Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гестациски дијабетес/Скриен шеќер

Дискусија во 'Бременост' започната од lolyta777, 5 април 2012.

  1. Stone

    Stone Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Дали имате некои конкретни предлози за доручек ручек вечера?
    Тек следна недела сум на ендокринолог и не знам што да спремам само паника ме фаќа кога мислам и се едното исто.
    Страв ми е од јајца секој ден.
    Вртев низ страните ама многу различни мислења па не можам да се фокусирам баш на некои конкретни јадења.
     
  2. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    934
    Допаѓања:
    1.437
    Пол:
    Женски
    Ова и дале на моја пријателка со скриен шеќер во бременост од клиника.
    20240526_164414.jpg 20240526_164432.jpg 20240526_164426.jpg
     
    На Katie90 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Butterfly009

    Butterfly009 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2022
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    60
    Пол:
    Женски
    Здраво дали само и рекле на пријателката да внимава на исхрана или и дадоја и инсулин да зема ?
     
  4. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    934
    Допаѓања:
    1.437
    Пол:
    Женски
    Само да внимава со исхраната на почетокот и се стави на диета и истера до крај на бременоста мислам така со диета и го надноси почеток 41 се породи.
     
    На ray111 и Butterfly009 им се допаѓа ова.
  5. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.068
    Допаѓања:
    12.051
    Пол:
    Женски
    Се чудам што е ова што го даваат ненормалниве на клиника. Па после дијабетичарите се во хаос, наместо да им е подобро само се зголемува доза инсулин.
    Овошје пред спиење, лебови, ориз, компир... смрт за дијабетичари.
    Овде дневно сигурно има над 150 гр јаглехидрати, а оптимално за low carb и ако сака некој да постигне ефект со исхрана макс до 80 гр се оди.
     
    На Noemi му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    934
    Допаѓања:
    1.437
    Пол:
    Женски
    Мислам дека тоа што е пишано колку секое јадење содржи јаглехидрати, па да знаеш што колку да внесеш и како да искомбинираш. Во бременоста битни се јаглехидратите неможеш да ги исклучиш скроз. Треба само придржување.
     
  7. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.302
    Допаѓања:
    8.715
    Абе не треба да се исклучуваат јаглехидратите да, ама овошка пред спиење и 2 парчиња леб како ќе те разјадува нема око да склопиш. Во неколку наврати е коментирана листава, има многу достапна информација на интернет, идеи за оброци бесконечно, за жал многумина сакаат соџвакано. Јас да се хранам по листава ќе добијам дијабет и вечно гладна ќе сум. Доручек леб путер мармалад и млеко, протеини 5грама преку сила.(facepalm)
     
    На thinkerbell му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Stone

    Stone Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    А што е лошо во соџвакано?
    Еве јас 3 дена се мачам по интернет со менија бидејќи следна недела сум дури на лекар.
    Покрај цел хаос и стрес јас се извинувам што барам помош некој што го поминува истото да ми даде конкретно инфо.
    Како што гледаш многу различни информации и од болница и по интернет има.Не би се водела само по тоа што на интернет и во Америка го прават.
     
  9. Stone

    Stone Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    И патем нема милион оброци по интернет.
    Еве освен јајца за доручек или грчки јогурт со бобинки тешко се наоѓа нешто.
    Овес некои велат дека го дига шеќерот други не.
    Валјда затоа е и форумот да се сподели информации и да се помогне
     
  10. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.302
    Допаѓања:
    8.715
    Има 278 страни во темава, има менија од жени со гестациски во дневно мени за трудници од 2021/2, има апарат со кој ќе мериш на која храна како реагираш, има милион едукативни видеа за тоа кои јаглехидрати се добри кои не баш. Ако завртеше 5 страни наназад само јас имам пишано 20 мислења во врска со храна.

    За појадок имаш милион опции а да не се јајца (макар што јајцата се многу потребни во бременоста прочитај за холинот од жолчките) , тонус/протеински леб со зеленчукови намази, хумус, крем сирење, кашкавал, сирење, зеленчук, маслинки, домашна паштета од туна.
    Грчки со гранола, протеинско смути, протеински пудинг со јатки и овошка, мармалад без шеќер на протеинско лебче, салати и меса за ручек, сите варива, грашок, боранија, леќа, грав, брокула. Крем супи од зеленчук со млечна павлака и пармезан, итн итн итн.

    Јас не знам колку по соџвакано очекуваш, никој без пари нема да седне да ти направи мени според твоите желби, за тоа си има нутриционисти.
     
  11. Stone

    Stone Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Па тебе тоа ли ти е проблем што без пари сум пишала во тема?Па времето што го потроши да пишуваш се ова ќе одговореше на моето првично прашање.
    И баш ако те интересира не 5 туку 50 страни наназад отидов.
    Не користам ни апарат ниту ништо,како што пишав пред 3 дена дознав дека имам скриен шеќер и паниката сама си го има направено своето.
    Ако прочиташ поубаво што сум пишала ќе видиш дека прашувам со загриженост дали е во ред да се јадат јајца секој ден.Баш поради тоа што секој трет различно пишувал.
    И еве бидејќи си стручна ,веќе ми нагласиле дека сирење и крем сирење не треба да се внесува.Протеинско смути е полно со шеќери по продавници,леќа и грашок манџи нели се спремаат со компир кој не треба да се внесува?Ете гледаш колку е просто некој што прв пат поминува низ ова да се збуни?
    Абе ако не сакате да одговорите на прашање може само да ќутите.
    Форумот е бесплатен и има и луѓе кои го поминале овој стрес па не им е проблем да им СОЏВАКААТ на други.
    Ама ете бе Македонче ,наместо да помогне и смири прво ќе пројаде гомна дека без пари каде.

    Фала ти што одвои време драгоцено да ми дадеш идеи,ми помогнаа.Ако треба пари да ти пуштам кажи ми трансакциска.
     
    На arwen93 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.302
    Допаѓања:
    8.715
    Боже боже, смири се ќе качиш шеќер од расправање.
    Кој ти кажал дека не смее сирење и крем сирење? Каде пишува дека се спрема манџа со компир по дифолт? Од каде дека има шеќер во протеинско смути? Е нема да земаш од продавница дома ќе си спремаш, од бобичасто овошје, протеин во прав и грчки, како и сите други со гестациски. Нема секој ден деливери, повише на готвење е.

    Со овој дрзок став не заслужуваш ни тоа што ти го пишав погоре, а идеи имаш за 2 неделно мени само од тој пост. Секого маката го натерала да пробува што му одговара, а што не. А "македончето" си апсолутно ти во случајов што си неблагодарна на целата информација по темава.
     
  13. Stone

    Stone Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Никој не те прозвал за да мораш да одговориш,ти си таа што одма се најде увредена дека некој побарал да му соџвакаат за на крај истото да го направиш нели?
    Ете гледаш колку е лесно од интернет да се збуниш од информации ?
    За сирење и крем сир човек кој што има дијабетис цел живот
    Манџа цел живот сум ја правела со компир,може не знам поинаку.Ама најлесно е да се препукава човек наместо да си помисли како му е на некој што прочитал 2000 информации па сака да спореди со други што јадат.
    Јас бев доволно културна да ти се заблагодарам за бесплатните одговори,и те молам твоите да завршат тука за моите прашања.
     
    На arwen93 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.068
    Допаѓања:
    12.051
    Пол:
    Женски
    @Stone јас па грашок и леќа никогаш во живот не сум правела со компир. Грашок секогаш со месо, кромид, морков, леќа со кромид,лук, пиперка евентуално. За да згусне земам дел од леќата, кромид свеж, пиперка и во блендет како каша и враќам во тенџере.
    За доручек освен јајца во сите форми, правам палачинки со црвена леќа, хељда, спанаќ, јајце и псилиум. Правам повеќе и мрзнам за да не се заебавам.
    Правам лепчиња од црвена леќа, сода и јаболков оцет.
    Барем денес е лесно, гугл се ни наоѓа. Ќе почнеш со храна со низок гликемиски индекс. Тоа се мал милион работи, само гугл ти треба и малку логика на нештата за да поврзеш.
    И без грицкања, особено не навечер. А па овошје навечер никако.
    Последниве неколку недели си правам и јас грешки, свесно, некако телово ми има потреба некогаш од рафиниран шеќер. Ама тоа е секогаш после многу салата и протеински оброк за да не рокне шеќерот нагло.
    И еве глукозава во бременост ми е секогаш под 4, тромесечен ми е 4.5. Ќе видам и скриен наредната недела.
    И никој тука не вика да се исклучат скроз јаглехидратите, ама има разлика од јаглехидрат од леќа, грав, спанаќ до јаглехидрат од колачи, ѓевреци, бели теста па и компир и ориз.
    Последниве две години сфатив дека оваа исхрана е баш наука и никој освен самата ти нема да ти помогне.
    Па побогу кој користи во светов лебни единици се уште? Кој во исхрана за дијабетичари става интегрален леб( исто срања прави како обичен бел), компир, ориз секој ден.
    И недијабетичар во најмала рака ир ќе добие.
    Ај смирено само, никој тука ништо лошо не ти кажува и мисли.
     
    На Stone му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Stone

    Stone Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски

    Дали тонус леб е во ред?Не сум некој готвач и секогаш манџи со компир сум си ги правела за да не користам запршка.
    Дали ајвар понекогаш за доручек,паштета е во ред ?Туна ми е тешко да јадам а немам избори баш.Навечер не јадам овошје ама ручек ми е накај 17 часот,потоа огладнувам и не знам кога што да јадам.Навечер салата ми е кисело па тешко.Ми фали да се најадам некако се што јадам не се осеќам најадено и само ме фрустрира тоа повеќе
     
  16. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    934
    Допаѓања:
    1.437
    Пол:
    Женски
    Stone, пријателкава правеше интегрален леб и пример по една кришка на секое јадење , пример мусака со булгур мелено месо и тиквици, месо нормално било кое, риба со булгур i печурки како рижото а не се осеќа дека не е ориз, можеш двопек со крем сир, хумус ако јадеш. Можеш сарма со булгур. Овошје нормално дека можеш едно во денот пример јаболко портокал.. Немора банана да е. Јајца во сите форми ете тоа више јадеш. Ако ми текне друго нешто ќе ти пишам. Поздрав и релакс не се плаши многу трудници имаат не е страшно.

    П. С Незнам само што е со вака понашање девојката е исплашена и океј е тоа што побара совет. Релакс на сите.
     
    Последна измена: 24 ноември 2024
    На Stone му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Stone

    Stone Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу ми значи навистина.
     
  18. Unno

    Unno Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2021
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Пиши ми лп, ќе пробам да ти пратам леток со информации и предолзи за оброк, што ми ги дадоа овде.
     
    На Stone му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Stone

    Stone Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Кажи ми булгур е поразлично од ориз и смее количински да се јаде?До сега не сум користела не знам ни што е
     
  20. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    934
    Допаѓања:
    1.437
    Пол:
    Женски
    Булгурот е вид на жито со ниска гликемиска вредност во една чаша 100г имаш околу 27-30 г јаглехидрати исто бабри како оризот така да најадува ( кога го јадеш немора леб иди со него и месо и салата) и за ручек како опција ти е супер, можеш и како салата со краставица домат фета сирење маслинки да си направиш. Вкус незнам измегу пченица и ориз така нешто ама вкусен
     
    На Stone му/ѝ се допаѓа ова.