Три пати најдобро. Прво на гладно, после еден час и после два часа. А постапката. Те боцкаат на гладно, најдобро 10+ саати предходно да немаш јадено. Ти даваат раствор да пиеш и ти мерат, после еден час и после два. За време на текстот треба да си во мирување. Да седиш на некое столче. Не треба да јадеш и пиеш ништо друго. Значи земи си книга или цела батерија на телефон. Пробај да не се нервираш и да не разговараш со некој кој те нервира во меѓувреме . Мислам ова последното сериозно ми ги избрка резулатите еднаш.
Интегрални макарони смее да се јаде? Ако смее би направила со хопла и печурки или само така варени со сиренце. Немој да ме карате ако грешам, незнам...
100гр макарони со една туна, сирење, краставица, патлиџан, маслинки, маслиново и зачини - како паста салата. Или 100гр макарони со едно солидно парче стек, зелена салата со оцет пред тоа. Или макарони со болоњезе и пармезан, ама квалитетно болоњезе со телешко ти да си го спремиш, не од тегла. 100гр макарони ќе измериш пред варење. Чисти макарони со хопла не. Макарони и парче сирење само не. Макарони од ДМ од наут или црвена леќа пробај, нема некоја разлика во вкусот, а за разлика од интегралните имаат плус протеини.
Ќе пробам нешто некако да комбинирам. Јас ја имам од ана стојанова програмата. Можам некое рецептче и од таму да извлечам. Со таа диета мн ослабев за нецели 2 месеци Сега не ми е за слабеење, сега да се среди шеќерчево Има таму и доста здрави слатки Уште ова да те прашам. Дали може овес 30 гр со малку млеко пола банана, лажиче мед ,неколку малини и коцка црно чоколадо?
Не, чисти јаглехидрати ти е тој доручек. Јајца во секаков вид, грчки јогурт, тонус со крем сирење некое месце и кашкавал, краставица, домат. Од храната ти се крева толку тебе, сега гледам. Сладок доручек заборави некое време. Ако мнооооогу сакаш овес, 2 лажици со една доза протеин некој(имаш во ДМ исто) лажиче какао и вода свари го. Чист овес па и мед па и чоколадо никако. Ручекот што си го постирала е ок.
Jas stvarno nemam idea kako bi mozela da go simnam utrinskiov. Od 5.2 do 5.5 se dvizi. Vnimavam na ishrana.... posle jadenje OK mi e. Ama so utrinskiov nz sto ke se pravi...
За скриен шеќер како ве боцкаат од вена или од прст? Мене ми мереа на обично апаратче оние за шеќер од прст. Имав и упат за крвна слика па ме боцнаа прво од вена. После тоа од прст ми проверија и два часа после гликозата, пак ме боцнаа од прст. И според вредностите од лабораторијата мене ми се малку покачени и пишува можен дијабетес. Има три графи едната е Нормален, едната Можен и последната е Дијабетес. Јас цело време си внимавам на исхраната. Да напоменам дека и мм си провери скриен кај него пак вредноста на гладно и после два часа беше иста. На нет читав дека се проверува од вена, а не од прст. Како ви проверува вас скриен?
Секогаш од вена. И мислам дека е поправилно од вена да се земе крв ..Од прст ме боцнале само два пати и тоа за железо.
И јас баш читав дека треба од вена и прашав нема да ме боцнете од вена рече не само од прст. Мене искрено ова не ми е баш веродостојно од прст, посебно тоа што неколку пати смени лентичка оти имаше нешто проблем со апаратчето.
Здраво, дали некој знае за во Avicena дали испитување скриен шеќер може да се закаже во сабота и дали има можност да се лежи во нивните простории (на bed rest сум и забрането ми е седење од доктор -особено не со часови)? Во Biotec ми рекоа само преку недела можело. Благодарам
Јави се прашај кај нив директно секако е со претходна најава испитувањето посекако мораш да се јавиш.Јас и девојките што беа тој ден седевме на фотелји и столови и имаше прилично гужва искрено.
Eve me mene pak, da si se pozalam Neznam sto da pravam so secerov. Posle jadenje mi e pod kontrola, do 8 (vo retki slucaevi mi e 8 )posle 1h ne mi e kacen. Se dvizi od 6.5 do kaj 7.5 No maka si macam so utrinskiot od 5.2 do 5.8 mi se dvizi dali sum za tableti ili insulin? Nisto ne mi davaat. Samo mi vika dr vnimavaj na ishrana. Jas vnimavam, ako ne vnimavam posle 1h jadenje nema da mi e vo granici na normala....
Дали вечераш? Парадоксално кај некој може шеќерот преку ноќ да рипне ако е во хипо, бидејќи се активираат механизми да го вратат шеќерот во нормала.