Над граница е на 1 и 2 часа ама утринскиот ти е добар. Со храна и мерење после оброци би требало да е ок, ќе научиш што толерираш, а што не. Од леб можам да ти кажам кај мене кои се покажале ок (не сум со гестациски, ама имав инсулинска резистенција пред бременост па внимавам и сега), протеинското од ДМ, тонус и кисел леб од пекара или домашен не од жито лукс (sourdough).
Да чекам да ми пише ендокринологот па ќе видам со храна, ќе си земам протеински леб ми се дооаќа тој а јадам обично за доручек со јајца и авокадо јогурт. А од овошја сега сезонските што можам: бобичасто овошје,: замрзнати малинки боровница, тиква да видам со цимет, имам читано дека циметот добро влијае на шеќерот не дозволува висок скок, јаболко со путер од кикирики. А мандаринчиња нема да смеам нели ?
Искрено се е до комбинациите, мене мандарините не ми го креваат ваљда дека имаат доста растителни влакна или дека ги јадам после оброци.
Немам пробано со стевиа зашто ми горчи, еспресо пијам без шеќер, ама капучино правам со бадемово млеко и шугар фри сируп и сум немала скок. Имаше на bluenamad што продаваат кафе и сирупи без шеќер, имаат штандови по моловите.
Ендокринологот ми пишала ок е гестацискиот. ) а по тоа што читам е висок, на листот имам и рефернтни вредности од страна за трудници колку да се движи дали по нив се води. Кај Стефанка во Ремедика сум .
Следи си ја состојбата, јас не би ја оставила така. Референтните и во мојата лаб се до 10 на прв час и до 8.5 на втор ама после оброци правилно е до 7.8 на прв и 6.7 на втор. Не можеш да знаеш дали само на чиста глукоза така реагираш или и на оброци додека не провериш. Ако имаш опција земи апаратче мери колку ти е после оброци.
Да така се вредностите. Имам апаратче ќе купам денес ленти и ќе проверам после јадење како ќе се движи. Ептен ти благодарам
Здраво, пишувам овде бидејки оваа тема ми делува поактивна, испитував шеќер, бидејќи се здебелив малце, матичната ме прати да испитам скриен шеќер... Ми рече, дека ми се ок резултатите ама ова нели е многу до граница 5,6? Имам испитувано и на крвна слика таму ми е стандард 4ка... Ваше мислење? Почнав да пијам целер, да се движам да бидам поактивна, мислите кога би ослабела некои 6, 7кг имам вишок, овој резултат би се намалил да не е толку до граница? Не јадам мрсно, немам стресови...
На гладно ти е висок малку. 5.1 треба. Имаше повеќе од 12ч да си гладна пред да го испитуваш шеќерот?
Не прашувам за бременост, општо овака испитував... До 18 00часот јадев а сабајле околу 8 ми земаа крв
Па и онака, на граница ти е, ама сепак доктор ги видел резултатите. Не е страшно , со исхрана ваљда ќе го средиш
Сама си одговори, поради накачена тежина ти е можда, цедени сокови од зеленчук се сосема ок за шеќер ете целер е супер, физичка активност и цеден сок, килограмите се намалуваат како ништо, макар и шетање да е само дневно по 10 000 чекори