И јас вчерс бев на ендокринолог и ми рече подобро инсулин отколку апчиња некоја терапија а ајас пред да забременам пиев метформин 850 ,да одам по друго мислење или да почнам со инсулин.
Истиот случај и јас го имав како тебе, некаде 8ми месец во бременост ми се појави само наутро на гладно да ми е покачен, а претходниот ден гледав последен оброк да ми е накај 17 часот. Пазев и на исхрана, мерев после секој оброк гледав што ми качува, што не. Инаку се боцкав со инсулин скоро еден месец само навечер најпрвин со две единици па пак ми беше висок, па после неколку дена зголемив на три единици и тогаш ми се стабилизираше. Прекинав со инсулин откако се породив, така ми беше кажано од ендокринолог. Мерев шеќер на гладно следниот ден откако се породив, без да се боцнам со инсулин, и истиот ми беше 3.6. Сега ми е супер, не примам апчиња ништо, не ни пазам на исхрана. Се породив царски.
Да се пријават и јас овде, како тазе дијагностицирана. Резултатите, со чат гпт комвертирани затоа што овде имаат друга референтна табела: Утринска гликемија (на гладно): 86 mg/dL — нормално (испод критериум од 92 mg/dL) 1 час по оGTT: 196 mg/dL — над критериум (≥180) → патолошки 2 часа по oGTT: 166 mg/dL — над критериум (≥153) → патолошки Моментално сум 27+3 недела, а претходната недела (негде при крај на 26та) бев на гинеколог, ми рече дека се е ок. Јас не сум многу здебелена, околу 5кг, бебе беше 30цм и 1кг100гр. Ве молам за совети затоа што навистина трауматично си ја сфатив дијагнозата. Има ли некоја со слично искуство во Германија, затоа што сум комплетно overwhelmed
Здраво, некоја трудница што се боцкала со инсулин ако може помош.. Имам гестациски дијабет, бев кај приватен ендокринолог ми препиша глукофаж и инсулин, но не ја знаеше постапката од каде да се набави инсулинот, а во моментов тие не располагале со инсулин во болницата.. Дали може некој да ми објасни од каде да го набавам имам само извештај од приватниот ендокринолог, во друга аптека прашав рекоа не може.. ако сте имале искуство.. благодарам
Јас се боцкав некаде при крај на бременоста, со извештајот подигнав инсулин во поликлиникава во мојава општина има инсулинска аптека. Ако си од Скопје види во поликлиника Букурешт таму имам порано земано, или по другиве клиники зависи од каде си. Глукофаж мене ми дозволи ендокринилогот да пијам од 35-та недела, претходно не, а пиев пред да останам бремена па ми го прекинаа на почетокот.
Јас исто живеам во Германија,денес правев тест за глукоза во 24+4 недела. Кај мене покажа 178mg/dl ми рекоја дека мора да посетам специјалист.
Devojki preporacajte kade da se ispita skrien seker i od kade zimate upat, ginekolog ili opst maticen, fala
Општ, зависи од каде си, синлаб кисела вода, авицена тафталиџе, а биотек прашав мислам накај ѓорче таму прават само, не ми одговараше локацијата мене не запамтив точно.
Дали скриен шекер има поврзаност и може да има индикации и со обичната крвма слика ? Глукоза? Секогаш ми е со нормални вредности а чуствувам мн жед
Да, гликозата ќе ти биди покачена, но не мора да значи. Ова е скриен шеќер што се јавува при оптеретување, односно ти даваат да испиеш гликоза па ти мерат по еден сат, па по два.
Ако не ги измијам рацете со сапун пред боцкање, шеќерот е 6.0. Ако ги измијам рацете со сапун пред боцкање, шеќерот е 5.3 - 5.5. (за утринско мерење станува збор) Што е валидно?