Здраво, И јас сум со серклаж, сега 28ма недела, исто глукоза од вена на гладно 4.1. Докторот од Систина ми рече види со матичниот гинеколог, а она ми рече направи го тестот. Јас закажав во Авицена во вторник, со тоа што им ја објаснив мојата ситуација и дека морам да лежам таму додека чекам. Ми потврдија дека постои таква можност во случајов, па кога ќе отидам во вторник ќе пишам како сум поминала… Ако ме зезнат да немам каде да легнам, правец дома и ќе си закажам и јас дома да ми дојдат, не знаев дека постои и таа опција.
Има тросед голем во чекалната, покрај неколку фотелји. Бидејќи секако одиш на закажано ќе имаш опција да легнеш. Јас во четвртокот бев сосема сама таму, никој немаше.
Lady, јас немав индикации, по default го правев. Утринскиот само тој ден ми беше 5.0, претходни месеци макс 4.7.
Avicena и јас се јавив им кажав дека сум бед рест и со серклаж ми рекоа дека немаат опција за скриен шеќер тестирање да дојдат дома ,мора лично таму и си чекаш како сите други.А дека имаат место за да лежиш не ми спомнаа.Затоа јас ќе правам тримесечен тест еве ми се јавија понеделник ќе дојдат .Те молам известине како ќе поминеш.
@Bella_Stella знам прастар е постов но можеби сеуште си активна и ја следиш групава. Гледам по рез горе долу сум исто како тебе со дома мерењата, особено денес вредностите се супер. Што совет ти дадоа после мерењата од 5/7 дена? Не најдов низ групава следно пишување. Не сум трпелива до вторник да видам што ќе кажат
Мојот матичен ми рече немаш потреба, немаш килажа , бебе е во ред со неделите, преку вена на гладно е ниско. И затоа сум на два ума, а неможам да седам 3 часа таму.
Извини ама не би можела да ти помогнам. Јас имав зголемена плодова вода и се сомневаа на гестациски дијабет, ама излезе нешто сосема друго. Немав дијабет, бебето имаше срцева аномалија.
Која е веројатноста да развијам гестациски при крај? Или да сум развила неодамна, а да не знам? Сега сум 36+5. Правев тест во 24та недела и беше супер. На последна крвна слика од пред две недели шеќерот (обичен) ми беше 4.1 што сметам дека е добро. Меѓутоа бебето ми е доста понапред, а особено ме плаши тоа што ми викаат дека имало поголема глава. Во 35та недела главата му била ко за 37ма. И нормално дека изгуглав и сум извадена од памет. Ми излегуваат информации за гестациски па си викам можно ли е
Да направиш, немој да не правиш. Ако доаѓаат дома обавезно направи. Леле, не се плаши. Мене три недели ме водеа понапред.. дури ме прашуваа дали сум сигурна дека тогаш ми била последна менструација а тестот за скриен шеќер ми беше повеќе од одличен. Ехото баш и не е нешто многу точно. На другарка бебето и го мереа 3800 пред да ја породат.. раѓање 2600.. женава вика кај го видоа тоа кило. Плус никој не знае кога точно е оплодена јајцеклетката. Се водат по последна менструација за да имаат некој правец, не се секирај, се е дорбо.
Искрено да ви кажам и ја се мислам дали да го правам испитувањево за гестацискиов шеќер … последно на нормална крвна слика нејадена ми беше 4.9 претходно 4.7 тука е во нормала цело време. Не ми се оди да седам таму 3саати со сите заразени … од ништо нешто да си напраам а од друга страна па не знам како се мснифестира … колку читам нема врска со нормалниот шеќер сабајлечки
Јас денеска направив тримесечен.Дојдоа од Авицена ме боцнаа дома .Резултатите ми се супер во нормален интервал.Така да док рече нема потреба да го правам за скриен шеќер.
Да ти кажам ќе ја прашам и ја мојава докторка, јас си функционирам нормално ама ми е страв во синлаб да дремам 3h со тристс болни што ќе влезат плус деца еден куп со бактерииве од градинка
Здраво, јас да се пријавам, бев во вторникот во Avicena од 10.30 и беше ненормална гужва во големата чекална. На пултот пред да платам кажав дека морам да лежам и по телефон ми рекле дека ќе може, девојката рече нема проблем, ќе најдеме слободна боцкална. Така што лежев сама во една од просториите за боцкање, ми го навалија столот и кренаа делот за нозете. Сите беа прељубезни иако беа во хаос.. е сега, столчето не беше баш згодно за лежење 2ипол саати (затоа што сепак е стол а не кревет ) ама генерално добро поминав.. и резултатот добар! Така што некој на bed rest ако сепак реши да оди да испита, барем имаме една опција ваква.
6.3 глукоза на гладно. Колку е сериозно? Од 5.2 ми се качи на 5.8 кога почнав да пијам естрофем пред трансфер (естрофемот содржи лактоза монохидрат). Докторот ми рече дека можно е од терапијата да е покачен. Сеуште пијам естрофем, и сега постепено го намалувам, од 8 мг на 6 мг сум стигната. Што мислите, може терапијата да влијае? ОГТТ тест ќе правам деновиве.