Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гестациски дијабетес/Скриен шеќер

Дискусија во 'Бременост' започната од lolyta777, 5 април 2012.

  1. hajdi88

    hajdi88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    6
    Исто и јас многу вода пиев, кај мене посебно навечер после вечера со парче бел леб, нешто благо, не можев да се изнапијам вода. Бев околу 16та недела и докторот ми вика нормално е да чувствуваш повеќе жед, рано е за скриен шеќер не е тоа. Јас си купив сама апаратче за мерење шеќер од прст и прв пат измерив шеќер 1 час после појадок бел леб со ајвар и цеден сок од портокал и резултатот беше 10, а препорачливо е 7.4 по 1 час. Првите неколку дена правев комбинации на јадење со и без бел леб и благо и кога бев на режим на исхрана без бел леб и благо шеќерот ми беше во границата, ако вметнам малку бел леб или тестенини одма над границата, така да сама си се дијагностицирав и не чекав да го правам тестот за скриен шеќер. Мој совет ако имаш можност купи си апаратче за проверка на шеќер дома и види како ќе ти бидат бројките на гладно ( треба под 5-5.2) 1 час по оброк ( под 7.4) и 2 часа после оброк (под 6.4) и види комбинации на јадење како влијае на резултатот ( еден ден вклучи леб, друг ден истото јадење без леб и спореди резултат). Јас го контролирам шеќерот со исхрана, не јадам воопшто бел леб , јаглехидрати и благо. Проверувам секој ден од прст на гладно и понекогаш после ручек ако вметнам малку компир или некој јаглехидрат да видам како влијае. Мене исто ми се качува шеќерот ако јадам и компир, пире, шпагети, па се од ова го јадам во екстрмно мали количини обавезно со протеин. За појадок секој ден две јајца варени со павлака и малку ајвар на страна или авокадо. Ручек месо со салата, вечера некоја комбинација од салата или домат, сирење, маслинки, авокадо, бадеми... Од сок пијам само цеден лимон, внимавам и на овошје кога јадам да комбинирам со јаткасти плодови.
     
    Последна измена: 5 декември 2025
    На US.ER.1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. US.ER.1

    US.ER.1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2022
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    А со плодот ? Дали беше поголем и понапреден?
     
  3. hajdi88

    hajdi88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    6
    Да, беше поголем но бидејќи се ставив на режим на исхрана без јаглехидрати и шеќери почна да се намалува големината во нормалните вредности. Главно зошто се посомневав за скриен шеќер е бидејќи бев многу жедна и плодот беше поголем.
     
  4. 88Bubace88

    88Bubace88 Активен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2023
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    Здраво мешиња,
    Денес правев скриен шеќер во Авицена, приватно 870 ден наплатија. Таму си отседнав два и пол саати. Си земав книга за читање. Резултатите се ОК ама мене некако многу ниско ми се гледа шеќерот.
    Прво боцкање резултат 4,4 (реф трудни до 5,1)
    Па течноста
    Па после 1час резултат 6,6 (реф трудни до 10)
    Па после 2час резултат 3,9 (реф трудни до 8,5)
    Баш мислев дека повисоки ќе ми бидат вредностите…си кркаме и благо и леб тесто се…ова нешто ме изненади.
     
  5. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.367
    Допаѓања:
    12.007
    Пол:
    Женски
    Денес добив одговор од ендокринолог дека немам гестациски дијабет, но веројатно имам хиперинсулинемија.

    Прво боцкање: 3.9
    Второ: 5.5
    Трето: 4.3

    Некоја со вакво искуство?
    Како се доиспитува тоа?
     
  6. Nita

    Nita Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2009
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    40
    Здраво ,денеска праев скриен шекер и Hba1c -4,99
    Гликемија на гладно 4,99
    После еден час 11.3 граница 10
    После два часа 8.9 граница 8.60
    Има некој искуства
    Позз
     
  7. Ta-mara

    Ta-mara Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2019
    Пораки:
    493
    Допаѓања:
    922
    Пол:
    Женски
    Не знам дали е оваа тема наменета само за бремени , ама не можам да најдам слична , треба да правам некои испитувања каде што мерат и шеќер , бидејќи имам добиено , дали тоа може да покаже повисок шеќер на гладно или не влијае ? Фала однапред
     
  8. livethelife

    livethelife Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2023
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски
    Женски може ли искуство со синлаб? Дека преку матичен е 38 денари дали сте задоволни? Во авицена скоро 900 ден а не сфаќам што е толку разликата
     
  9. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.107
    Допаѓања:
    8.116
    Пол:
    Женски
    Еве јас правев прва бременост авицена, втора синлаб
    Во синлаб имаш со упатот две боцкања. На гладно и после 2 часа. Миислам дека 150 денари ако доплатиш боцкаа уште еднаш, ама јас не сакав вториов пат, пошто знаев дека ќе имам скриен шеќер пак, па само 2 пати се боцнав. Во синлаб даваат грутка шеќер растворена во пластична чаша и е тешко да се испие се, пуштаат дома и се враќаш после 2 часа.
    Авицена не знам дали имаат опција за со упат, ама во глобала ова што сега е 900 денари а беше 500 пред 6 години, е пиење на растворена глукоза, нема грутки шеќер и нема одење дома, седиш таму и те боцкаат 3 пати, на гладно, после 1ч и после 2ч.
    Ете тоа се разликите, ама кај мене во резултатите немаше разлика 2та пати. Само синлаб повеќе место за грешка има во тестот ако не испиеш се пример или дома не почитуваш што ќе ти дадат инструкции. Ако сакаш веродостојни резултати, треба:
    1. Да се потрудиш да го испиеш цел шеќер сосе грутки
    2. И да отидеш дома да не пиеш мн вода, да не јадеш и да не се движиш многу, повеќе да мируваш.

    И тоа е, синлаб е сосема ок за скоро бесплатно.
     
    На livethelife му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Макаронкаа

    Макаронкаа Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    60
    Пол:
    Женски
    Во која недела се прави испитување за скриен шеќер?
     
  11. livethelife

    livethelife Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2023
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски
    Srci fala ti mnogu za odgovorot pa ke se potrydam da ispijam se i ke cekam tamu ako ima opcija so 3 meranja uste podobro nz sto da kazam....
    Valjda ke bide verodostoen rezultatot ne sakam taka da si mislam
     
  12. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.107
    Допаѓања:
    8.116
    Пол:
    Женски
    Има опција со 3 мерења, само се доплаќа. Може ќе ти речат дома да одиш и тогаш, не знам. Во авицена имаше едно како мини софа за седење, синлаб столчињата не им се баш удобни :D.
     
  13. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.511
    Допаѓања:
    19.408
    А зошто 900 денари јас земав упат од општ матичен за авицена, не прашав колку ќе доплатам ама сигурно ситно... ќе ти кажам баш во сабота ќе одам
     
  14. Lostinparadise

    Lostinparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2019
    Пораки:
    850
    Допаѓања:
    2.357
    Пол:
    Женски
    Најверојатно ќе морам да почнам да се боцкам инсулин поради покачен шеќер на гладно.. Дали некоја од вас се боцкала и до кога? До пораѓај или и после пораѓај? Дали се пораѓавте природно/царски..? :worried:
     
  15. ani23

    ani23 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    978
    Допаѓања:
    1.443
    Пол:
    Женски
    Ако сега ти го насле до порагај,после се регулира само и треба физчка активност.Препорачуваат царски.
     
  16. Lostinparadise

    Lostinparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2019
    Пораки:
    850
    Допаѓања:
    2.357
    Пол:
    Женски
    Имам од претходно дијабетес тип 2 но не пиев ништо, сега во трето тромесечие почна да ми се качува некои денови на гладно, по јадење се океј..
     
  17. ani23

    ani23 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    978
    Допаѓања:
    1.443
    Пол:
    Женски
    Штом го имаш од порано знаеш пази на исхрана многу со лебните едници што ке ти ги дадат,дури и помалуку јади освен протеин и зеленчук.После бременост ти останува исто,освен ако немаш килажа многу во плус.
     
  18. Lostinparadise

    Lostinparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2019
    Пораки:
    850
    Допаѓања:
    2.357
    Пол:
    Женски
    Пазам на исхрана и последен оброк ми е до 18h. А за тежина имам качено 1 кг само, 34 нед
     
    На ani23 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.511
    Допаѓања:
    19.408
    Во авицена со упат од општ 34 денари доплатив за скриен шеќер со 2 боцкања.
    Другите трудници беа скоро сите со 3 боцкања ... не разбирам зошто едни вака други така, заради индикации даваат со 3 или?
     
  20. Ta-mara

    Ta-mara Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2019
    Пораки:
    493
    Допаѓања:
    922
    Пол:
    Женски
    Затоа што преку матичен плаќаш помалце и затоа се две на приватно се три и плаќаш повеќе тоа е само разликата .
    Туку кога сум веќе тука , зашто овде границата на гладно е до 6,4? И дали ми е ок овој резултат?
    IMG_20251227_091503.jpg