Докторите те праќаат да провериш скриен шеќер ако има некоја индикација за тоа, има трудници кои воопшто не проверуваат. Сепак, не е проблем и да направиш, ако така се чувствуваш посигурно.
И мене ми рекоа дека нема потреба. Ама ако сум сакала може да се направи - и тоа треба оваа недела, нели, ако лично сакам. Не знам дали сакам или не сакам. Ми се гади што ќе помислам на тоа за пиење.
@TeddyGrey Јас пиев 100гр шеќер растворен во вода, не ми беше гадно воопшто. Даваат и некаков друг раствор?
Поим немам што даваат. Општо освен коцка чоколадо ретко или лажица крем ретко - од се благо ми се гади. Затоа се гадам. Па и помислата на 100гр шеќер во вода ме тера на
Штом ти рекле дека нема потреба, не оди. Да има потреба, докторите сами ке ти речат. Е сега ептен ако ти е мисла, направи, ништо страшно. Гадничко е, ама... Некогаш гликоза даваат, а навистина не знам кој е критериумот за тоа на кои пациенти даваат шеќер а на кои гликоза. Знам и бремени жени кои пиеле шеќер, знам и гликоза, а пак знам и луѓе до дијабетес кои пиеле и тоа и тоа.
Денес бев до Авицена за проверка на гес. шеќер. Што мислите за резултатот? 4.9 на гладно,7,2 после два часа од испиениот раствор..
Ај ако некој знае да ми објасне..околу 5 недела сум и на првата проверка на крв глукосиото ми е 96 mg/dl а ноермално е пд 70 до 99..значи јас не сум надвор од границите но ми рекоа во бременост треба да е 92..колку има место за паника, значи ли тоа дека ќе имам дијабет и што треба да преземам во врска со храна и тие работи..докт.ми рече да избегнувам благо леб и тестенини ама јас секако ги јадев во мали количини..совет некој?
Јас утре од сабајле треба да одам вечер до 19 часот смеам да јадам после само вода.Таму ли ќе ти дават да пиеш иначе јас многу се гадувам од друго место а не па у болницата како што е се гадотија
Јас набрзина завршив...прво ми земаа крв од вената па ми кажаа да одам за пола саат и отидов ми дадоа голема чаша со вода имаше некои грутчиња бели и беше многу благо....2.3 пати се потрудив да го испијам малку ми се гадеше и на крај се повратив и таа сестрата кога ме виде некако извика на една друга оваа се поврати јас си помислив дека е нешто лошо ако го повратеш и ништо ми кажа само да сум одела кај матичната па да видеме што да правеме и толку
Денес правев скриен шеќер гладна и жедна ми дадоа да се напијам шеќер и вода крв од прст ми земаа 3 пати.. и вода се напив веднаш ми дозволија бидејќи се чека 3 часа.. резултат супер излезе
Не ти е рано тебе за тоа испитување. Јас мислев дека се прави од 24-28 недела. И баш од понеделник планирав да одам кога ќе бидам 25 недела. Па сега си мислам да не грешам за џабе да не си дремам.
За тоа докторот сам си одлучува не отидов со свој памет да правам анализа кој не сум ги правела никогаш прв пат ги правам докторот ми рече недела дена пред да дојдеш да ги направиш потребните испитувања.. е сега незнам колку има врска неделите со ова анализа.. 22+3