Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гестациски дијабетес/Скриен шеќер

Дискусија во 'Бременост' започната од lolyta777, 5 април 2012.

  1. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    426
    Охх се надевам, фала ти:l:
    Ќе си пазам за следен пат баш ништо да не јадам вечерта пред крвна слика. Сега ми текна дела и швепс пиев пред спиење|(
     
  2. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.225
    Допаѓања:
    7.340
    Уф, жал ми е. Колку ти е шеќерот на гладно и после 1 час?

    Висок е инсулинот дефинитивно, мислам дека ќе те стават на терапија - е сега знам дека си во Германија па искрено освен метформин не знам дали имаат и друг лек.

    Искрено околу последици јас не прашав и не читав - главно за да не се паничам затоа што на гугл свашта ќе искочи свесна сум. Со регулирање се средува, имаш време мислам. Матичниот еднаш почна да ми објаснува дека бебето може да е доста поголемо, дека може проблем со исхрана да има после односно да не му е доволно млекото па да треба АД, ама искрено не истражував од причина што нема потреба дополнително да мислам што би било кога би било.

    Еве мене последниве 2 месеци ми е пак покачен, од моја лична неодговорност, работа, дете дома и не се посветив на готвење туку бутав што можам, ама и покрај тоа бебе е ок и е понапредно само 6 дена, што реално не е некој показател за проблемот.

    И на последниов преглед ми кажаа дека воопшто не личи за бебе на мајка дијабетичар, веројатно има некои показатели што се гледаат на прегледот.

    За тебе лично е лошо, слабее срце, може да имаш напади на глад, од хипогликемијата да дојдеш до степен несвестица итн, ама тврдам дека храната е огромен фактор и се може да се избегне.

    Кога разговарав со докторката, прашав дали дијабетесот е индикација за втор царски рече не, воопшто, индикција е само прв царски, и ако сакам јас може да пробаме природно.

    Единствено на пораѓај ќе му земат крв на бебе да не е шеќерот многу низок (од терапијата можело да се случи тоа), и да реагираат соодветно и тоа е тоа.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.071
    Допаѓања:
    179.030
    Пол:
    Женски
    Немам мерено на гладно. Овде прават на гинеколог краток тест. Тоа вклучува пиење гликоза и мерење шеќер по еден саат. Само едно боцкање. Па ако покаже изместени вредности праќаат на дијабетолог и таму ќе го правам тој со 3 мерења тек во среда наредна.

    Со второто дете очекував покачен шеќер. Бевме тазе преселени, стрес, не ми беа стасани уште фрижидерот и опрема за готвење, па јадев поише тестенини и се дуев со кока кола, а добив нормални вредности. Сега се припазував, не толку поради шеќерот колку што сум поправена и ми смета. Ми доцнеа и со резултати. Тестот го правев на 17ти Декември. Пред празниците, а тек минатата недела ми стаса писмо дома. Во суштина не кажуваат резултати за ништо кога се е во ред, освен ако нешто треба дополнително испитување и само што го видов писмото дома ми се стемни.

    Не беше конкретно резултатот туку дека шеќерот е покачен и мора да се провери пак. Вчера бев на редовна контрола на гинеколог, не можеа да ми го најдат резултатот од лабараторија, па сестрата ми испечати само извештај со мои податоци, кога е праен тестот бла бла бла и стои 50 мл гликоза и другата единствена бројка беше 162. Ама ај си викам сигурно не е можно толку висок да е шеќерот. Дур не те прочитав тебе, значи може. И толку ми е, си пишува ама не се разбирам во овие работи и се си мислев да не е грешка. :tmi:

    Бебе од почеток се води за помало цела недела и до сега е цело време според неделите. Вчера имав мерење цервикс и ехо и беше се ок. Е сега докторот го измери кило и скоро 300 грама и му велам големо е, ми рече не е големо таман е за неделата. Од вчера сум 28ма. И првиот син ми беше поголемо бебе за разлика од ќерката, и сега не ме држи место ќе земам да споредувам мерки.

    Никогаш сум немала шеќер, праев и обична крвна слика неколку пати никогаш не даде изместени резултати, ова стварно ме шокира. А беше пред празници кога и припазував. Тек за празнициве се опуштив и си дозволив поише благо, сега веќе не очекувам на второво тестирање некоја голема разлика. :doh:

    едит. Последниве 2 недели се будам ноќе ме мава несоница, ми е тешко да најдам позиција и осеќам многу глад. Прв пат вака ми се дешава да се будам ноќе гладна. Не вечерувам, ама во суштина никогаш не вечерувам. И баш ми беше чудно, ама ај пробав да си објаснам со трудна, хормонална па ај се е можно. Ама ете, можело и поради тоа да е, никогаш немаше ни да претпоставам. :doh:
     
  4. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    1.420
    @Yowannty Дали јадеше пред тестот и што ? Прво тука се прави краток тест со оптоварување од 50 гр глукоза. Доручекот пред овој тест е дозволен.
    Нормална вредност е до 135.

    Вториот тест е со 75 гр глукоза и дава подобри информации, само дека чини повеќе пари здравствената каса го форсира првиот. Се гледа шеќерот колку е на гладно и после 1 час па после 2 часа.
    Не паничи пред време. Може и да да излезе се супер со вториот тест.
     
    Последна измена: 15 јануари 2025
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.244
    Допаѓања:
    46.577
    Пол:
    Женски
    Јас имав гестациски во двете бремености.
    Во првата само со диета поминав, секој ден по 6 пати се боцкав( пред и после секое јадење) и во календарче запишував што јадев и колку е вредноста.
    Секој месец имав разговор со дијабетолог и ги гледаше вредностите. Успеав да бидам под 140 после јадење и не ми даде да се боцкам инсулин.( секоја вресност над 140 ја сметаа за индикација за инсулин)
    Во втората , последните месеци до крај, бев во болница и таму дирекно ми дадоја инсулин да се боцкам.
    Не е до јадењето и стресот колку што е до самата плацента што притиска на панкреасот.
    Вака мене ми беше објаснето тогаш.
    Во секој случај, не плаши се, има многу трудници што минуваат низ истото.
    Само дисциплина и се ќе биде во ред и се надевам дека следниот тест ќе покаже поинаку.
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Jadranka@98

    Jadranka@98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2020
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Здраво, 28 недела сум,вчера бев на контрола се е во ред само бебето ми е напредно со 7-8 дена.
    Кога испитував скриен шеќер во 25 недела вредностите ми беа 4.6 на гладно,9.1 после 1час, 6,3 после 2часа со тоа што тогаш докторката ми речи да внимавам на храната и благото оти ми е на висока граница.
    Е сега после вчерашниот преглед поради тоа што е напредно со 7-8 дена ми кажа да направиме и профил на шеќер со тоа што да ми земат крв на гладно па да јадам нешто благо(леб со еурокрем или мармалад) па после 60мин да проверам пак па да виде како е состојбата за да не проверувам пак скриен шеќер
    Дали некој испитувал вака или има слично искуство да сподели
    Фала ви
     
  7. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.071
    Допаѓања:
    179.030
    Пол:
    Женски
    Јадев. Уште за претходната бременост ми рекоа да си доручкам само да не биде тоа нешто благо или солено од типот на фета. На интернет читав дека најдобро е да се внесат протеини. Па така претходниот пат и сега јадев мало парче леб од цело зрно и тврдо варено јајце. Со тоа што овој пат јајцето го варев од вечер и не беше убаво сварено сабајлето па не го изедов, место тоа намачкав путер на лепчето.

    Па.. мене бројкава од 162 стварно ме исплаши, пошто нормалните вредности ги замислувам до 10-11 :tmi: И во еден момент си мислев да не заборавиле да стаат запирка после 16. :bandit:
     
  8. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.244
    Допаѓања:
    46.577
    Пол:
    Женски
    Тука единиците поинакви се.
    Пр. 100mg/dl<5,6 mmol/l

    Значи 160 mg \dl=8,9 mmol\l
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.071
    Допаѓања:
    179.030
    Пол:
    Женски
    Мене ми е останато во сеќавање од минатиот пат, не ми дадоа никакви резултати, па сама го прашав гинекологот за дали шеќерот ми е добар. И тој отвори кај мене во архива и ми рече ок е шеќерот и ми кажа некоја бројка мислам 5.9 или 5.1 ми рече не памтам баш. Затоа и ми дојде шок кога видов 162 на извештај. Ми се виде огромна разлика. Ама ете може само во различни вредности да ми е кажано. :bandit:
     
    На Kasiopaja221 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.225
    Допаѓања:
    7.340
    Сега читам мерки, мислев дека тебе инсулинот ти го мереле па затоа таа бројка.
    Мене ми е инсулинот толку, не шеќерот, шеќерот каша попара е ама над 7 ми беше на гладно, 12 после 1 час мислам.

    После еден час треба да е до максимум 7.8, тебе ти е повисок ама мислам дека нема да ти дадат терапија туку само придржување на исхрана, ама ова е пракса за Мк, не знам дали имаат поинаква кај вас.
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  11. alb

    alb Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2023
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    41
    Пол:
    Женски
    Zdravo , da ve prasam vie sto imate g.seker dali ste pravele tromesecen kakvi vi bile rez
     
  12. Trudnica

    Trudnica Активен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2023
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    41
    Еве да ви споделам мое искуство на оваа тема, знам дека на вас што ви е дијагностициран гест.д сте исплашени и имате милион прашања. Во 24та недела ми открија гестациски дијабетес, почнав со диета,но тешко ми одеше, од 28ма недела почнав со инсулин, ставав до крај. Се породив пред 12 дена, фала богу, се е во ред и со мене и со бебето. Така да не се паничете,не е толку страшно и да е малку покачен шеќерот,нема ништо да се случи. Инаку кај мене бебето уште од почетокот беше за една недела понапред и така и си остана до крај.
    Кај мене,претходно имам пишано, беше висок резултатот на гладно, ми се покачи до кај 6.9. Тромесечен правев, тој резултат беше одличен.
     
    На alb му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Butterfly009

    Butterfly009 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2022
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    60
    Пол:
    Женски
    Кој инсулин го користеше тресиба или друг некој и колку единици ?
    Фала
     
  14. Trudnica

    Trudnica Активен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2023
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    41
    Тресиба, почнав со 10 единици, полека зголемував, до 26 стигнав
     
    На Butterfly009 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Trudnica

    Trudnica Активен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2023
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    41
    Во 39та недела се породив, заборавив да пишам
     
    На Butterfly009 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    1.420
    Види на на линкот.Опишани се тестовите и вредностите. Различни се мерните единици.

    https://www.google.co.uk/url?sa=t&s...0QFnoECB8QBQ&usg=AOvVaw2Jxdqf4gnFY6dBk85YuD8-
     
  17. Iva.T

    Iva.T Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    653
    Допаѓања:
    1.237
    Во синлаб испитуваат скриен шеќер?
    За авицена ми рекоа дека треба да се најави еден ден порано
     
  18. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.225
    Допаѓања:
    7.340
    @Trudnica од каде го земаше инсулинот Тресиба?
    И мене ми препишаа сега, најдов во Систина ама ме интересира и на друго место да не го има.
     
  19. emal21

    emal21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2023
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    Да,од 7 до 9 треба да отидеш,со 3 боцкања на приватно ти е 620ден,вчера бев.
     
    На Iva.T му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mimics

    Mimics Активен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2022
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    31
    Ова испитување не треба да биде задолжително, мора со претходни индикации. Многу е напорно!