Па не сум, ужинки имам и после доручекот и после ручекот. Од врчерата до доручекот сум највеќе гладна, околу 11, 12 часа ми се фаќа.
Мене колку што ме држи сеќавањето, после еден час од јадење мислам дека до 7.8 беше добро. Ако грешам нека ме поправи некој. Мислам дека 6.3, 6.7 по еден час како што е твојот случај е сосема во ред. И секоја храна различно делува. Ќе видиш што ти одговара, и тоа ќе јадеш. Мери си после оброците и се што дава добар резултат ставај си на мени.
Мислам дека и стресот ми влијае, вчера сабајле 4.4 на гладно, денес 5.6. Пред мерење се возбудувам цела, од тоа каков ќе ми биде шеќерот Ми иде да го фрлам апаратот и да не се замарам. А за храна, гледам и здрава знае да ми го качи, што ќе јадам не знам. Во четврток сум кај ендокринологит па рече ќе ме однесе и на едукација за исхрана согласно мојот резултат.
Дали имавте некакви симптоми пред да ви утврдат гестациски дијабет, замор на пример? Исто дали сте имале кетони во урина?
Да, и стресот многу влијае. Ама треба и да видиш која храна што содржи. Пример, овошјето е здраво ама и знае да го покачи шеќерот. Значи треба да јадеш умерено. Штом ќе одиш на енокринолог ќе ти објаснат таму убаво. А и со мерење ќе видиш убаво што ти качува што не. Јас цела бременост мерев ама не секој ден. Пазев, јадев се, умерено.
Јас немав апсолутно ништо. Никаков показател. Ми испадна повисок на гладно, и одма отидов на ендокринолог. После тоа рез беа ок, ама ја си продолжив со пазење. Регулирав со исхрана до крај.
Исто и јас, немав никаков симтом, отидов на ендокринлог поради шеќер 5.9 на гладно, па ме прати да испитам гликемија на гладно и излезе 8.28 од никаде. Затоа сега мора да го мерам секој ден и да идам на контрола. Замор имам но мислам тоа ми е од прогестеронот што го примам.
Кажи ми што избегнуваш од исхрана? Дали благо и тестенини воопшто не внесуваш или некогаш зимаш? Исто овошје кое го консумирш?
Кога бев бремена се конзумирав умерено, пример јадев една јаболка како ужина со путер од кикирики, омилено ми беше. Јадев исто една банана. Секој ден различно… На тестенини ич не сум љубител така да ич не ги јадев. Јадев ориз, обично качува шеќер, кај мене беше топ. Пример ориз, месо и салата. Во ручек обавезно внесував салата. За ужина овошка и/или бадеми, лешници. Благо знаев да каснам некоја коцка. Некогаш црно некогаш обично, ама коцка две. Протеински пудинг. Сладолед еден тука го имаше во групава. И гледав да има растојание од 2ч цело време, меѓу оброци.
Глукоза 6.9 после еден саат од јадење, може и повеќе од еден саат. Дали е добро? Иначе многу ми лупа срце откако ќе се најадам, пулсот ми оди до 120, претходно сум мртва гладна имам чувство како да ми паднал шеќерот... Некој со вакви симптоми?
Јас обично јадев едно на ден, некогаш две, се зависеше што сум јадела дента и како ми се движел шеќерот.
До 7 се толерира, но сепак контролирај да не е по секое јадење толку. Мене на пример вчера после ручек ми се качи на 7.4, што е многу за мене. Денес беше 6.4. Многу зависи што имаш јадено. Запишувај и што јадеш за да знаеш што ти качува повеќе шеќер, ќе си внимаваш на тоа во иднина. Инаку исто и јас, прееска едвај додржав да направам вечера, изгладнета како да не сум видела храна два дена, а од ужина беа поминати само 2 часа. Пулсот исто знае да ми се качи и да имам како тахикардија.
Значи тоа се симптомите дефинитивно Утре ќе проверам и на гладно, па ќе видиме. А ова првпат денес ги осетив симптомиве. Крвна слика последно правев пред три недели, тогаш исто не бев гладна 5.44 ми беше шеќерот. Пред тоа па 4 ми беше... Зарем вака нагло се добива гестациски? Кога најрано може да се направи огтт? Утре сум 20 недела, може ли сега побрзо, да не чекам 24?
Сега мерев 1 час после вечера 8.7 Ништо посебно не јадев, микс зелена салата со две парчиња тонус намачкани со хумус, малку кашкавал и патлиџан и две маслинки. Стварно не знам што од ова качува шеќер
Мене ми е многу рано за да ме пише како гестациски, но ете ми се случува ова со шеќерот. Ептен сум загрижена
А јас па денес боранија... Вчера спанаќ за вечера, сабајле мртва гладна. Вишок килограми дали имаш? Јас имам бааги, а здраво се хранам и правев огтт пред да забременам, тогаш добив 5.7 (гладно), 7.1 (после 1 ч), 6.1 (после 2ч), што е супер. Homa index 1.3 (нормално до 1.4).
Фала богу немам вишок килограми, ниту сум имала проблеми со шеќерот. Но пред бременост многу се движев, правев вежби, возев точак и го трошев вишокот шеќер. Сега сум залегната со мали прошетки кои ништо не ми трошат од енергијата и ете го резултатот. За сѐ има прв пат изгледа. Знам дека се јавува гестациски но подоцна во бременоста. Најверојатно наглата промена во животните навики вака ми се резултира. А што се нервирам ради ова, дополнително ми влијае на шеќерот
А колку е нормално да се качи шеќер после јадење? Јас мислам и до 10 можеше или сум измешала нешто...
Искрено не знам, нова сум во ова. Нека пише некоја членка која е во тек со ова и мене ме интересира Јас во четврток сум на ендокринлог, па ќе ја прашам за ова.