Не знам искрено како е правилно. Никогаш не ми кажале. Цела бременост мерев дома пред да правам крвна слика и секогаш на домашното мерење од прст ми беше повисок за 0,5-0,6 од тоа од вена. Тогаш не обрнувава многу внимание на миењево со/без сапун. Ти имаш приметено разлика?
Искрено не сум приметила разлика,плус јас од скоро почнав дс мерам баш ке видам. Само добив совет од нив раце да мијам со вода без сапун,и пред да се боцнам да ја пребришам раката со хартија.
Исто сум и јас 2јка со тоа што до сега бев само на 1х1000ХР глукофаж, но сега зошто сум во 5та недела никако утринскиот не ми паѓа под 6.6, а ми е кеиво зошто од дијагноза па навака никогаш не сум дозволила да ми се покачи сега, иако пак внимавам, неќе и неќе да се нормализира. Ме ставија на Тресиба 2 но ми го тргнаа глукофажот. Ќе видиме баш како ќе тера. Иначе јас го добив дијабетот поради недијагностициран гестациски дијабет со првата бременост (поради Короната)… така што топло ви препорачувам да издржите и да не попуштате А @Lostinparadise убаво ми дојде кога видов дека не сум само јас со Т2Д те молам сподели ми искуство како помина до сега, не мора овде да спамаме може и во дм, ќе ми значи многу!
Здраво, денес при крвна слика шеќерот ми беше на гладно 6.3. Ќе испитувам сега скриен, туку прашањето ми е, дали преголем претрпен стрес може да влијае? Периодов имав големи стресови, а вчера толкав што плачев речиси цел ден, потечена отидов да испитувам крв. Дали може макар минимално да се покачи?
Стресот премногу влијае и тоа како може да го покачи шеќерот. Јас вејќе сум со дијагноза гестациски дијабетес,докторката дури ми даде совет да прекинам со работа за да не се нервирам и да немам стресови,бидејќи тоа многу може дс влијае нс резултатите.
За жал моите стресови се од дома. Денес ми мереа од прст, 4.8 излезе, но денес сум смирена, не како вчера под огромен стрес. Верувам дека не може да има голема отстапка и да е повисок....
Не се оставај така. Јас имав гестациски, на клиника без јадење кога се пораѓав ми го мереа цело време, ми паѓаше така околу 3, ме тераа да јадам. Нормално е дека ќе ти паѓа без храна и јаглехидрати, зошто правиш експерименти?
За да видам дали може да се контролира со храна. Не дека бев без храна, но не беше богата со јаглехидрати, а пример испив 1л јогурт вчера, па потоа прочитав дека го качува шеќерот, дури мислев повисок ќе ми биде....
Секако дека се контролира со храна, како инаку (освен ако не е екстремно висок). Правеше испитување за скриен?
Дали имате покачени кетони во урина откако ви имаат кажано дека имате гестациски дијабетес? Мислам не цело време покачени,понекогаш само.
Имав, претходната бременост на секоја мокрача, сега само еднаш мислам излегоа. Кетони излегуваат од кето исхрана без јаглехидрати.
Како долгогодишен боцкач, не се согласувам со ова. Не може чист прст да не е веродостоен, баш напротив, доколку си допрела во меѓувреме нешто што содржело шеќер, бројкта што ќе ти излезе може да те извади од памет. Зборувам од искуство, секогаш чист прст (дури и со алкохол сум се дезинфицирала) и секогаш бројките ми биле горе долу исти со тие преку вена.
Јас само се водам според тоа што ми го препорачаа,искуство немам досега со такви работи,прв пат во бременост сега имам проблемм со шеќер. Нормално дека рацете треба дс бидат чисти за веродостојни резултати,ама дали ке ср мијат со вода или со сапун не знам дали тоа има некоја улога. Сите различно кажуваат.
И какви совети добиваше од докторите ради поксчени кетони? Мене ми рекоја се додека не е премногу и цело време екстремно покачени нема простор за грижа.
Да да, не го кажувам ива како критика кон тебе, туку кон оние што ја дале насоката чисто, ако некогаш ти излезе страшна бројка пробај пак со чисти раце да не се потресуваш од старт
Ништо посебно, тоа е, од исхраната. Само да не се претерува со диета. Јас од откривање на гестациски двете бремености ни кило плус не качив. Вторава па и поубаво развновидно се хранев, крвта топ до крај ми остана.