми оди.Каков леб јадеш?
Бел обичен. Секогаш сум јадела тонус или некој леб со цели зрна ама сега ич не можам такви лебови. А правеше ти испитувања за шеќер?
Мене ми го открија уште пред бременост.Сега ми мерат тримесечен и морам да внимавам на исхрана.Мислев и ти си со гестациски дека ваков е насловот на темата.Инаку правилната исхрана се состои без бело брашно,без благо и без газирано
Па за 2 недели треба да испитам и јас. Јас се плашам зошто имам предиспозиции, татко ми е дијабетичар и сакав да се припазувам ама некако не ми оди баш.
И јас исто.Татко ми е дијабетичар и ми го открија дека имав проблем со забременување.Во првата бременост пазев повеќе сега потешко иде.Не мора да значи дека ќе го имаш
Здраво жени. Вие кои што го мерите шеќерот по неколку пати на ден, дали при секое боцкање ја менувате иглата ако само вие се боцкате? Таа во аптека ми рече лентите на секое боцкање, а иглите можеш на неколку пати. Но сега во упатството читам дека и иглите се менуваат на секое боцкање, а неколку пати се боцнав со истата и ме фати шубе и паника.
Па јас не се боцкам толку често ама до сега сигурно се имам боцнато со неа 10 пати, во аптеката рече ако е само твоја не ја менувај толку често, кога јас сакам Ама ете после 10-15 боцкања можеш
Добро како може вчера за вечера чаша млеко со 3 плазма диет бисквити и три други бисквити со шеќер, апаратчето ми покажа 6.7, денес вечера едно парче тонус со хумус, пола патлиџан, пола краставица, неколку маслинки и две лажици таан , шеќер 6.3. Значи јадела не јадела здраво шеќеров пак покачен Дали и вас ви се случува?