Со гестациски сум, до душа не знам ни дали е гестациски или дијабетес тип 2, ендокринологот ми вика сега ти е гестациски, а претходно не ми беше (пошто не бев трудна). Ги имам видено тие мармаладите ама баш шеќер имаат едно 60 грама, мислев да не има некое со стевиа и слично. Пошто и малтитол бил забранет (или ептен ограничено).
Ако не ти е прескапо мускулатура мк имаат кето брашно предобро е. Баш е кето, не крева шеќер воопшто, имаат и рецепти за леб, пици со него. Само изгор е 1200 гр е скоро 1200 ден. Имаат и од 300 гр, ама и тоа е 290 ден. Ама вреди за секој денар. Можеш и благи од него да правиш, јас си правам и како брзо питиче од него со тиквици, јајца, котиџ сирење.
Од кој протеински пудинг зимаш.Мене докторката на гак ми предложи како оброк смути со козја сурутка протеин и ставам една банана и замрнато овошје и киноа ставам и вода.И неми крева многу шекер до 7.7 ми оди највеќе
Па до 7.7 не е дека малце ти крева, бааги го крева таа комбинација, до граница. Многу е и банана и замрзнато овошје и киноа во едно. Земам на Ehrmann протеински пудинзи, а смути правам со голема лажица грчки јогурт(околу пола канче од 150гр), боровинки(или малини, јагоди) и 30гр протеин од ванила од ДМ и вода.
Погрешно ти пишав,неми се кренал повеќе од тоа шеќерот,не стриктно за смутито од него знае 5.8,6.1 зависи ама и глобала до толку мисе крева ама не стриктно од смутито,погрешно се изјаснив.
Матичната вчера ми кажа да испитам тримесечен хемоглобин, не знам точно како го кажа. Каде имате испитувано? Рамус ми се блиску, или да одам Биотек, Авицена се мислам за најточни резултати.
Мене докторката ми кажа до 7.7 треба да биде 1 час после јадење.Јас се боцкам 7 пати дневно го мерам.Ама 8,4 и 9.9 тие високо,мене немие толку после 1 час
жал ми е, со лесно. Со апаратче мереше? Ендокринолог или гинеколог ти даде? Испитав тримесечен 4,5 ми е. А на гладно преку крв 4,39, а на апаратчето ми дава повеќе секогаш. Дали треба да одам на ендокринолог или добро е?
Да со апаратче мерев една недела 7 пати дневно се боцкав.И според шемата како се боцкав ми даде многу мали единици на инсулин.Мене тромесечен пред 1 месец ми беше 5.30 а на гладно секогаш различно 4.8/4.9/5.4/5.3.Ама гледаат 1 час после јадење.Јас мерев шеќер на гладно,1час после доручек,пред ручек,1час после ручер,пред вечера,1 час после вечера и пред спиење мерев.И според тоа а и дека сум со близнаци и мене искрено неми се ризикуваше боље инсулин отколкунедај боже на бебињата хипергликемија.
Ми дадоа ново апаратче од инсулинска аптека и ми дава голема разлика во мерење на шеќерот со старото апаратче.Старото мие на пулсмед
Здраво, кои се мерните граници за скриен шеќер ? Сега мерам баш, на гладно 5.7 ми е ... сега чекам да помине 1 час. Не е превисок како за утрински, на гладно 12 часа ?