Еве една идеја за лепче, сега го правев за прв пат и превкусно е. Си има протеини, влакна како што треба. Малку зелениш, можеби јајце, намаз и спремен доручек. 180 гр црвена леќа (киснета неколку саати) 2 јајца поголеми (јас ставив 3 ептен ситни) 100 гр грчки јогурт Сол Пола лажичка лук во прав 20 мл маслиново масло Пармезан 30 гр Пециво околу 10 гр Ова се се бленда да се добие мазна смеса Отпосле додадов една убаво полна супена лажица псилиум, затоа што ми беше реткичко. Во калапче на хартија и во рерна на 180 околу 35 мин го печев. Превкусно е, не јадам вака касно, ама морав да го пробам додека чуреше.
здраво женски , денес испитав скриен шекер во синлаб со 2 боцкања. На гладно ми беше 5.50 па после 2 саати 11.80. Во сабота имам закажона контрола да видам што ке ми каже докторката ама баш се загрижив. Иначе 32+4 сум.
Кога последно може да се јаде предходниот ден пред да се испита скриен шеќер? Колку часа треба да има поминато од внесување на храна до испитувањето? И колку боцкања има две или три. Треба да испитам па да си бидам спремна
Здраво девојки Кога правевте тест за гестациски дијабетес? Во која недела? Читав дека обично се прави измеѓу 24та до 28ма недела но мене ми закажаа во 21ва недела. Дали можеби има некоја причина зошто порано? Матичната не ми кажа ништо…
Многу рано ти закажала, да не се сомнева поради плодова вода/големина на плод/висока гликемија на редовна крвна слика? Се прави после 24та недела, затоа што плацентата тогаш почнува да делува на усвојувањето на инсулинот и јасно се гледа дали предизвикува дијабет или не. Направи си со 3 боцкања на приватно во државна лаб прават со 2 боцкања најчесто на 0 и 2часа, направи си на 0, 1 и 2, ама барем 25та да влезеш за да не добиеш лажен резултат па да треба да го повторуваш. По којзнае кој пат се покажува дека матичните немаат појма
И мене ми даде упат да проверам за наредната недела кога ќе одам на контрола да го носам, а во моментов сум 20+2 исто ќе ми биде рано. Јас мислев дека е во ред ама изгледа нема да биде во ред. Само стресови значи
The insulin resistance from the contra-insulin hormones produced by the placenta does not usually occur until approximately the 24th week. Women with gestational diabetes mellitus generally have normal blood sugar levels during the critical first trimester. Девојки побунете си се кај матичните доволно е гаден тестот за 2 пати да го правите, може сеа да е ок, после во 28ма да покаже друго и одново да го правите.
Фала за информацијата. Ќе се јавам кај матичната сега, недај боже ќе даде погрешен резултат па ќе ми дадат и терапија од нигде никаде. Понеделник имам контрола кај ивф докторот ќе се консултирам и со него. Ви благодарам
Женче, кога те читам тебе да ти кажам искрено ти се восхитувам на знаењето и познавањето на многу работи околу бременост, храна и сл. Доста работи научив од тебе да знаеш. Јас го правев во 26та недела тестот и резултатите беа супер, се надевам тогаш е веродостоен резултатот? На крвна слика секој месец гликемијата секогаш ми била супер.
Фала ти. Имав сериозна инсулинска резистенција пред да забременам што ми ги стопираше овулациите покрај која доста научив зашто ендокринологот освен да препише метформин друго ништо не ми кажуваше. Бев на штрек дали ќе имам гестациски мерев, внимавав и многу се едуцирав, испадна да немам и покрај инсулинската пред тоа. Штом ти е ок тестот на 26та уживај, јас во 25та+ го правев, а тука сме со термини. И гликемијата месечно ќе покаже ако има нешто.
Се јавив кај матичната денес бидејќи ми даде упат за скриен шеќер а јас сум 20+3, еве и наредната недела да проверам пак ќе биде рано. Сестрата ме откачи со ма нема врска тоа провери сега Утре ќе одам во лабораторија да прашам дали може друг ден да испитам скриен шеќер пошто крвна слика морам да испитам во петок за понеделник да ја носам ск имам контрола кај ивф докторот ми треба за таму, а ова за скриен шеќер ми е само ливче захевтано на упатот. Барав да ми пушти упат за уринокултура на микробиологија па зошто ми била па шо мака сум имала, па да ја прашала докторката ќе видела. Јас стварно не знам што им е на матичните.
Не знам за каде ти има дадено, ама еден месец важат упатите, не мора утре да направиш, таман таму во 24 недела. Рано ти е сега, нема поента во 20 недела да го правиш.
И јас се јавив да прашам зошто толку рано ми закажа ми рече можело од 20та недела до 28ма да се испитува тоа. Јас ја прашав дали порано ми закажавте дека сум можеби висок ризик рече не, не си.
Упатот ми е даден уште на предходниот преглед кога бев има веќе поминато три недели, а ми бара да го носам за ова контрола сега наредната недела. Овде читам дека после 24та недела треба.
Мене не ми даде никакво образложение освен нема врска тоа провери (сестрата) ми кажа. Ќе проверам па ќе видиме. Иако самата докторка на почетокот на бременоста на првиот преглед ми даде листа со кои испитувања се прават во бременоста и таму си пишува од 24 недела скриен шеќер. Како ни велат така правиме, колку е исправно не знам, не сум паметна веќе.
Не е исправно нема да добиеш реален резултат, а самото испитување е мачно. Скокни го сега и напрај си го после 24та, што може да ти направи, да не те искара случајно. Нека ти покаже по кој правилник она се води што дава испитување 1 месец порано од правилното. Абе стварно се да си ги скинат дипломите, попрво злато ќе ископаш од добар матичен гинеколог да најдеш
Не планирам да го испитам сега, зошто малтретирање кога ќе добијам невалиден резултат. Секако одам еднаш месечно на преглед ќе испитам за нареден месец кога ќе одам. Да не ме отпише од пациент случајно. Исто ме прати да испитам хепатит 2 иако резултатите беа негативни, па среќа блиска сум со докторката од микробиологија каде што се испитува и ми рече гарантирано е негативен, ако е позитивен ќе излезе дали е позитивен херпес 1 или 2. А она ме праќаше ск, среќа овде баш една членка пиша дека нема реагенси, друга дека потполно ист резултат даваат како тој што го имам. Бог да чува се значи. Само не вадат од памет и ствараат проблеми кај што ги нема.