Јас платив 1.100 денари за трите мерења во Авицена, задоволна сум од услугата. Повтино ти е во Синлаб 580 денари е со три боцкања. А на Државна може со упат, нз дали е целосно бесплатно или се плаќа нешто ситно.
Zdravo , ve molam za mislenje dali se visoki vrednostite Prvo merenje : 4.4 Vtoro merenje : 8.4 Treto merenje : 7.8 Vtoroto merenje bese obelezano so potemna boja kako visoko, dali ima nekoj so vakvi vrednosti
Не се добри резултатите. Второто мерење скоро воопшто не е намалена вредноста. Ќе одам кај матичната за некој ден со резултатите. Што следува сега? Се изненадив искрено, досега на сите крвни слики од Биотек шеќерот ми беше околу 4.5, отидов да испитам скриен шеќер само формално, сега се шокирав. 26та недела сум.
Исто и јас се изненадив кога ми најдоа скриен шеќер кај мене беше дури повисоко на второ мерење околу 12 и беше паднат на 10 на трето мерење,сепак високо. Јас го регулирав со исхраната,би требало исто и ти така дс пазиш што јадеш и сигурно ке треба да го пратиш колку ке ти биде после оброк шеќерот.
Девојки, над која вредност (во mmol/L) не треба да биде на гладно? Во Синлаб правев со три боцкања, после 60 и 120 минути резултатите се во ред, а на гладно (после 12 саати fasting вредноста) ми е 5.2 mmol/L. На референтните вредности од Синлаб стои дека нормално е до 5.6, ама на нет читам за трудници до 5.1 било. Па, да ве прашам дали некоја имала искуство со слични вредности на гладно? Фала ви <3
Ти дадоа некое апартче за мерење дома сама да следиш? Се опседнав после резултативе, ништо не ми се става во уста. Дали после еден месец пак одеше на тестирање огтт?
Да добив апаратче,морав да мерам 5 пати во денот да запишувам и да запишувам што јадам плус за да знам што ми го качува шеќерот а што не. А на повторно тестирање ке одам овај месец,три месеци после порајѓај имам тестирање да видиме дали се вратил во нормала.
дали некоја правела скриен шеќер на клиничка биохемија, и ако може да ми кажете како изгледа процесот? кај се чека таму, малце ми е хаотично местото?
Малку касно одговарам ама доколку се уште не сте направиле вака оди процесот Сабајле во 7:45 најдобро е да бидете пристигнати пред кл.биохемија , колегата лаборант што е на смена ви зема крв и се мери првично гликемија на гладно. Потоа пиете 75г глукоза растворена во 150-200 мл вода и седите на столче 1 час , после 1 час повторно ви се зема крв и се мери гликемија , потоа седите уште 1 час и пак се зема крв и после вториот час и тестот завршува. При изведување на тестот не смее да се пуши, да се раздвижувате или да пиете голема количина вода или др течности.
малце разгалено прашање ама дали се се одвива во гужвите во ходникот? Чекањето? Со минатата бременост во Авицена правев ама сега докторката инсистира на клиника да правам.
Не е во гужвите во ходникот, внатре кај боцкалните има столчиња и таму се седи. Е сега ќе гледаш луѓе како влегуваат и излегуваат од боцкање ама не се туркаш буквално со нив така да се издржува. Не се нај нај услови ама тоа е што е. За жал нема посебна просторија за изведување на тестот, ама не е во никој случај во ходникот. Имате предност како трудници и не чекате за боцкање , веднаш штом стане пациент или се ослободи столчето редот ви припаѓа вам. Помеѓу 24 и 28 недела зависно од препораката на докторот.
Дали некој има правено во 34/35 недела тест за скриен шеќер? Правев еднаш во 20 и некојс недела, матичната пак ме праќа поради зголемено главче на бебето. Ми е страв дали ќе го издржам, претходниот пат беше ептен машки..
Дали беше на второ мислење за мерките на ехо? Мерките на ехо се менуваат цело време, на 10 доктори да отидеш, 10 различно ќе измерат. Јас прво тоа ќе отидам, па после би се боцкала пак.
Бев на второ мислење кај Симонида во Ремедика. Докторкатс потврди дека е така но не од шеќер туку дека си е така бебето ништо страшно. Ми рече не би правела пак ОГТТ.