Дали е алармантно што е малку покачен шеќерот на гладно?! Ама генерално секогаш ми е толку на крвните слики
Јас оваа бременост само после 2 часа боцкање напраив. Минатата и после час и после два. Резултатот после 2 часа ми се разликува за 0.1 овој и минатиот пат. Претходната бременпст ми беше покачен шеќерот над дозволеното и после 1 и после 2 часа. Ако ти е ок после 2 часа, верувам дека и после 1 ти бил. Јас не би го повторила тестот, ти консултирај си се со доктор најдобро.
Здраво женски Денес правев проверка за скриен шеќер со три боцкања Дали се многу високи вредностите Прво боцкање: 5.3 Второ боцкање после 60мин : 6.8 Трето боцкање после 120мин: 9.2
Па да е, ама би требало да ти предложат диета ништо страшно И мене после 2 часа ми беше 9 Еве внимавам на исхраната Си купив апаратче Си следам да знам од прилика што го качува повеќе После јадење еден круг пешки околу згради и тоа засега Ако има потреба можеби ќе те упатат на ендокринолог, интернист... Зависи и општо како ти цела бременост
@Lidija1990 kako @fragaria isto i kaj mene i jaas istoto go pravam kako nea pazenje i meram so aparatce
Хм, малце е чудно што вредноста на 2 боцкање ти е пониска од таа на трето. Да не е обратно? Јас во првата бременост се боцкав 3 пати, второто ми беше 11.1, трето 9.3. Сега само со две боцки, пак после 2 часа 9.2. Пазење на храна, тоа е. Сепак консултирај се со гинеколог за вредностиве да видиш што ќе ти каже првично.
Докторот ми рече само пазење на храна да не јадам благо и газирани пијалаци Не ми препиша никаква терапија Се надевам не е нешто страшно за бебето 27+3 сум
И бел леб, тестенини, исто да не претеруваш со ориз, компир. По малку и без леб секако. Мене минатата бременост матичниот ми се смееше на вредностиве, вика по бебето ти немаш гестациски, никаков знак нема на ехо. Родив мало бебе, 3 кила, немав вишок плодова вода, ама си пазев на исхрана. Еве сега исто терам, не му ни кажав за резултатот зошто знам пак што ќе ми рече.. Ако си внимаваш немаш гајле.
Можеш да јадеш протеини, масти и умерени јаглехидрати Односно Месо, млечни производи, риба, печурки, грашок леќа грав и сл. За протеини Зеленчук ( Внимателно со компир ориз и сѐ што има скроб) Овошје умерено без банана портокал лубеница и суви овошја (односно по малку) Овошје може бобинки јагоди боровинки и сл. Тонус леб на пример може по 1-2 парче И производи за дијабетичари Ама тука на пример треба многу внимателно Не сите производи што пишува 0% шеќер се ок Имаат некои од нив засладувачи како Аспартам што е забрането во некои држави и не смее да се јаде во бременост Малтитол кој е ок ама го качува шеќерот Најдобро од тие производи да пишува е стевиа Од она периодов што внимавам што ми го качува шеќерот беше чоколадо со малтитол А има едно чоколадо што не ми го качува шеќерот ќе пуштам слика Значи може се да си јадеш умерено без индустриски благи и теста
Како ме спукала криза за благооо, јадам тоа... замени ...џабеее шеќер бел ми фали некој еклер, сладолед, некое тортиче со овошје со вишни, од оние летните со јајца
И мене последнава недела ме фаќаат кризи. Каснувам да ти кажам ама минимално, вчера 2 залчиња палачинка пробав, едно чоколадно бонбонче, така колку да ми помине мерак знам да лизнам по малце. Според чет џпт што ме советува, вакви работи е најдобро после оброк да се внесат за подобро да се обработат.
Касни си торта ама после појадокот најдобро и излези веднаш да пешачиш пола саат па измери шеќер Јас така направив пред некој ден и ми беше 6.8 после 1 саат А еднаш после појадок две јајца и салати изедов една палачинка со крем со малтитол, испешачив 15 мин и мерев шеќерот после саат беше 7.3 Значи кога имаш голема желба да јадеш нешто касни си ама пробај колку можеш помала количина и така со финти
Период е. И јас во втор семестар сакав и искрено јадев и благо и пица и сендвичи и бурек. Ама сега дека веќе поголема сум 32+3 и некако не можам. Повеќе сум на свежо овошје зеленчук и полесни ручеци.
Пред некое време кажав ќе пуштам слика ама немав најдено да купам Ова е чоколадото што не ми го крена шеќерот
Дали некој испитал шекер подоцна од тоа што треба и дали е веродостоен? Ќе почнам 9 месец..Ве молам искуства