Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гестациски дијабетес/Скриен шеќер

Дискусија во 'Бременост' започната од lolyta777, 5 април 2012.

  1. Butterfly009

    Butterfly009 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2022
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    60
    Пол:
    Женски
    Уште ова да те прашам од кога си на терапија т.е. од која недела ? Јас дојдов до 28 од 26 некаде почна да скока шеќерот и бев на ендокринолог минатава недела и ми даде метформин сега ќе почнам да го примам па ќе видиме резултати..
    а претходно во ск лежев на клиника и тогаш бев 19г.н тогаш ми мереа преку прст и беа само малку покачени и при такви малку покачени вредности ми дадоја инсулин ама изгледа дека од него ми паѓаше шеќерот па имав такихардија
    до сега се е во ред
    и со бебе и со вода со се е во ред ама јас имам и пцос и др ми рече дека таквите јајници го забавувале растот на бебе а шеќерот го забрзувал а кај мене дека сум ги имала и двете затоа досега се било во нормала ама пусти страв...
     
  2. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.225
    Допаѓања:
    7.340
    Јас за жал си го носам од претходна бременост, околу 2ипол години, и зошто ми беше нетретиран некое време, ми премина во дијабетес тип 2, па цело време бев на терапија, метформин, па семаглутид, и сега пак на метформин како побезбедно во бременост. Проблеми со пцос или циклус никогаш не сум имала, секогаш точно на ден, никогаш задоцнето, проблеми со хормони немам.

    Мене инсулинот ми беше многу висок, 170 после оптоварување, а на гладно околу 30, и стварно ама стварно треба режим и терапија.

    Бебе ми е 2 недели понапред ама докторите што ме следат викаат дека не забележале карактеристики на дете со мајка дијабетичар, искрено не знам што мислат со тоа ама ме тешат.

    Дополнително и јас сум со тахикардија па земам верапамил, не знам дали е од шеќерот или од самата бременост.

    Мислам дека немаш потреба за паника воопшто ама да се придржуваш до терапијата и соодветна исхрана.
     
    На Butterfly009 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tuti_fruti

    tuti_fruti Активен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2024
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Здравоо, дали 23+3 е многу рано за испитување на скриен шеќер?
     
  4. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.525
    Допаѓања:
    17.253
    Дали треба уште еднаш да испитам? Чудно ми е што после глукозата толку ми паднал, очекував да се качи.
    Матичната не ми враќа, а преглед имам во петок закажано. IMG_20250108_134432.jpg
     
  5. ray111

    ray111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2016
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    377
    Пол:
    Женски
    Мируваше на едно место после пиење?
     
  6. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.525
    Допаѓања:
    17.253
    Да, станав само до тоалет.
     
  7. ray111

    ray111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2016
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    377
    Пол:
    Женски
    Малку збунувачко е второто мерење, ниско е и за обично мерење тоа а не после глукоза, мислам дека ќе треба да се повтори, ама најубаво матичниот ќе ти каже
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  8. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.068
    Допаѓања:
    12.049
    Пол:
    Женски
    Ова е реактивна хипогликемија. Се случува некогаш и без причина. Како ти е глукозата претходно на крвни слики?
    Резултатов ти е ок, иако 4.8 стартна глукоза веќе е накај горна граница. Идеално од досегашно искуство би било околу 4.
    Повнимавај малку на исхрана, повеќе протеини и зелениши и ќе видиш како ќе биде.
    Не верувам дека ќе ти дадат пак да го правиш тестов, големо оптеретување е за организмот, ама ќе си ја следиш глукозата цело време.
    Која недела си?
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Trudnica

    Trudnica Активен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2023
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    41
    Здраво, после колку време од породување направивте анализа за шеќерот, и каква ?
    Јас бев со гестациски дијабет, примав инсулин, откако се породив пред една недела, истата ден го прекинав инсулинот, резултатите пред јадење и 1 час по јадење ми беа во граница додека бев во болница тие 5 дена, сега дома не го мерам. Како треба да постапам, ако има некоја со слично искуство, да пиши
     
    На Besbes24 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.525
    Допаѓања:
    17.253
    25 почна денес.
    Матичната ми врати дека ќе ме пратат на консултација как ендокринолог.
     
  11. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.525
    Допаѓања:
    17.253
    Од почеток на бременост 4.2-4.8 варира.
    До сега не ми кажале ништо за него дека е висок, најверојатно го сметаат за нормален.
     
  12. Alicee

    Alicee Нов член

    Се зачлени на:
    30 септември 2024
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво, јас сум 24+ гн . Денес бев на преглед кај гинекологот, ми кажа дека бебето е две недели понапред , поголемо. До сега си беше во граници на нормала. Утре ќе одам да испитам скриен шеќер. Дали некоја имала вакво искуство слично. Некако цел ден сум во мисла пред да идам утре на проверка за скриен шеќер.
     
  13. juice_

    juice_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2021
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    955
    Не знам за после еден час резултатот, ама тој на гладно е одличен.
    Јас цела бременост и мерев и одев кај ендокринолог и од искуство кажувам. Границата е до 5.1 така да за 4.8 на гладно не верувам нешто да ти кажат да превземеш. Ако те праќа матичната на ендокринолог за резултатот по еден час, топло ја препорачувам Билјана. Одлична докторка, ептен посветена.
     
    На Калатеа и pamelche им се допаѓа ова.
  14. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.525
    Допаѓања:
    17.253
    Дали др. Билјана е на клиника или приватно?
     
  15. An43

    An43 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Дали некој знае во Битола во кој оддел од болницатасе испитува скриениот шеќер, каде треба да одам во која просторија. Исто и дали е добро да се прави и приватнп или веродостојно е и на државно
     
  16. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    426
    На тестот за скриен шеќер кој го правев во 24 недела се си беше во ред и од тогаш на обичните едномесечни крвни слики глукозата ми беше до околу 4.8. Денес правев и ми е 5.2:^) 32 недела сум. Имам ли простор за паника? И го пратив резултатот на матичната ама уште немам одговор
     
  17. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    5.101
    Допаѓања:
    8.661
    Пол:
    Женски
    Колку време не беше јадена пред да правиш крвна слика?
     
  18. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    426
    Па утрото ништо не бев јадена, баш благо шеќер последно јадев попладнето накај 6-7, а после накај 10-11 вечерта малку смоки и солени бадеми. Не верувам дека од нив може да ми се поткачи?
     
  19. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.071
    Допаѓања:
    179.030
    Пол:
    Женски
    Леле. :sweat:
    Трета бременост уредна и прв пат имам шеќер. И јас многу висок. 162. На краток тест со пиење гликоза и една боцка по саат време. Во среда сум на дијабетолог и ќе го правам долгото тестирање со 3 боцкања.
    Никогаш сум немала проблем со шеќер и ова многу ме вознемири. Не бев сигурна дали го прочитав резултатот правилно, ама сеа те прочитав тебе и значи толку е. Значи не ми е само покачен, туку е многу качен. :| Не верувам дека ќе добијам нешто многу различни резултати, ама сум извадена од памет. Да не знаеш во кој случај покрај диета, треба да земам и дополнително терапија? И што значи ова за бебето? Дали е индикација да се вади порано можда? Немам искуство и стварно ништо не знам околу оваа состојба во бременост.
     
  20. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    5.101
    Допаѓања:
    8.661
    Пол:
    Женски
    Ама не се качува шеќер од благо само. Кога правиш тестирање, 12 часа треба да не си јаден. Од тоа што си јадела касно ти е.
     
    На ray111 му/ѝ се допаѓа ова.