1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гестациски дијабетес/Скриен шеќер

Дискусија во 'Бременост' започната од lolyta777, 5 април 2012.

  1. liliput22

    liliput22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Од 24 -28 недела. После тоа не, касно ке биде. Зашто ако се покаже дека имаш ќе треба со време да го регулираш цел трет триместар. Јас го правев во 27 недела.
     
    На Puffy2019 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. GirldD123

    GirldD123 Активен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2025
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    И јас ги добив овие вредности вчера, па уште некако ми треба време да ја прифатам ситуацијата. Како се справуваш ти до сега, дали си на диета, дали мереш шеќер по јадење?
     
  3. Puffy2019

    Puffy2019 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    864
    Пол:
    Женски
    Јас би сакала и порано од 24та доколку може, за покасно од 28ма секако не би чекала. Фала ти за одговорот.
     
  4. liliput22

    liliput22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Па може и порано, некои кои имаат индиции за тоа го прават и во прв триместар( особено ако веќе во претходните бремености биле дијагностициран со гестациски) веројатноста се зголемува пак да се појави во наредна бременост уште од самиот почеток на бременоста. Но ако си немала претходно, немаш семејна историја, бебето мери нормално за гестациска недела и уште други фактори тогаш нема потреба од порано да се прави тестот.
    Зашто ако се јави гестациски дијабет во бременост кај жена за првпат воопшто тој се јавува помеѓу 24-28 недела, така и да правиш порано може и да не покаже, па ќе треба да го повториш тестот пак помеѓу тие недели.(24 - 28 ) . Дури и попрепорачливо е да се прави помеѓу 26-28 недела. Поздрав
     
    На jagoda777 и Puffy2019 им се допаѓа ова.
  5. Puffy2019

    Puffy2019 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    864
    Пол:
    Женски
    Сега скроз ми ги разјасни работите, да не брзам залудно.
    Ти благодарам од срце за опширното објаснување.
    Поздрав.
     
    На liliput22 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.007
    Допаѓања:
    4.473
    Пол:
    Женски
    Имав отпор на почеток, како да не сакав да прифатам. Но, ми кажаа дека е гестациски шеќер и треба да се контролира внес на храна и да мерам шеќер пред јадење и 1 час по јадење, 3 пати на ден.
    Со диета се регулира кај мене. Мерам пред јадење и 1 час после јадење. Ми стана рутина. :)
     
  7. Tulip023

    Tulip023 Активен член

    Се зачлени на:
    4 април 2025
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Здраво, сакав да ве прашам во која лабораторија каде што се прави испитувањето има кревет каде што може да се легне додека се чека или некоја поудобна столица? Не смеам мн да седам, па ова ми е многу важно.
     
  8. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.007
    Допаѓања:
    4.473
    Пол:
    Женски
    Во Синлаб (во центар, во близина на Дајмонд мол) дозволуваат да си чекаш во кола, а кревет немаат. Па можеш во кола да си легнеш. Јас така направив.
     
    На Tulip023 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. GirldD123

    GirldD123 Активен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2025
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    И јас морав да фатам таква рутина :D
    Кои вредности ги добиваш еден час по оброк?
    До која вредност е нормално да биде еден час по оброк?
     
  10. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.007
    Допаѓања:
    4.473
    Пол:
    Женски
    Зависи што јадам, од 6,5 до 7,5. На два-три пати до 8 стигнав, но тогаш јадев ориз и малку благо.
    Докторот ми кажа до 7,5 да се движи. Ако е повисоко ќе ми даде мала доза на инсулин.
     
  11. ImOk

    ImOk Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2020
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Девојки кој леб го јадете, земам леб од кисело тесто и го јадам само 1 парче за доручек, ама до сега 3 пати имав високи вредности 7.9, 8.3 и 8.4 после доручек по 1 час. По два часа паѓа на 5.2.
    8.3 и 8.4 кога кренав имав стресни ситуации а 7.9 ко беше немав ништо стресно.
    На гладно ми е низок, после ручек ми е 5.4 после вечера исто 5.2 зависи со јадам ама е понизок.
    После доручек не знам што ми се случува што 3 мерења ми е повисок. (3 пати од цел месец мерења).
    Некој совет да не имате?
     
  12. ginger

    ginger Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2010
    Пораки:
    574
    Допаѓања:
    765
    Последно читав др Митов рекламира некој нов леб, негов производ кој е погоден за дијабет. Не сум го пробала ама провери си. Го имало во рамстор засега само во Скопје (ако си од ск).

    Пробај со крекери од семиња, или дома да си правиш леб од интегрални брашна.
     
  13. GirldD123

    GirldD123 Активен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2025
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Јас јадам јаус и едвај чекам да заврши оваа голгота со гестацискиот дијабет, ми ја зема целата енергија. Ми се има случено со ист вид на појадок, два дена, скроз различен резултат...
     
  14. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.007
    Допаѓања:
    4.473
    Пол:
    Женски
    И кај мене се качува после 1 парче леб и решив да го исфрлам и тоа парче.
    Јаглехидрати внесувам преку овошје (јаболко, јагоди), мешункасти растенија (грав, кој не го качува многу шеќерот, леќа, грашок). Гинекологот ми одобри. Тој е многу против внесување леб, и го послушав.
    Пробај и ти да не јадеш леб и види како ќе се однедува шеќерот писле 1 час.
     
  15. GirldD123

    GirldD123 Активен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2025
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Обично го конзумирав за појадок со некој намаз, сега го заменувам таквиот појадок со чија пудинг или овесна каша кои до сега добро се покажаа. Овие последни месеци имам многу повеќе апетит и тешко иде, но мора да се придржуваме до некои правила. Ми рекоа др. еден час по појадок да не е над 8
     
  16. ImOk

    ImOk Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2020
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Фала ви девојки на одговорите, тогаш овој доручек ќе го тргнам, нема да јадам леб повеќе. Исто и јас јаус јадев ама ете не ми делува добро, а чија пудинг и овесна каша и кај мене добро се покажаа сега за сега. Ќе продолжам со нив. Навистина последниве месеци тешко е апетитот е зголемен ама мора да издржиме, и исто и кај мене докторот рече да не е над 7.8.
     
  17. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.007
    Допаѓања:
    4.473
    Пол:
    Женски
    А мене ендокринологот ми рече до 7,5 максимум да биде по 1 час.
    Инаку, до 7,8 е границата за нормална состојба.
    Твојот доктор поопуштен, мојов ептен строго ме држи :D.
     
  18. ImOk

    ImOk Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2020
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Леле сега ги гледав сите мерења немам повисоки од 7.5 со исклучок на тие трите. Не знам искрено секој доктор по свое си се води веќе не знам што е точно, дали 7.5 или 7.8 (facepalm) се напнав веќе со ова, се опседнав :worried:
     
  19. GirldD123

    GirldD123 Активен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2025
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Девојки, а дали од гестацискиот имате некои индикации на плодот, да е поголем во однос на неделите или да имате повеќе плодова вода?
     
  20. Srckichka

    Srckichka Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2019
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Здраво. Утре треба да испитувам скриен шеќер, дало може некоја да ми ја објасни процедурата како оди и колку саати пред тоа не смеам да јадам и да пијам? Ви благодарам:inlove: