Дали ви се случило 1 час по јадење шеќерот да е 5.8, а по 2 часа 7.5? Не каснав ништо измеѓу, не ми е јасно зошто се качил. Користам accucheck.
Здраво женски, еве ме мене и после консултација со ендокринолог. Не ми дадоа терапија, смета дека со режим на исхрана би требало да се контролира и среди. Водам гликемиски индекс од денес , треба да мерам 4 х дневно, секој втор ден. 1х на гладно и 3х после оброк. Искрено претходно иако трудница бев мн неодговорна по прашање на исхрана. Прескокнував мн оброци, не дека гладував, но не чувствував глад. Сега решена сум максимално да бидам дисциплинирана, иако не знам како ќе успеам да внесам толку оброци во еден ден Најмногу ме мачат ужинките. По колку ужинки дневно внесувате покрај 3те главни оброци ? И освен овошје , апетисани, краставичка, што внесувате како ужинка ?
Смее ли тиква да се јаде? Најдов неколку рецепти, па се мислам дали нешто да си направам а да не ми се качи шеќерот
Тиквата треба да е ок, јас правам чорби со тиква, праз, карфиол и супер реагирам. Еве плус инфо (табелата): https://dia.com.mk/броење-јаглехидрати-што-се-лебни-един/
https://www.instagram.com/reel/DAqlM2coXZG/?igsh=Z25hemlmMjZ1NTBk Моја препорака доколку ви се јаде некој здрав десерт. 1 час по две мали парчиња од десертов шеќерот ми е 5,5. Како што немав јадено нешто благо одамна, ова превкусно ми дојде. Само што додадов лажица мед, лажица путер од кикирики, малку ореви и го печев 20 мин. Можеби следен пат ќе ставам и овесни снегулки или интегрално брашно за да е како банана лепче, инаку вака е помеко.
i sega koe aparatce e tocno sekako od vcera mi dadoa insulin po 3 ili 5 edinici vo zavisnost od visinata na sekerot pred dorucek,rucek i vecera po potreba
Здраво девојки, Од сите работи што не сакав да ми се случат во бременост тоа е проблеми со шеќерот Матичната ми рече дека ќе ми дадат приоритетен за на ендокринолог за во 8ми септември за наредната недела (на клиника немало шанси), ама во меѓувреме сакав да ве прашам за ваше мислење за резултативе Фала ви
Не паничете, стресот си игра улога со шеќерот. Посетете ендокринолог, за да бидете сигурни, но не носете дијагноза само на овие резултати. Јас по посетата на ендокринолог, веќе 8 дена секој втор ден мерам по 4х дневно шеќер, на гладно и 1ч по оброк и ниту еднаш немав покачени вредности. Но веднаш исфрлив од исхрана се што има шеќер. Резултатите на скриен шеќер ми беа по сите параметри високи , 5.7 на гладно, 12.9 по 1 ч и 9 по 2 часа.
Ти благодарам на одговорот ☺️ Да бидам искрена не е дека паничам, туку се исфрустрирав, затоа што свекрва ми е шеќераш и ја гледам како се мачи и многу сакав да го избегнам тој дел. Знам дека не е ист тој и овој шеќер ама сепак. Плус ме замисли што значи фактот што утринскиот ми е супер, па тој после гликозата ми е покачен
Тоа значи дека хормоните кои ги излачува плацентата после 24та недела го спречуваат инсулинот (што панкреасот ти го произведува) да го "реши" вишокот шеќер во крвта и да го насочи на правилните места. Ти внесуваш шеќер(во случајов глукозата), инсулин нема за да се справи со него и шеќерот си наштетува наместо да се искористи за енергија.
И јас ги имам и двата,и исто мисе има случени.Ми рекоа по плавиот новиот дасе ориентирам,мада и на иста апарат во исто време да измерам 3 пати ќеми покаже различно.
Да, и во мојата глава логиката беше дека е нешто во овој стил. Во секој случај бев на ендокринолог, засега ми рече да пробаме со исхрана, и да го мерам после оброци, па ќе видиме како ќе биде ☺️
32+5 сум денес со близнаци.Периодов некогаш многу мисе јаде благо изгледа ми паѓа некогаш шеќерот.Утринскиот знае дами биде 4.3,4.4,4.5,4,7 зависи,се боцкам по 3 единици инсулин пред доручек и ручек и после еден час после оброк мие најмногу досега бил зависи сто имам доручкувано или ручано 7.1Јадам тиква печена,крушка,јаболко смути со замрзнато овошје и протеин од сурутка.Е сега пред малце изедов банана со крем од дм го земав некој со нугат и какао.И сеа мие криво зошто јадев,а миде пријадува многу.Повеќе јадам месо,јајца ,ама еве вака некогаш неможам дасе исконтролирам
Ако не се лажам, тоа зависи од лабораторијата. На пример во Авицена се: возрасни: 3.3 - 5.9 новородени: 2.2 - 3.3 деца: 3.3 - 5.6 Мене ендокринологот ми рече дека шеќерот на гладно за трудници треба да е до 5.5
Здраво девојки. Како ви изгедаат резултативе? Ме буни тоа што на 120 мин е повисок од 60 мин. Контрола кај ендокринолог имам кон срединава на месецов па не знам дали да барам термин порано.