Да,да обавезно јадев и чиа пудинг и ставав во него замрзнато овошје аронија,капини,вишни,малини,боровница.Ке треба и тоа да исфрлам
Мене ме водат сега како Гестациски,сум била на граница докторкава ми кажа да беше еден плод немаше воопшто да те ставам на диета,ама дека се два плода да неризикува.Ми покачи доза на еуторикс заради фт4 ми беше намалено сега.Сестрата ми објасни за диетата и сликнав една табла,ке мора даја простудирам да поднаучам што и како да јадам и комбинирам.Некоја што била на диетава ако може да сподели искуство
Утринскиот ти е многу висок дури за нормален човек, а не за трудници, имаш десно референтни вредности. Не требало воопшто да те оптоваруваат со глукоза со такво прво мерење. Правец на ендокринолог.
Девојки, вие кои имате скриен шеќер дали се водите по некое мени? Вчера испитав и излезе дека имам. Менито од ендокринологија има мн раб што воопшто не ги јадев, баш поздраво се хранев сите 6 месеца и криво ми е што имам вакви резултати. Можеби ми се покачиле бидејќи последниот месец помалку пазев, ама утринскиот шеќер секако не ми беше висок. Според вас најдобро е да се исфрлат само тестенини, благо…?
Првите препораки се тоа да се исфрли бел леб, благо, тестенини. Да се намали на ориз и компири и да се заменат со интегрални. Да се намали на една-две овошки на ден. Да се јаде повеќе протеини и салати со црн леб. Е, сега ако мериш со апаратче полесно е и ќе видиш што ти одговара, а што не. Јас како го зедов се препородив и не бев гладна. Дури јадев и од недозволените работи, а не ми беше многу висок.
Баш така си терав до пред 1 месец, ослабнев 8-9 кг од што само здраво се хранев. Ако се проценува само по гликозата супер, ќе си мерам сама. Се мислам дали скриениот мора да се проверува вака во лабораторија и како ќе знам дали е нормален. Ќе ја прашам матичната за ова, ама најверојатно со добра исхрана нема зошто да се грижам. Како си ти @Marsi* , ве пуштија од болница?
Да и јас намалував на килажа, дека јас бев и со вишок на кг. Чекај не те сватив ти проверуваше скриен шеќер или ? Добри сме фала му на Бога, вчера не пуштија после 24 часа од царскиот и веќе се гушкаме дома.
Да, испитав вчера и имам скриен шеќер. Се мислам дали сум го имала отсекогаш или сега месецов сум претерала со јадење глупости па затоа резултатот е покачен. Ќе си пазам пак како на почетокот, нема што друго ☺️ Гушкајте се со срцката мала, мило ми е што се излезе како што треба
Едноставно се јавува во бременост и ако не се третира може да остане и после породување. Така да не се секирај не е од тоа што си претерала со јадење, сега ќе си пазиш и ќе си биде добро се'.
можеш чиа пудинг со бадемово или кокосово млекоо секој трет ден ми беше тоа доручек.јадев и грчки со 1 лажичка овес и 3 чиа со шумско овошје,овесни палачинки со банана,спанал,црвена лека.многу е важно правилно да ги комбинираш намирниците.јас две бремености истерав со гестациски а слаба сум 45 кг со се кревет.плус можеш од нутриционист да побараш мени,има и на фб групи за шеќер.јас незнам колку сладолед без шеќер изедов додека бев бремена
Сестрава на ендокринологија ми кажа дека чиа,овес тоа све бкло шекери,ми кажа морам даги бројам во калории.Матичниот гинеколог и во систина ми кажаа дека не е гестациски кај мене,мада и докторката на ендокринологија ми кажа на граница ептен си,да сум со едно бебе немаше воопшто даме стават на диета,дека сум со две и ми кажа несакаж да ризикуваме.Пишав на нутриционист ама ми кажа дека од 7 месец за план за исхрана,тска да даму пишам кога ке бидам 7 месец,сега терам 27 недела.
Првпат слушам ваква глупост дека чиата и овесот биле шеќери. Чиата е една од најздравите намирници, има повеќе железо од спанаќот, калциум од млекото, омега, витамини, овесот исто е многу здрав, не мора да го јадеш во блага варијанта, користи го наместо брашно, и шумските плодови се дозволени оти немаат многу шеќери и не го качуваат шеќерот, можеш чиа со млеко и шумско овошје да јадеш, па и малку мед за вкус не е страшно, ќе мериш после тоа секако па ќе видиш како ти реагира организмот. Овесот има повеќе јаглени хидрати, (што е сосема различно од шеќери),тоа е точно, ама дека има шеќери, далеку од тоа, не знам оти луѓето не ги разликуваат тие две работи, посебно некој вработен на ендокринологија.. резил
Подобро земи гнети секој ден бел леб, отколку овес. Прочитај гликемиски индекс на овес, прочитај колку јаглехидрати на 100гр има. Околу 66 мислам и тоа поквалитетниот. Многу висок гликемиски индекс многу брзо прави spike, за после нагло да падне и уште толку да направи глад за брзо време. Чиа семе на папир е добра, во комбинација со некој јогурт ама заедно со влакна и протеини е ок, ама прочитај колку од тие омега киселини во чиата нашето тело може да преработи. Скоро па ич. Не пишувајте глупости затоа што некаде сте слушнале и мислите дека нештото е така. И совет од нутриционист не е релевантен. барем од мое искуство од овие поднаучениве во мк. Не може прочуен нутриционист да каже пиј цеден сок од портокал на гладно насабајле. Исто како да ти кажал лапни лажиче шеќер. Толку ја имам истражувано оваа проблематика последниве две години, толку книги и научни трудови прочитав и кога ќе го прочитам овој овес или па палента и корнфлекс косава ми се крева.
Повратив 40 мин после шербетот.. Дали морам да одам пак? Котларова ми вика не оди пак не се мачи, добро се држев 40тина минути и наеднаш ми дојде нагон, пробав да го задржам во мене ама стварно не можев, лом се направив цела течност излезе од мене. По колку течност даваат во другиве лаборатории? Јас во авицена бев мислам дека тоа чашата имаше повеќе од 350мл шербет, премногу ми дојде
Кај шеќерот се е до дозирањето и комбинациите. Не е муабетот во тема диети и слабеење, ако немаш мерено никогаш шеќер неможеш да тврдиш дека гнетње бел леб е еднакво на јадење 3 лажици овес. Корнфлекс и палента се преработени, не може да се споредуваат со овес и чиа. Овес, особено цело зрно или цели снегулки прават многу нормален спајк на шеќерот на 1 и 2 часа. Плус имаат многу поголема нутритивна вредност од бел леб. Муабетот на сестрата од ендокринологија е катастрофа, ама не ме чуди, свашта работи по болниците.
Мора да, јас во Ремедика се тестирам и околу 200мл ми полнат, може да им кажеш повеќе или помалце, иако секако е гадно. Мене ме чуди колку докториве се поделени околу тестирањево, некој вика не мора, некој инсистира… Околу овесот мислам дека стварно е до секој организам, мене пример ми го качува, а секако сум го комбинирала, мислам дека има и поздрави житарки, битен е балансот да не е секој ден истото. Вчера изедов бел леб домашен, утрово не ми беше покачен, се случувало од нешто интегрално да се качи…
Мене ова испитување и резултатот со кој се покажа дека имам скриен шеќер ми ја поремети психата! Немав никакви проблеми, бебето си е нормално, како и плодовата вода. Ако не беше задолжително испитувањето, немаше ни да знам дека имам… Само читам и не знам колку и кое јадење ми е доволно. Инаку до сега се убивав од јадење овошје, особено лубеница, грозје, диња-баш тоа што има повеќе шеќер. А месо не обожавам многу Не ми требаа вакви нервози на повеќе од пола поминат пат