И мене ми рече докторкава после 27 ма таму, 28ма здравје. Ма да апетитот ми е на 200 качен. Во ремедика му викам на мм јас ќе си умрам од глад што е ова ми носи доручек во 9 го јадам за 10 мин... и седам после пола сат викам леле кој ќе чека до 2 ручек хаха психа. Дома си подкаснувам само. Сега расте најмногу и разбирам све ама ми е страв да не се поправам. Еве сабајле станав му викам гладна сум јадев две јајца кајгана со гарнир сирење, домат, краставички и маслинки и две кришки двопек... каснав едно кидер лентиче и сега сум гладна :/ а два три ми се гледа далеку ах...
Ама сега имам осет дека најмногу качуваат на тежина нели и затоа така. Инаку мислам нагонот за храна и диебет нема врска касни си не се стискај. Нека си расте бебка. Јас нормално си јадам обој месец ниедно кило плус не ставив а бебе си расте. Јас некако складно се осеќам мешето ми е само напред, имам и струк и убаво некако се обликува телото не се жалам за сега… ќе видиме 7ми/8ми и 9ти што ќе се здеси во однос на дебелеење
Девојки која недела правевте испитување за гестациски? Јас сум 25+ и закажав за утре ама се плашам да не е рано? Обично шеќерот ми се движи од 3.9-4.1
Женски, со гестациски дијабет сум на ОГТТ се потврди. По препорака на ендокринолог од клининика се ставив на диета по лебни единици и исфрлив ј.х. Цел месец како терам со режимот, не качив ни грам, поубаво се чуствувам и со енергија сум. Јадам 3 главни оброци и 3 ужинки, иако во почетокот чуствував глад дур да се навикнам. И вода пијам по 3 литри. Значи ептен дисциплинирано се држам до препораките и шеќерот е добар. Е, сега сум исплашена. Проверив урина и имам кетони ++. Сте имале ли и вие? Како сте ги корегирале? Последици врз бебето?
Девојки тие што имате скриен шеќер како се чувствувате кога ви е шеќерот низок? Кај мене тестот за глукоза беше во ред не ми открија скриен шеќер но јас се сомневам дека во меѓувреме сум добила гестациски дијабетес зошто не знам што може друго да е. Ако не јадам доволно благо во денот мене ми се врти, пребледувам, ме облева ладна пот, морам да седнам/легнам инаку ќе се онесвестам. Немам енегија спијам повеќе од 14 саати дневно… 32ра недела сум. Што може да се направи во оваа ситуација? Дали пак да испитам шеќер? Дали се тие симптомите или е нешто друго? И кажав на докторката на последен преглед вика низок притисок ама јас и кога пијам кафе вака се осеќам, како да ми треба шеќер…
Кај мене за 3 -4 часа. Во 10 завршив со испитувањето околу 1.30-2ч ги имав на мое здравје апликацијата
Чисто да знаете во Биотек Ѓорче немаат кревет за лежење, имаат стол за боцкање. На телефон ги прашав имате кревет треба да лежам, да да имаме. мн се нервирам што се прават мутави. И сега плаќа мм и да идам кај треба за крв вика аа па на столот. Мм вика кревет немате, па не столот е.
Јас кај сите лаб се јавив сите ми рекоа дека немаат за лежење.Дури и дечкото што дојде од Авицена кај мене дома за крвна слика испадна да се знаеме рече имале како каучи во чекалната ако е слободно таму да прилегнеш..Ти сега што направи го правеше тестот.
Се нанервирав, ја подспушти некако столицата, ама незгодно за кичма.. еве еден сат помина... ама се јавивме два пати со мм, дека сум бед рест дали имате кревет за лежење додека се чека. Да господине му рекле.
Еве ми ги резултатите од денеска, само средниот ме буни, докторкава вика малку припази, не ми спомна друго ништо.
А вториот покачен резултат може да е заради тоа што во моментот си се изнервирала. Се очекувала едно, испаднало друго. За после да ја прифатиш ситацијата и се подсмириш и шеќерот се стабилизира. Моментална нервоза знае да го покачи шеќерот на кратко.
Она мислам дека пишуваше за плодова вода на горна граница и затоа ја праќаат за скриен шеќер (извини @Ladyme ако сум грешка). Со оглед на ситуацијата, најубаво да се консултира со специјалист.
Искрено само едниот на горна граница и да е така… вероватно нема да препишуваат лекарства за ваква вредност туку со храна … така да нема стресови тука … јас би послушала специјалист со храна да си припазуваш али не да не јадеш секако… ако нешто има драстично и плодовата вода ќе беше во поголема количина и бебе потешко од регуларна гестациска недела
Да ако има плус таква индикација тогаш има нешто. Мислев дека само рутински проверува. Дека сега веќе докторите инсистираат сите трудници да проверат.