@blackdeath таблети не даваат во бременост,само инсулин инекции,јас со 5,3 на гладно моментално сум на режим на исхрана еден месец,и го проверувам по 4 пати на ден..Ми дадоа табела на исхрана и по колку грама од што смеам да јадам,не јади благо,сокови,намали со лебот и тестенините додека да добиеш термин..се надевам ќе ги ставиме во ред
Здраво, сакам да прашам кој ви го дава упатот за испитување скриен шеќер, мене мат. гинеколог ми вика само општиот дава таков упат а општиот ми вели гинекологот. И сега не знам што да правам не е за 500-600 денари ама кога тоа го покрива осигурување зашто да правам приватно. Во првата бременост гинекологот со крвната слика и тоа го даваше во упатот сега не можам да разберам што се случува од кого да барам упат не знам
Општ ми даде упат за скриен шеќер за Авицена. Само се јавив, за термин за да кажат (дека на упатот нема). Не платив ништо.
Оф леле више ми е смачено од тоа не даваме ова она, мора ли да пишува во мкб шифрата дека се работи за бременост? Затоа што до сега 6 месеци за упати ми давале со шифра и10 сега не можат на трудници не давале упати ххахахах ке спобудалам
Ич не ми текнува тоа. Мислам секако општ не може да стави шифра за бременост... ама па не ми наплатија. Незнам @angel4444 дали се сеќава како беше....
Кога го правев тестот со шербетот на гладно ми беше сабајлето 4.6 од 6.нешто на скалата, а после два саата од тестот ми се качи на 10.70 од 11 границата за пред дијабет тип2 а веќе месец дена не јадам бел леб само ржен црн газирано намалив скоро па ич..цигарите исто така и блсгото го намалив не го извадив скроз ама нстаму одам
Не знам каква шифра беше, ама ми даде општ матичен. Матичниот гинеколог не може да даде таков упат..платив некои си 65 денари нешто така беше..со 2 боцкања
Ќе сакаш ли д ами ја пратиш табелата? Нз веќе што да јадам што смеам што не ама благото ќе треба да го исфрлам начисто Дали го проверуваш сега кога си под режим, јас цигарите ги намалив сега ќе треба благото и лебот др мислам дека не јадам нешто многу и овошјето изгледа
Девојки некоја што мери шеќер би пробала ли во ист момент кога мери да измери неколку пати,од истата крв истото буцкање. Не знам што ми текна одма пробав со 4 лентички едно по друго,4 пати различно ми кажа од 5.9 отиде на 6.7 Нити еднаш не се поклопи исто
Да и мене така, го читав упатството, кога почнува да мери не треба да го допираш или поместуваш апаратчето воопшто. Пробав така и ми дава многу слични вредности од тогаш, на пример 7.2 и одма после тоа 7.4.
Utrinskiot seker mi bese 5.7 posle pak vo bolnica 5.3 doma 5 pati go meram posle jadenje mi e naj visoko 5.8 na rezim na jadenje sum kolku treba sa bide posle jadenje
Боранија, грашок такви работи со месо може ли да се јадат. Не дека ги обожавам ама да менувам. Да го маскирам и месото. Овојпат многу тешко ми оди. Во вторник сум на Доктор ќе ми објаснат повеќе, ама читав препораки и така само чисто месо неможам да јадам. И по колку кришки црн леб јадете? Дали смејам домашно црно лебче да замесам од р'жано брашно? Може да почнеме ако сакате да споделуваме што јадеме во текот на денот, па да се има повеќе идеии.
Има една тема Дневно мени за трудници, има неколку трудници што споделувале со гестациски дијабет што јаделе, оди разгледај, ќе најдеш некоја идеја.
Јас и не бројам што јадам само избегавам сега благо воопшто не јадам нз до кога инаку по кришка ипол јадам скоро на јадење а за зеленчукот мене ми рекоа дека се што расне над земја не се смета можеш да јадеш колку што сакаш а исто и се што можеш да држиш во рака од млечни производи.
Малку е комплицирано додека да влезе човек во шемата Сабајле јадев пиперки и 3 помали јајца, домат и парче ипол леб...сега имам киселини уфф можеби од лебот. Сега една праска и неколку цреши. За ручек имам манџа со зелка и мелено месо, плус парче леб и салата ќе биде. Е за вечера незнам...доволно ли е само таратор? А помеѓу ручек и вечера дали може уште едно парче овошје, пример јаболко? Кој се разбира повеќе ако сака нека ми пише дали ми е Ок вака јадењево распоредено?
Со било каков јаглехидрат и овошје гледај да внесуваш протеин за да спречиш нагло качување на шеќерот.
Мене ова ми е шпанско село ни знам што треба ни што не треба..прво тоа второ -имам прашање- колку ви е вас шеќерот што сте почнале со пазење на исхрана ? Дијаностициран ви е дијабет или?