Не, бебето е точно со мерки според недела, никој досега не ми рекол дека отстапува, ниту дека гледаат плус плодова вода, или било каков симптом / знак поврзан со постелка и сл што би упатувало на гестациски. Во меѓувреме успеав да се слушнам со ендокринолог, докторката рече дека резултатите се во ред и никако не се за паника. Другава недела ќе одам на преглед, се договоривме, па ќе видиме.
Zdravo mimicking. Mi najdoa skrien secer e sega na rucek mi bese 8.7 ama ne jadev ic leb I setav I pak tolku mi bese.Dali e opasno za plodot
@Kate katence Колку ти беше шеќерот на гладно, а колку по 2 часа? Дали ендокринолог ти спомна за терапија, или со диета треба да регулираш? Пробај да јадеш само протеини и салати. Можеш и по пола лажиче цимет во чај или кафе, наутро или навечер. На гладно пиј цеден сок од лимон. Би требало да се намали, но треба време, мин. 1-2 недели, а може и повеќе.
Па добро не отстапува многу, поназад гледам и на 7.80 ги паничат со диети. Во бременост нормално ќе биди шеќерот покачен, си јадеме повеќе, само да не е многу над нормала. Јас како човек што благо во живот не каснува, оваа бременост си поткаснувсм тортичиња и сладолед, не многу ама знам да каснам Јас наредна недела планирам да правам
Границата е 8,5 по 2 часа. Кај тебе е минимално отстапувањето. Не би требало да е гестациски шеќер, но сепак припази си со храна. Инаку, не можам никако да разберам диета во бременост. Мене д-р ми рече да скратам само благо и тестенини. Скробен зеленчук јадам (не ми го забранија), ако не внесувам ни тоа, ќе умирам за јадење. Само за доручек јадам интегрален леб со некој намаз, јајце, јогурт, зеленчук, и потоа за ручек сум на месо, салата и малку скроб. Ќе видиме што ќе покаже тестот.
Ќе се цитирам сама себе, со цел да го споделам искуството од прегледот на ендокринолог со резултатите од Огтт. Од матичен бев малку испаничена ради диетата. Докторката ендокринолог ме опушти, ми рече немаш гестациски а препораките за исхрана се како за секој, смееш да јадеш се без претерување. Додека матичниот рече дека треба да избегнувам компир, ориз, скробни зеленчуци, да не зборуваме за леб, благо, ендокринологот рече ако ручаш денес компир, нека биде само тоа без благо и сл. Ако се одлучиш за парче торта нека биде тоа, без комбинација со сок, илилеб за вечера. Значи умерено како и сите, и нормално, пешачење.
Трудници тие што сте со скриен шеќер во бременост Овој сладолед смее да се јаде ? неможев да издржам многу ми се јадеше
Девојки имам гестациски дијабетес. Мерењата ми беа на гладно 5.4; По еден час 11.6; По два часа 11.8; и сите тестирања ми беа од прст не од вена. 3 дена се ставив на строга диета до терминот со интернист. Денес бев на интернист и на гладно од прст ми измери 5.4 па покрај строг режим, пешачење ми препиша и терапија Glucophage xr 750 mg едно на вечер а по две недели да земам две навечер. Дали некоја се нашла во слична ситуација? Исплашена сум. Гледам на повеќето ви предлагаат само строг режим на исхрана. Апаратче си купив и од утре ќе почнам со мерење, веројатно поради утринскиот дека е висок ми дава терапија.
И кај мене 10.7 после 60 мин. По 120 мин 8,5. И ми рекоа диета со мерење на шеќер 1 час по јадење. Овие вредности не ми изгледаат за превисоки. Би требало со храна да се регулира (но, не сум доктор, само мислење давам). А да се консултираш со ендокринолог? Постручен е од интернист.
Со упат ос матичен гинеколог во поликлиника Чаир (не наплаќаат за трудници). 2 боцкања од вена и 2 боцкања од прст. Биотек 650 ден на приватно. Синлаб околу 750 ден со 3 боцкања, на приватно.
Колку е дозволено да се зголеми шеќерот после 1 час јадење? Колку е границата по 1 час, а колку по 2 часа?
Фала ти на одговорот. Без разлика колку е почетниот пред јадење? Пр. 5,4 или 5,8 дали прави разлика? И во двата случаи границата е 7,8 по 1ч?