Еве вака изгледаат има и за глукоза и за кетони не знам дали ги има во Македонија мене секој преглед ми го кажуваат дека не требало да имам никако дури одвратно се однесуваат па што сум јадела не ми се ни оди веќе таму
јас имав кетони и во двете бремености во првата беа +++ и докторката што ме видеше рече дека сум гладувала и не сум внесувала јаглехидрати,па и така беше неможев во првата бременост ништо да јадам од се ми се гадеше до крајот.подле порагај ги снема. во втората мислам дека надокнадив и за првата бременост . подобро го регулирав шеќерот и се ми се јадеше
Здраво, дали се страшни резултативе, чекам докторката да ми врати. Диета или посериозно е? Се напнав ...
Не се воопшто страшни. Мислам дека ова не е гестациски, но ако сепак сметаат дека е, ќе внимаваш на храна, без благо и тестенини.
На границата ти се, освен првиот. Мене ми беше 9.1 последниот па само со внимавање на храната треба. @ShtruMfeticka мислам дека имаше исто покачен шеќер прв Ако може нека сподели
И јас сум ист случај ко тебе, исто ми е толку покачен последниот, другите се во граница. Ти кажаа да го проверуваш шеќерот? Мене исто само ми кажаа да пазам што јадам и одговорите тука ме замислија, гледам на повеќето со дури помалку покачени вредности им препорачуваат мерење секој ден плус исхрана. Едит: А зошто уствари само на втората вредност пишува предијабет, а на другите не? Таа е најбитната или? Ако знае некој
Скриен? Не испитав, не ми требаше тој стрес после све. На обична крвна слика секогаш ми е во граници.
Може ли мислење за резултативе? Несвесно пред спиење изедов пола лажиче мед (малку ме гребеше грлото) се изнервирав ама бидна веќе. На сите крвни слики до сега на гладно ми бил помеѓу 4.2 до 4.6 (пред две недели 4.3)
До кога одевте на преглед кај ендокринологот јас денес 37+3 последна контрола незнам колку е во ред тоа
И мене ми беше така, и немав никакви индикации ама као ај провери си да си раат и испадна да имам скриен шеќер... Не знам дали е подобро да не знаев или полошо сега вака кога знам... Само ми се јадеее како за инаат и тоа благооо, тесто се што не треба
Ај додека си трудна ќе припазиш за бебето ете. После пораѓај додека се стабилизирам со хормони и доење не знам што бутав прво, тогаш единствено во животот ме фаќале кризи за јадење, уште да откријам скриен шеќер пак. Ноу тенкс
Јас пак во темава, 9.2 после 2 часа. Минатиот пат мислев од палачинката вечерта пред боцкање ми е и како наближуваше времето за тестов припазував, ама очигледно си имам предиспозиции и тоа е тоа. Ќе пазам на храна, не планирам да се опседнам како со син ми, ќе видиме како ќе ми оди.
Јас не мерев матичната ми рече немаш потреба само припазувај, ама толку се опседнав што прегладнував и ми се слошуваше од сабајле кога ќе станам ...па почнав да си јадам и да мерам. Гледам не скока многу од некои јадења, од ориз само ми беше малце повисок ама пак во граница беше така да ако имаш апаратче колку толку да си во тек да знаеш барем да се раздвижуваш после оброк ако се качи...не мораш секој ден да мериш Ужас е ова, јас како чекав да се стопли за овошје зеленчук сладолед и кога ми кажаа мора да пазиш... Се не смееме ...лубеница ич ...а едвај ја дочекавпа ни банани мн не смеело пола на ден ...
Лубеница ќе каснам едно парче па не знам што да е . Знам дека има рестикции за овошје и јаглехидрати ама на бебето му требаат јаглехидрати, така да само баланс. Ќе избегнувам бели теста, сок не пијам секако, благо исто не јадев нешто посебно. Процесирана храна да се намали и тоа е. Сега и чет џпт ми помага, ќе се издржи
Мислам дека стресот е поголем виновник од храната. Се што ми кажаа да пазам да не јадам јас и пред тоа не јадев ни пиев ама ете ...и сега забранава дополнително ме нервира...ама ќе издржиме. Ме плаши само кога ќе се породам да не удрам на јадење и да се напраам топка
Зависи каков ти е организмот. Јас удрив на јадење после пораѓај, особено додека воспоставам лактација, а се сушев, ослабев за 2 недели 5 кила помалку него што имав кога забременив. Ама кога воспоставив лактација, добив за 3 месеци, се стабилизирав со јадењето. Килажата вратив 2 3 кила, и останав послаба него пред првата бременост. Скриен шеќер и апаратчиња за мерење не ми дојдоа на ум. До денес
Исто се осеќам од збор до збор А едвај чекав лето за праски кајсии лубеница и сега тоа е Може по малку и после движење Само така е спасот