Многу леб и јаглехидрати многу малку протеини имаш. Заврти ги последните страници имаме пишувано идеи за оброци. Генерално правило жито лукс мавни го одма, тонус, протеински леб или кисел леб (sourdough). Појадок јајца, грчки јогурт, кашкавал, сирење леб со намаз само не. Чисто овошје за ужина двапати дневно НИКАКО. Јаболко со путер од кикирики или грчки јогурт со пола банана. Искрено мислам дека исхраната ти е проблемот ако имаш воља посвети се.
Јас 24+5 правев огт тест.Според ендокринолог ме стави на диета,според матична и димчев и гордана немам гестациски и сум ок.Ендокрикллогот не и се ризикуваше дека се близнаци,иако несе снаоѓав многу со диетата со лебни кришки.Инсулин примам 3 единици пред доручек и ручек и 8 единици пред спиење.Јадам месо,јајца и протеин сурутка пијам.Каснувам и овошје мисе јаде,ткква мисе јаде абе како лудамислиш сладолед е.Мене од леќа,грав и друго мисе крева шеќерот ама пак со терапија инсулин во граници на нормала.Е сега од кортико пркметив сабајле утринскиот 5.3 и сеа после јадење 3 пати мерам различен резултат јас тоа повеќе се нервирам дали мие точно апаратчево
Да најдеш друго апаратче да пробаш така 2 3 пати едно по друго, чисто да видеш каков резултат ќе ти даде, или ако имаш аптека еурофарм блиску, мерат таму за 50 ден. Носи го и твоето и таму со тоа нека ти мерат,баш да видиш шо ќе испадне
Имам длма и дриго апаратце едниот мери 6.5 другиот 6.0.Како и дае ке одам на контрола кај докторката па ќе видам што ќеми каже
Веќе при крај си, ама ќе ти препорачав да си земеш AcuCheck (мислам така се викаше). Јас и не мерам веќе, знам како реагирам на секое јадење и обично мерам само сабајле и после ручек само ако сум претерала со нешто. Искрено и многу ме оптеретуваше психички, па сега си пазам, а знам и да си каснам малку благо ама пешачам. Важно се е ок со бебето и плодовата вода
И пишав ми кажа да зголемам една единица од едниот инсулин.Ми кажаа дека од инекциите за зреење кесе покачи шеќерот и очекувано беше,не е премногу ама да реагирам со време.Досега све е во ред и со вода и со бебиња
Здраво девојки може доколку сака некоја од вас да ми пиши или слика план за исхрана кој што го користи и мене од денеска ми рекоја да примам инсулин уште тоа не примав сега и тоа не можам повеќе...
Ајде не се секирај, и мене на почетокот ми беше мн стресно и се изначитав се на нет. Откако почнав да мерам се уверив што ми одговара и како реагирам на исхраната, ама не примам инсулин. Јади јајца, црно/ интегрално лепче, салати, протеини, интегрални тестенини, грчки јогурт, путер од кикирики, јас пијам и јогурт, кисело млеко, си правам тодт до црно лепче и салама и кашкавал… прочитај и неколку стр наназад за да видиш другите што препорачале. Гледај со секој оброк да имаш протеини бидејќи така не се качува шеќерот.
Беше ли на ендокринологија, мене од таму ми дадоа една табела со единици, и ми рекоа по неа да се водам.. и плус инсулин, прво по 10 единици инсулин ставав 2 недели, немаше некое подобрување, сега ставам по 18, во среда сум на контрола, (после 1 месец од примање инсулин) ,па ќе видиме каков ќе биде резултатот. Тебе скриениот шеќер ти е висок, тромесечниот или обичниот ?
Јас лежев на пулмо бидејќи ми се влоши состојбата со астма и таму со апаратче ми го мереа шеќерот т.е. правеа профил и имаше скокови на гладно ми беше 5 потоа се качи на 9 и од следната ден почнаа да ме боцкат со инсулин со 12 ед. и во отпусната листа ендокринолог имаше дадено мислење т.е. терапија за дома со инсулин а и да напоменам јас сум со пцос и со терапии останав бремена и појдов и кај гин за мислење рече да почнам да примам подобро отколку бебето да било поголемо си викам ништо лошо нема да му биди од ова инсулинов Ќе можеш да ми ја сликаш таа табела што ја имаш?
Прв пат прикачувам слики,мислам дека е таман, ќе се отворат, ако не, пиши пак ќе пробам да ти ги испратам некако. И немој многу многу да се нервираш, има доста жени што ставале инсулин, нема никакви несакани последици, родиле здрави прави бебиња. После пораѓај би требало да ни се врати во нормала.
Accu check, Medisign е ужас, како некој што се боцка 100 пати на ден имам искуство. И ценовно е исто пошто со медисајн имаш само 50 ленти, а со аку чек има промо со 200 ленти.
Девојки дали се овие вредности нормални кај трудници? На гладно до 5.1 1час после ручек до 7.7 2часа после ручек до 6.6