Гестациски дијабетес/Скриен шеќер

Дискусија во 'Бременост' започната од lolyta777, 5 април 2012.

  1. nikja

    nikja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    2.901
    Допаѓања:
    2.755
    Резултат од Огт тест,мислење од поискусни ве молам
     

    Прикачени фајлови:

  2. jagoda777

    jagoda777 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.516
    Пол:
    Женски
    Супер ти е :)
     
    На nikja му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ta-mara

    Ta-mara Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2019
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    685
    Пол:
    Женски
    Шеќерот се качува ако сме гладни или нема врска тоа не влијае на резз ?
     
  4. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.961
    Допаѓања:
    11.287
    Пол:
    Женски
    Не се качува, ама требаат 3 мерења, на гладно, откако ќе испиеш шербет, и пола саат после испиениот шербет.
     
    На Ta-mara му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Маша2024

    Маша2024 Активен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2023
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    76
    Пол:
    Женски
    Девојки, вие што имате гестациски помагајте, ми треба совет.
    Бремена сум 29 недела, веќе 2 месеци го контролирам шеќерот дома и го држам под контрола, но подледниве недели утринскиот ми е покачен границата е 95 јас сум некаде измеѓу до 100. Мислев дека е вечерата па променив тајминг, 18 часот, 19 часот, 20 часот. Резултатот ист. Пробав да каснувам нешто малку во 10 часот пред спиење, повторно утрото исто. Пробав да го мерам во 3 сабајле, затоа што на вечер пред спиење ми е ок некоја вредност околи 110, во 3 сабајле бил 104, и утрото 100. Ве молам помагајте оти веќе сум очајна. Да напоменам исто дека килажата ми е истата како пред бременоста, и бебе на последениот преглед одлично.
     
  6. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.211
    Допаѓања:
    4.697
    Пол:
    Женски
    Може да ги пресметаш вредностиве во mmoll/l? Кај нас тие единици се применуваат.
    Ми се чини се дели со 18.018, но не сум сигурна. Ако е така, кај тебе шеќерот е околу 5.5 што е одлична вредност.
     
    На Маша2024 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Маша2024

    Маша2024 Активен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2023
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    76
    Пол:
    Женски
    Јас сум во Германија и дијабетологот ми рече границата на гладно е до 95 а 1 час после јадење до 140.
    100 mg/dL ÷ 18 = 5.56 mmol/L
     
  8. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.211
    Допаѓања:
    4.697
    Пол:
    Женски
    Да, толку е, како што и јас пресметав. Одлична е вредноста, без гајле. Не може на сите да им биде 5.1.
    Кај мене се движат од 5.7 до 6.3 наутро пред јадење, а по јадење до 7.5-7.6. За овие вредности не ми дадоа инсулин. Со храна ги одржувам.
     
    На Маша2024 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    4.315
    Јас сум исто во Германија, имав во првата бременост скриен шеќер. Пробај порано да вечераш, јас ако не се лажам последен оброк ми беше околу 17:30 и дури утрото накај 9 доручкував. Исто пробај и да пропешачиш ако можеш после вечерата, може ќе помогне. Вредностите после вечерата ти се океј? Баш секое утро на гладно ти е покачен? Братучетка ми исто вака имаше утрински покачен, никако не и се симнуваше и и дадоа инсулин. Дури и така да е, ништо страшно, не се секирај.
     
  10. Маша2024

    Маша2024 Активен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2023
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    76
    Пол:
    Женски
    Сум пробала да вечерам во различно време, во 18, 19, и 20 часот. И пак исто е. Пробав и да измерам уште еднаш во 3 наутро да видам што се случува, изгледа слабо паѓа во текот на ноќта, затоа наутро ги имам тие вредности. Инаку сум доста активна во текот на денот од 7000 до 10 000 чекори. Подледно дијабетологот ми рече навечер во 22 часот пред спиење да каснувам по нешто, не ми држи вода тоа мене.
    Кажими на кои вредности и дадоја инсулин на Братучетката?
     
  11. Маша2024

    Маша2024 Активен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2023
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    76
    Пол:
    Женски
    До пред 2 недели варирав наутро од 90-95. Али сега во последно незнам до кај 100 оди, затоа и се нервирам, незнам што повеќе да направам.
     
  12. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    4.315
    @Маша2024 тука некаде и беа и неа вредностите, не и беа многу високи. Не памтам точно, ова од пред 3 год кај неа, плус она и во Швајцарија е, таму мислам уште построго е од овде. Викаш дека си 29та недела, а веќе 2 месеци контролираш шеќер или јас погрешно разбрав? А нели тестот за шеќер се прави после 24та недела? Да не имаш некои предиспозиции, па од толку рано те тестирале? Имаш ли меѓуоброци? Што вечераш?

    Јас знам дека имав само главни оброци, меѓуоброци немав, ако баш сакав нешто благо, морав одма после оброк да јадам. Од овошје, само јаболко јадев некогаш после доручек. Полномасно млеко, сирење со многу масти, јогурт - бриши тоа се. Бело брашно и производи од бело брашно - исто, само фолкорн продукти. Леб јадев само на доручек, ама гледав да имам јх во секој оброк. Исто одлично е што пешачиш, ако имаш зелено светло од доктор, пробај и да вежбаш. Вода исто минимум 2л на ден. Тоа мене многу ми помогна.
     
  13. Маша2024

    Маша2024 Активен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2023
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    76
    Пол:
    Женски
    Пред да останам бремена ми е констатирана инсулинска резистенција, затоа толку рано ме следат за гестациски. Имам и меѓу оброци, во текот на денот шеќерот е супер до кај 120 макс. Стига. Мене утринскиот ми е проблем. Вечера сум пробала секако и различни тајминг. И со салата било горе долу исто изедена во 19:30 часот.
     
  14. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    4.315
    Немаш простор за грижа, те следат. И да ти ги пратам моите листи од мојатата бремност за правци на исхрана, сигурно твојот дијабетолог те советува и следи постојано, верувам дека си во сигурни раце и си имала обука околу исхраната. Некогаш е така како што е, дури и да шприцаш инсулин, не е ништо страшно. Братучетка ми не само што внимаваше, дури и цела бремност и се лошеше и повраќаше, ја заврши бременоста со само +4кг и пак мораше инсулин да прима. Во 95% од случаите после бременост се губи дијабетесот, кај мене вториот ден после пораѓај беше како никогаш да не сум го имала, а кај некои бремени дури и при крајот на бремноста веќе се стабилизира. Еве сега сум со второ бремена, наредна недела ми е термин за пораѓај, во оваа бременост воопшто немам скриен шеќер.
     
    На Маша2024 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Маша2024

    Маша2024 Активен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2023
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    76
    Пол:
    Женски
    Фала ти за утехата. Кажими не беше гладна ако последниот оброк ти бил во 17:30 часот ?
     
  16. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    4.315
    Мене последниот оброк, тој во 17:30 ми беше како ручек, доста обилен, бидејќи маж тогаш си доаѓаше од работа и јадевме заедно и немав проблем, ме држеше сита до сабајле.

    Доручкував во 9 наутро, ручав во 13 попладне, ама ручекот ми беше полесен, како вечера му доаѓаше, вечерата во 17:30. Ако бев гладна до спиење, знаев шака несолени јатки (мешавина од индиски, бадеми и кикирики) да земам, не повеќе од 40-50гр, конкретно јас тие што ги јадев ги земав од нетто маркетите. Пример за едно дневно мени од тогаш:
    Д: 3 мафини од ржано брашно со спанаќ и сирење + грчки јогурт + патлиџан
    Р: омлет од 2 јајца со рендан морков + лажица овес внатре + краставица и маслинки и секогаш после ручек јадев или пола протеински пудинг или ред темно чоколадо со портокал
    В: нешто класично зготвено - мусака, ориз, месо пилешко, гиро месо со сос , макарони од цело зрно со сирење, па и пица ми се случуваше да јадам и слично + голема порција салата.

    После доручек секогаш пешачев 45 мин, после саат време знам дека морав да мерам шеќер.

    Пробај еден ден, види како ќе се осеќаш. Сега пример во оваа бременост од сам старт имам гадења, киселини и повраќања, па последен оброк ми е во 16 часот, за да можам да спијам навечер. Ако јадам покасно, ужасно лошо ми е. Сега бетер, ама се е навика.
     
  17. Joanna28

    Joanna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.135
    Пол:
    Женски
    Со упат од општ матичен во SynLab со три боцкања само во Кисела Вода испитуваат?
     
  18. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.961
    Допаѓања:
    11.287
    Пол:
    Женски
    И во Авицена има, ама недела две претходно треба да им се јавиш за да те закажат.
     
    На Joanna28 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Astrum.Obtutus

    Astrum.Obtutus Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    496
    Пол:
    Женски
    Јас скоро бев, еден ден претходно се јавив ми закажаа за нареден ден. Ми кажаа дека во Тафталиџе само правеле.
     
    На Anie93 и Joanna28 им се допаѓа ова.
  20. Joanna28

    Joanna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.135
    Пол:
    Женски
    Во Авицена Тафталиџе сум била, знам имаат удобни фотељи за седење додека се чека :wasntme: а SynLab Кисела вода, како е?
     
    На Astrum.Obtutus му/ѝ се допаѓа ова.