Аххх Јас би еден ултра чоколаден сладолед Иначе до сега само оваа чоколада нема малтитол Другите сите што се вакви без шеќер и сл имаат малтитол, дури и од истиов бренд само оваа нема И реално може да касниш една редица Милка чоколадо после јадење и да испешачиш пола саат или две коцки барем Ама во тој оброк да немаш ништо друго од јаглехидрати И да е од сабајле или ручек не навечер
Da od ovie so stevia. Samo pa i stevia mnogu ne ja preporacuvaat. Mene najubava mi e mlecnata od ovie so badem. Zolto e pakovanjeto.
Да убаво е ама тоа има плус малтитол Па не е добро количински да се претерува Ама една редица колку за да си го измамам мозокот
А сте пробале ли да јадете сладолед, ви го покачува ли шеќерот? Јас во првата бременосг имав скриен шеќер и после сладолед и тоа повеќе топчиња сладолед, шеќерот не ми беше покачен. Исто и после пица не ми беше покачен. Најмногу после овошје се покачуваше, бел леб, сок еднаш пробав да испијам една чаша, ориз, млеко. Исто и секој ден после ручек јадев еден - два реда темно чоколадо со портокал, со 50% какао, со нормален шеќер и воопшто не ми правеше проблем. И урми јадев без проблем после ручек и после вечера за полесен пораѓај и со тоа никаков проблем немав. Најубаво е секогаш да се измери шеќерот после јадење на одредена храна и да се види како влијае, не мора да значи по дифолт дека чоколаден сладолед или ред чоколада ќе го покачат шеќерот.
Да, и јас имам приметено дека некоја храна што на друг му качува шеќер кај мене не, вчера запнав и си направив тортиче ама такво здраво со овес, банана, грчки јогурт... и го јадев со сладолед и тоа најобичен сладолед со шеќер, шеќерот ми беше 5.4 после еден саат
Здраво на сите. Имам покачен шеќер и ми дадоа апаратче да го мерам и морам да запишувам колку ми е пред јадење и после јадење. За една недела ми закажаа повторно термин, сакам да прашам дали до крајот на бременоста ќе морам да мерам шеќер и да припазувам со исхраната?
Зависи какви ќе бидат резултатите од мерењето. Со мерење ќе видеш која храна треба да ја избегнуваш, ќе знаеш што нема да ти го качува шеќерот и така ќе балансираш па нема да мора да мереш до крај, само понекогаш кога пробуваш нешто ново. Умерено овошје, повеќе месо и салата и ќе помине брзо времето. Биди принципиелна со храна инаку ќе мора терапија. Со лесно
Да се пожалам дека преку глава ми дојде од тие тонуси, леб на мама и слични интегрални чуда. Никогаш не сум била фан општо на леб или бели пецива ама од овие лебови веќе киселини мислам имам, не ми се џвакаат . Едвај чекам да се породам. Кажете каков леб јадете вие, нешто да сменам?
Јас си правев крекери од киноа кога бев со првото бремена и имав шеќер, со ова сега немам, среќа. Се остава киноата да отстои во вода цела ноќ, сабајле ја премиваш и ја ставаш во блендер. Додаваш 3 јајца, сирење, сол малку и сусам, а можеш и други семки и зачини. Блендираш се и на хартија за печење ја ставаш на средно ниво во загреана рерна на 250 степени. 5 мин на средни ниво, ја вадиш, ја сечеш на коцки со нож, па 5мин најгоре и 5 мин најдолу во рерната. Мене ми беа превкусни и воопшто не ми го качуваа шеќерот, уште си ги правам. Исто и мафини со сирење и спанаќ и р’жано брашно можеш да пробаш. Имаш доста рецепти на нет, најчесто како хроно рецепти можеш да ги најдеш.
Мислев по дифолт дека и во следна бременост би имала повторно гестациски, оваа ми е прва, добро е штом има надеж дека може да го немам во следна
Јас јадев Хаус, но во последно време воопшто не јадам леб. Се надевам дека си при крај, па ќе издржиме уште малку
И јас јадам тонус леб Секако одамна не јадам леб обичен ама и тонусот мислам дека го качува шеќерот ако каснам 2 парчиња на пример е повисок при мерењето Не знам за друг леб што не го качува шеќерот Ќе издржиш уште малку
Па и јас претходната бременост не јадев леб многу и јаглехидрати, па добив кетони во урина и бебето ми излезе помалецко, се обвинував себе си за тоа и не сакам да се повтори... Никако не си. 30 недела сум сега, не е баш малку до крај
Па кај најголем дел се повторува, дури знае и бетер да е во втората бременост, односно да мора да се биде на инсулин. Ама јас уште кога дознав дека сум бремена и добив зелено светло да бидам активна, почнав да пешачам и ја сменив исхраната превентивно и мислам дека тоа многу ми помогна за да немам шеќер во оваа бременост. 5 пати неделно правам по минимум 10 000 чекори дневно и 3-4 пати во неделата вежбам јога, немам нешто апетит и тоа што јадам, гледам да е здраво. Овошје намалив скроз, благо исто. Во првата бременост ставив само 6кг и мислев тоа е супер, во оваа сум само 3,5кг до сега 32ра недела ја терам, бебе минатата недела веќе беше 1700гр