Прашање до породени членки. Кажете ми вие кои имавте гестациски дијабет, дали знаете после колку време од породувањето треба да се врати во нормала? Се плашам да не ми остане, зошто поминаа 5 месеци, вчера мерев после јадење пак се качува над 9. Иако сега пазам на јадење, но не толку колку во бременост, зошто со доењево имам потреба повеќе да јадам и знам некад и бело тесто и малку благо од време на време.
Огтт: 4,8 прво мерење 8,1 второ мерење по 2 часа. Матичниот вика ендокринолог да види, докторот специјалист вика не е шеќер. Се уште не сум отишла на ендокринолог.
Бремена сум 11 недела и неќна во средатата испитував скриен шеќер. Со ќерка ми испитував некаде околу 22 недела и немав проблем, но сега бидејќи сум во Германија ми рекоа дека тие испитувале два пати. Сега ми се јави гинекологот и ми кажа да одам да земам упат за на дијабетолог бидејќи најверојатно шеќерот не бил како треба. Па ме интересира што и како може да влијае понатаму во бременоста? Читав дека почесто се јавува во трето тромесечје па ми е малку чудно бидејќи што се вели сеуште сум на почеток.
Zosto tolku rano ti ispituvaat seker i jas sum vo Germanija 25 nedela sum slednata nedela ke pravam. Obicno megu 23 i 27 nedela pravat mal seker test, ako ima zgolemeni vrednosti se pravi golem test.Prviot e platen od kasata, a golem ako se pravi se plaka okolu 25 evra.
Не знам. Кога бев во понеделникот на обичен преглед таа ми закажа да испитам скриен шеќер и одма во средата го направив.
Јас само со една напомена, ако сте анемични, низок хемоглобин, хематокрит - тромесечниот не е валиден и не покажува точно, мора да направите регуларно. @Laura07 мене за жал не ми се регулираше никогаш, од првата бременост. Сега после втора ми рекоа за 6-7 недели да почнам пак со тестирање па со терапија доколку е потребно.
На гладно колку ти е? Припази со храната, протеини и зеленчуци најмногу, помалку овошје и за 2 недели би требало да се намали.
Мене ми се јави во почетокот на бременоста, случајно ми открија при контрола на тироидни хормони и ендокринологот ми вика ај и шеќер и излезе висок на гладно. Така да ме стави на режим и диета и успеав без терапија до крај да го држам под контрола. Висок шеќер не е наивна работа бо бременост, може да влијае и на плодот со многу поголем раст да биде од што треба и други комликации може исто. Така да консултација со ендокринолог и да ти даде режим на исхрана
Утре ќе одам да го земам упатот и после одма одам да закажам на дијабетолог. Се погоди да имаме во градот таков центар, и плус маж ми е дијабетичар и тој оди таму. Се надевам ќе биде се во ред.
Бев денес да закажам термин кај дијабетолог но тој ми рече дека не знае дали да ме прими. Прво бидејќи е рано за скриен шеќер да се испитува, второ дека нема голема разлика трето дека јас бев вечерана во вторникот вечерта и дека можеби затоа е покажано така. Па доколку е можно сакам ваш совет. Дали да инсистирам за да ме прими, или да оставам така?
Девојки на гладно шекеров 5, на обична крвна слика.. за две недели ке правам ОГТТ.. показател е ова нешто да си почнам со грижи уште од сега или немора да значи дека ке имам скриен шекер ама некако све си се качува. Минатата контрола 4.70 сега 5
Мислам не мора да значи, можеби е нешто моментално а и зависи која недела си. Јас правев во 24 и ми дијагностицираа ГД (втор час отстапуваше, но и на гладно ми беше прв пат 5.0) но после месец дена балансирана храна (дома мерење на гликемии сите беа во ред) за на вториот огтт тест во 28 недела јас немав гестациски. Во иста лаб проверено. Храната игра голема улога, а и плацентата си го прави своето.
И мене пред 4недели ми беше 4.70, сега во 25та недела 4.95. Ми рекоа 27ма недела да направам гестациски, во урина и протеини имав на последново испитување па некако и тоа алудира за можност, ама ќе видиме
Јас немав протеини во урина, ни нешто на ехо да покаже. Но желбата за јаглехидрати, шеќери ме натера да се посомневам. Како и да е, сакав да кажам дека и за тоа има решение, дисциплина и се средува. Јас секако си продолжувам со балансирана храна и почести мали оброци, заборавив на пецива и торти
Јас прв триместар ништо друго неможев да јадам освен бели пецива. Значи доручек ручек тоа ми беше. Од надвор миризба ке дојде од некое јадење мене ми се гадеше и се мислам од таму појде работата.. сеа се оправив колку толку ама додека да проверам ке гледам да внимавам 24 недела сум јас
Ајде се надевам нема да има потреба да се повторува тестот.. самата помисла дека меѓу толку луѓе треба 3 саати да се седи ми ствара паника.. мене ке ми се фати 25 полна и неколку дена од 26та така ендокринологот му кажал на мм па дали е рано или не незнам секако до тогаш ми важи упатот па ке мора да одам
Да, и јас бев нешто слично За повторувањето на тестот, реално не е пракса да се повторува но гликемиите кај мене им беа чудни што се добри па затоа. А и рекоа 24 било рано….мада пишав и претходно, моето рано тестирање ми беше blessing in disguise, да продолжев со такво јадење нз каде ќе стигнев.