Денес испитував гестациски шеќер, резултатите ми се во ред. На сите трудници им посакувам лесна бременост, со уредни резултати и уште полесно породување Инаку, првпат се боцка во вена на гладно, ако тие резултати се во ред, после 45мин,се пие чаша вода со гликоза, се чека 1 час и повторно се боцка вторпат, па пак после 1 час е третото боцкање. И откако ќе се испие чашата со гликоза, не се пие и јаде апслутно ништо.
Фала ти што сподели. Каде испитуваше? Јас закажав во Авицена во 7:30 и се секирам од сега како да не јадам ништо 10-12 саати пред испитувањето хаха Дека секое сабајле станувам жива гладна и без овошје, колаченце не излегувам од дома
Во Здравен дом - Штип, на државно, не се плаќа партиципација, задоволна сум од третманот, а и воопшто не чекав ред... Напротив ме пуштија, оти нели трудница.... И вчера си јадев вечерта нормално околу 20 ч, а утрото пиев само вода, се додека не ми дадоа да ја испијам чашата со гликоза,потоа не... Ако си благар нема да имаш проблем со шеќеровата вода Првпат ме боцнаа околу 8 ч, наутро. Патем и јас гладна се разбудив и се грижев како ќе издржам 3 ч, без храна, а 2 и без храна и вода, оти повремено ми се лоши и ми паѓа притисок, ама ете сѐ помина во најдобар ред....
Јас книга си носев и си читав. Очекував дека ќе е цела вечност, ама искрено пребрзо ми помина времето. Иначе многу е битно да го пиеш полека во рок од 5 минути шеќерот, ако го испиеш наеднаш може да ти се згади и да повратиш. Ако повратиш, ќе мора да се прекине испитувањето. Затоа полека малку по малку и ќе го издржиш, ова од некој што не е љубител на благо.
Здраво..денеска испитував гестациски шеќер..овие се резултатите на гладно 5.03 по 1сат 7.9 и 2 сат 6.3 дали се во ред ако можете да си кажете секако дури чекам докторот да ми потврди позз
Мислам дека ти се во ред, првиот пат после испиената вода со гликоза треба да се качи шеќерот, а потоа да падне...така ми објасни сестрата на мене. Секако доктор треба да ти потврди, со лесно...
Zdravo nekoj da spodeli iskustvo mi izleze pokacen sekerot koga ispituvav gestaciski a eve denes go meram doma na gladno I dva saati posle jadenje si e 6 ?
Па добро на тестот премногу големо оптеретување правиш, затоа и скока толку. Пази си на храна и немаш гајле.
А колку е после еден час? За трудници е важно да се провери 1 час по јадење. Не треба да е повисоко од 7,8.
Мислев 1 час после јадење, дали тогаш си мериш? Не кога си пиела глукоза. Колку ти е на гладно, а колку по 1 час кога мериш дома? Што ти кажаа? Со храна ќе регулираш?
Pa ne sum bila kaj endokrinolog od deneska pocnav da pazam sto jadam I da meram deneska 1saat posle pojadok bese 9.1 a posle 2 saati 5.6 posle rucek pak merev 2 saati od koga jadev bese 6.6
9,1 е високо. Валидно е само по 1 час за трудници. Внимавај си на храна и консилтирај се со ендокринолог. Покачен шеќер не е добар за бебето.
Дали се океј резултативе ако некој се разбира на гладно 4.71 после 1 час 6.86 после 2 часа 6.24 26та недела
Мислам дека се во ред после испиената чаша со гликоза шеќерот се покачил, а потоа опаднал... Секако, прашај си лекар.
Ме бунеше што после 2 часа и после 1 час резултатите се скоро идентични, се надевам во ред е, матичната ми е на одмор, ќе ги однесам понеделник на општ матичен
Не се баш исти. По 2 часа е уште пониско, и сигурно се симнало и под 6 за уште еден час. За трудници важен е првиот час и тој не треба да надмине 7,8. Кај тебе се одлични сите три вредности. Со лесно бременоста.
Колку плаќате во Авицена? Ми рекоа 1100 денари ако е со 3 мерења (2 пиења гликоза), односно тоа е на приватно, а ако е со упат тогаш е само со едно пиење и поефтино беше, заборавив колку точно.