И мене ми се случи истото со кетоните, јадев само месо салати малку овошје и млечни производи и добив ++ кетони, па морав да почнам и со леб и јаглехидрати. Верувам дека ти е тешко, но мора да издржиме, јас сум веќе 38, кога ми го открија гестацискиот ми беше многу тешко, потоа се навикнав да живеам вака.
Здраво девојки Бремена 36та недела Немав испитано скриен шеќер затоа што матичниот сметаше дека нема потреба а бебето уште од почеток си беше понапредно Појдов во приватна кај докторот што сакам да ме пораѓа и бебето е понапредно за 3 недели, плодова вода ок Ме прати за скриен шеќер да испитам, резултатите беа: На гладно: 5,0 ( до 5,1) По 1 час: 9,0 ( до 10 ) По 2 часа: 7,2 ( до 8,5) Вика да внимавам што јадам да бидам на диета Не се пазев и хранев здраво цела бременост од леб до благи работи, газирани сокови, дали можеби му имам некако наштетено на бебушот?
Девојки ретко олку високо ми е шеќерот после саат време 7.5 Ама изедов после оброк (краставица домат 1 парче тонус и зденка) две редици чоколадо Дорина стевиа и малтитол има Очигледно иако нема шеќер ми го покачува Или можеби тонусот Или можеби дека овојпат и двете во ист оброк А вообичаено ми е 6.5 а ми варира од 4.9-7.3 после саат од оброк Граница е 7.8 нели? Не можев да одолеам на чоколадото
Шеќерот ти е во границите Немаш причина за да се секираш Само убаво е да припазиш ама не мислам дека имаш гестациски дијабет
Види зденката колку масти има. Иако изгледа како здрав избор, продуктите со голем процент на масти можат многу да го покачат шеќерот. Ова ми е совет од другарка што има за жал дијабетес тип 1 дијагностициран уште на 9 год. Млеко, сирење, јогурт, зденки…тие продукти со што помала масленост бирај ги.
Zdravo rezultatite od gestaciskiot seker na gladno 4.3,posle 1 cas 8.5 I posle 2 casa 7.4 doktorkata ne mi e na rabota sestrata mi kaza nekoe minimalno pokacuvanje deka ke treba da pazam ke mi kazat dieta
Што ти кажаа, ок се? Не се разбирам мн ама мислам дека ти се ок рез, можеш да си пазиш и ради бебе а и ради себе. Јади си ама умерено. Еве јас денес си правев бурек,со готови кори, шеќерот 6.3 јухууу бев умерена не се прејадов. Ама душа на место
Женски веќе месев ипол мерам шеќер и до пред 2 недели ми беше супер шеќерот насабајле на гладно кога станувам од спиење. Но имав проблеми неколку дена по ред да е накачен, и затоа се консултирав со друг дијабетолог и тој ми воведе инсулин 6 единици само навечер. Навечер бидејќи кај мене шеќерот само некогаш наутро е покачен. На контролите ми имаат кажано дека мешето на бебето било малку поголемко и затоа се смета за проблем со шеќерот. Еве вчера и денеска сабајле шеќерот ми е пак супер, но од вечер мора да се боцкам. Од една страна имам страв, но од друга се ќе направам за и јас и бебето да бидеме добри. Кажете ми вие што сте се боцкале дали сте имале проблеми од кога ќе се боцнете со инсулин?
Претходните денови ми беше 3 дена во низа 6.1, па 6.8, 6.7. Денес и вчера ми беше 5.1. Исто така претходната недела имаше денови 2 дена висок, па потоа ден, два низок.
@Tinkerbell11 6,8 и 6,7 не знам дали е за инсулин, но сепак не сум доктор, зависи и од бебето, плодовата вода.... Ова можеш со храна да го регулираш. И кај мене се појавуваат слични вредности, но главно се движат од 5,9 до 6,4 последниве 2 недели (во 7ми месец сум влезена). Која недела си? Колку ти е шеќерот после 1 час од јадење? Нормално е да се зголемува шеќерот во последните три месеци, и затоа мора строга диета.
Скоро 30 недела сум. Саат време после јадење зависи од што ми се состоело јадењето. Доколку јадам салата со јадењето е супер, но доколку не припазам што јадам е висок. Конкретно вчера беше 8.2, а неќна 5. Бебето околу стомак 24.28цм, околу глава 27.30, тежина 1208гр. Тоа се мерките пред 2 недели, следна контрола имам следната недела. Докторката ми вели се е супер освен што се водело како големо. На упатот што ми го дадоа за дијабетолог пишува макросомија. Пс. Германија се строго водат по тоа, дека иако има мало отстапување мора да се преземат мерки. Маж ми е дијабетичар, јас сум со зголемена телесна тежина наводно и тоа допринесувало до појавата на шеќер и најверојатно и затоа ми воведоа инсулин.
И овде е строго и не држат под контрола. Јас одам на 2 недели на ендокринолог. И кај мене е поголемо бебето за 1 недела, но сите димензии и плодова вода се во ред. Тука некаде сме со неделите. Почеток на трет триместар и одма се покачува шеќерот. Како ти кажал доктор, така. Нема да имаш штета од инсулинот.
Само ми е страв од тоа дека како демек можело од инсулинот да ми се намали шеќерот и да ме стресе, и организмот да ми тражи благо. А јас бидејќи сум паничар не знам тоа како би било. Бидејќи маж ми работи во 3 смени. На прва, втора не би имала проблем во ноќна тој е дома, но кога е ноќна смена е тука веќе ми игра психата што би правела сама со 5 годишно дете.
Ноќе ќе спиеш и ништо нема да ти се случи. Ќе ти дадат доза која ќе биде соодветна, сигурно многу ниска.
Би требало да се направи после 2-3-4 месеци, така ми напомена ендокринологот. Јас планирам да го направам.