Присуството на кетони е резултат на исхраната што се практикува при гестациски, кето, со помалку јаглехидрати. Или ако не пазиш на исхрана може да значи дехидрираност.
Имам присуство на кетони, сеуште немам направено тест за гестациски, а воедно не пазам на храна, а во делот со вода се трудам да пијам барем 2л дневно што мислам дека е добро.
Прашај го докторот тогаш, јас имам искуство со кетони по некој месец пазење на исхрана, инаку пред тестот не сум имала..
Правев испитување, повисоки се резултатите. Дали некој имал слични? На гладно 5.6, прво боцкање 9.7, па 7.9. Дали ова се регулира со исхрана или мора терапија?
Не се толку страшни, до 10 беше мислам за прво боцкање, а за второ до 8.5. Јас бев 11 со 9.3 па не ми дадоа терапија, така да ти не си ни над граници, припази само малку на храна.
Испаѓа дека само на гладно ми е повисок, штом ова се референтните за трудници. 5.59 на гладно....Не знам што да мислам, дали е гестациски или не, ќе ми каже докторот после Плус воопшто не сум поправена, 29та недела со плус некои 4кг. Стомакот според мене ми е помал за 7ми месец, така бев и со првото.
Можно е, не се стресирај дополнително за ова, припазувај на храната, не пиј сокови, намали леб, благо, тестенинј, овошје не претерувај. Две деца родив со гестациски, никаков проблем немаше.
Мислење ваше за резултатов, огтт правен во 27+5? Прво боцкање 3.3, второ 4.5, трето 3.7 На други крвни анализи, во друга лабораторија каде што редовно следам, глукоза на гладно се движи од 4.3 до 5.