1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гестациски дијабетес/Скриен шеќер

Дискусија во 'Бременост' започната од lolyta777, 5 април 2012.

  1. Change.

    Change. Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2015
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    466
    Пол:
    Женски
    Без разлика колку е пред јадење границата е 7.8. А сабајле на гладно 5.1 треба да е или некои викаат 5.3.. Премногу се ригорозни границите за трудници, сигурно има добра причина ама прениски се, испаѓа сите со гестациски се.
     
    На Mimmi39 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ginger

    ginger Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2010
    Пораки:
    574
    Допаѓања:
    765
    Минатата недела бев на ендокринолог, самата докторка рече дека сега ептен се строги за разлика од некогаш.
     
  3. Dijana DM

    Dijana DM Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2022
    Пораки:
    1.165
    Допаѓања:
    1.872
    Пол:
    Женски
    За во петок имам закажено ОГГТ тест во авицена. Како што ве читам колку пазите и пак имате поминување на граници јас којзнае што ќе имам. Последниве два месаеца ама ич не пазам. Се што ми се јаде и нејаде се си јадам.
    До сега тримесечен шеќер и гликоза во крфта не ми биле покачени. Има ли тоа некоја смисла со гестацискиот дијабет или нема врска?
     
  4. ginger

    ginger Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2010
    Пораки:
    574
    Допаѓања:
    765
    Јас немав поминување на граници.
    Исто, гликоза секогаш уредна околу 4, а на Огтт на гладно 4.3,после саат 9.9 после два 7.1
    И така испадна ради овој 9.9 (дека на горна граница да одам на ендокринолог). Таа ме смири.
    Инаку јас пред тест не пазев ништо, си јадев нормално, како што јадам, иако во бременста на прсти ми се брои кога сум каснала благо, или бел леб две три касајчиња.

    Познавам жени кои до ОгТт тест биле здебелени преку 15 кила, немале гестациски. Најмногу зависи од организмот. Не се плаши.
     
    На Dijana DM му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.007
    Допаѓања:
    4.473
    Пол:
    Женски
    Ако добро разбрав, ако на гладно е над 5.1/5.3 веќе се смета за гестациски?
    Кај мене на гладно се движи од 5,4 до 6, а по 1ч не надминува 7.8 (7.4 највисоко). Гестациски е ова?

    Дали "на гладно" се смета одма после будење и без пиење на терапија?

    Јас пијам еутирокс, па хеферол, и потоа мерам шеќер (поминува сигурно 1-1,5 час после апчињава). Точно пред доручек мерем.
    Еутирокс има скроб, а хеферол има лактоза.....се мислам дали апчињава влијаат на шеќерот?
     
  6. Change.

    Change. Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2015
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    466
    Пол:
    Женски
    Искрено да ти кажам не знам, толку е границата а дали те сметаат така за гестациски најдобро нека каже некој поискусен јас немам поим.Ама знам дека треба да мериш одма чим станеш на гладно, да не чекаш.
     
    На Mimmi39 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.007
    Допаѓања:
    4.473
    Пол:
    Женски
    Ќе пробам и така,на гладно. Но, ако доручекот е после 1-2 часа, шеќерот може да се поднамали.....и така, не знам како е правилно мерењево. :^):D
    Важно, прстите ми се решето. Се боцкам по минимум 6 пати во ден, а ако не потече доволно крв, имам уште 1-2 боцкања. Искрено, ми се смачи. Преголемо замарање ми е ова.
     
  8. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.007
    Допаѓања:
    4.473
    Пол:
    Женски
    И што преземаат со строгоста?
    Мерење на шеќер по 6 пати на ден?
    Не ми се јасни.....
     
  9. ginger

    ginger Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2010
    Пораки:
    574
    Допаѓања:
    765
    Лично мислам дека стресот што се создава кај трудниците по ова прашање, влијае врз кревање на шеќерот.

    Навистина не ја знам медицинската позадина за многу построгите референтни вредности за трудници за разлика од останатите, освен што сум прочитала нешто ситно, верувам дека сигурно има нешто, но како и да е, сметам дека фали комуникација која ќе повлијае поволно врз психичката состојба на жената.

    Презаморени сме од информаци половично објаснети или ич необјаснети, стресови во врска со нив итн...
     
    На fragaria, Dijana DM и Mimmi39 им се допаѓа ова.
  10. Brinetka

    Brinetka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2018
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    8.066
    Пол:
    Женски
    Пишувам за другарка:

    Здраво девојки.

    Во 21 недела сум од бременоста. Испитував скриен шеќер.
    На гладно 5.4
    По 1час. 12.7
    По 2часа. 8.4
    Гинекологот ме прати во државна на ендокринологија, каде што ми дадоа книга за исхрана и за 1 недела сум пак на контрола со гликемиски профили.

    Значи 1 недела треба дома сама да се буцкам со апаратче и да запишувам во денот колку ми е шеќерот.
    Ми дадоа 4 оброци по шема (доручек,ручек,ужина,вечера)

    Мене не ми е јасно бидејќи не ја разбрав докторката.
    Прашање ми е.

    Колку пати на ден треба да се буцкам?
    И дали по 1час или по 2часа по јадење треба да мерам?
    И до кога треба да завршам со јадење 18h/19h?
    Дали имате ваков случај претходно?
     
    На Beksss12 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    932
    Допаѓања:
    3.709
    Кај мене во првата бременост беше исто само на гладно покачен, се сметаше како гестациски. Мерев исто 6 пати на ден, пред секој оброк и саат време после оброк. Не мерев сабајле кога ќе се разбудам од спиење, туку пред доручек. Дали апчињата влијаат на шеќерот, не знам, не пиев ништо плус. Најдобро е да се боцкаш во домалиот прст, од страна на врвот на прстот, ама провери ја иглата дали ти е добро наместена, може треба да ја подесиш/пуштиш штом некогаш треба да се боцнеш повеќе пати за да ти потече крв. Тоа дали е непотрбно замарање - ти си знаеш.
     
  12. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.007
    Допаѓања:
    4.473
    Пол:
    Женски
    Хаха....да си знаев, немаше да пишам овде.
    Замарање е секако, а дали е потребно или непотребно, ќе видиме на крај. :D
    Се надевам се ќе биде во ред.

    Фала ти на споделеното.
    Кај тебе 6 го сметаа за гестациски? Што правеше? Ти дадоа терапија?
    Дали после породување ти се регулираше шеќерот?
     
    На Marge му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    932
    Допаѓања:
    3.709
    Не можам да се сетам на тестот баш кои беа резултатите, ама знам дека после тоа на гладно не смееше да биде повеќе од 5,3 и еден час после јадење не смееше да биде повеќе од 7,8. Внимавав многу на исхраната, пешачев и вежбав, многу вода пиев и ми дадоа точни насоки како да се хранам и се држев до тоа. Не ми дадоа терапија, затоа што го регулирав со исхраната и немав потреба од терапија. Вториот ден после пораѓај, се врати во нормала. Сега сум бремена со второ, 21ва недела сум, очекувам пак да имам, ама ќе видиме. Тест треба некаде за месец дена да правам.
     
    На Mimmi39 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ImOk

    ImOk Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2020
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Мене ми рекоа утринскиот да се мери пред пиење вода пред јадење значи скрос на гладно. Неколку дена го мерам и до сега највисока вредност ми даде 4.8 не треба да надминува 5.1/5.3 зависи од случајот. Доручекот го започнувам 15-20 минути од првото мерење.(гледав 50 видеа на YouTube, па така правеа сите :D).
    Мерев неколку дена и по 1 час од јадење и по 2 часа од јадење каде што никогаш не надмина вредност, не треба да е над 7.8 по еден час. Заприметив по 2 часа дека ми се многу ниски вредностите и сега мерам само по 1 час од јадење и сите ми се во нормала, не се ни блиску до граница. Се консултирав и со ендокринолог после посетата на интернист и ми рече пробај две недели само со исхрана и пешачење па ако уште има високи вредности тогаш терапија. Значи терапија не започнав, сега за сега се контролира со исхрана и пешачење, се надевам дека вака ќе продолжи. За една недела ќе одма пак на контрола, па ќе видиме. Вечерата ми е најкасно во 20:00.
     
    На Dijana DM му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.007
    Допаѓања:
    4.473
    Пол:
    Женски
    Во колку часот стануваш? Можеш да јадеш 20 мин по станување?
    Мене многу ми е тешко да јадам веднаш по станување, и во 8ч ми е тешко, според насоките кои ми ги дадоа, но правам обиди да се прилагодам. До сега доручекот ми бил околу 10.00ч.
     
  16. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.007
    Допаѓања:
    4.473
    Пол:
    Женски
    Кога може да се пие кафе? Дали треба да влезе во тој 1 час?
    Пр. Доручек, кафе со млеко и по кафето се чека 1 час?
     
  17. ImOk

    ImOk Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2020
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Станувам во 7:40 и со сила јадам во 8. А кафето не го мешам со јадење го пијам посебно како "ужина" со млеко без шеќер, после 2 часа од доручекот. Еднаш го пиев со една коцка црно чоколадо 85% и мерев по 1 и по 2 саати и во ред беа вредностите.
     
    На Mimmi39 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Sparkle1985

    Sparkle1985 Активен член

    Се зачлени на:
    29 декември 2024
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Kaj koj endokrinolog odite za gestaciski dijabet ?
     
  19. Puffy2019

    Puffy2019 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    864
    Пол:
    Женски
    Во која недела е најдобро да се прави оваа анализа?
    Не се сеќавам минатиот пат кога правев, а сега ми е важно да знам од напред за да си го испланирам одморот. Исто и за д-димери ако знае некоја нека ми каже тука за да не пишувам посебно на двете места.
     
  20. Dijana DM

    Dijana DM Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2022
    Пораки:
    1.165
    Допаѓања:
    1.872
    Пол:
    Женски
    После 24 недела. Јас го правев во 25+5
     
    На Puffy2019 му/ѝ се допаѓа ова.