Оф леле искрено и не очекував нешто подобро од ова ама барем резултатите да ти биле целосни.. немам коментар баш се замислив затоа што ваму со цената малку претерале ама тоа е што е, барем само еднаш се испитува тоа е утешно
Да, јас. Во глобала задоволна сум, иако отидов вчера и ме вратија за денес бидејќи немаа глукоза. Така да, ако си од помал град ѕвони си прашај кога да одиш.
Колку боцкања ти правеа за 3 саати? Тестот се изведува за два часа! Прво боцкање кога ќе отидеш, второ боцкање по еден час и трето боцкање по два часа. За трудници најважно е боцкањето по 1 час.
Од вена. Но, во лабораторијата во поликлиника Чаир боцкаат од прст после 1 час, па од вена после 2 часа. Најдобро е тестот да се прави на клиника, во центарот за дијабет. Даваат и насоки за храна, што не е случај за приватните лаборатории (ова од искуство го кажувам).
На клиника даваат упатство. Се јаде 150 г чоколадо или други слатки 3 дена, а потоа следи боцкање. Досега и јас на приватно правев и никој не се замара да објасни како се изведува правилно тестот. Во прст можеш и сама да се боцкаш, не ти треба лабораторија. Непрофесионални....и колку ти наплатија?
Не знам точно, бидејќи и други анализи правев. Кај нас не ни има опција на државно да се испита, немав друг избор
Дали некој има испитувано скриен шеќер на клиничка биохемија или во поликлиника Јане во Аеродром? Дали треба да се закаже или не е со закажување?
Лаборатории правам на клиничка биохемија, немам правено скриен шеќер, ама трудници не чекаат имаат предност само треба да се пријавиш на шалтерчето и одма ќе те пуштат. Резултати за неколку саати стигаат на мое здравје. Ама ко што реков за скриен не можам да кажам, за обична е така.
Здраво, дали може да споделиш што сѐ испитуваат со хемостазата на државно? Јас треба да испитам наредна недела, но матичната не ми кажа што точно, а од различни лаборатории ми даваат различни „пакети“ (PT/INR, aPTT, ТТ тромбинско време и фибриноген). Фала ти.
Тромбинско време, протромбинско време и активирано парцијално. Д- димери и тромбоцити . Кај мене тоа проверуваа два пати до сега. Може кај други трудници има потреба од подетални анализи, не ми е познато што сЕ вклучува панелот за хемостаза