препорака за ендокринолог? прво боцкање 4.5 граница (трудници <5.1) второ боцкање 9.5 граница(трудници <10) трето боцкање 7.9 граница(трудници < 8.5) направено во авицена со оптоварување од 75гр глукоза
и пишав на матичната па ќе видиме што ќе каже ама пак сакам приватно да отидам за мислење на ендокринолог. Знае ли некој точно што треба да се јаде/нејаде?
Има во истава тема, баш имаат пишувано што јадат. Кажи ми која недела го правеше? Знам од 24-28 ма се правеше, ама која е најдобро.
на 24та полна недела ќе листам во групава за јадење, матичната ми врати да припазам на храна помалце јаглехидрати а повеќе протеини салати
Овие референтни се за здрави и небремени лица. За трудници границите се построги, односно 1ч по оптпварување да е под 7.8 а по 2ч под 6.7. Јас сум дијабетичар тип 1 и ме води ендо др Ивана Младеновска на ГАК, презадоволна и превлагодарна сум на неа.
Не верувам дека им се специјално за трудници туку им се тие по дифолт штоо важат за сите, обично ко ќе ги покажеш резултатите на матичен или на ендо ќе ти кажат тие. Лудо би било овие референтни да им стојат за трудници.
Wow, ова е надвор од сите совети и стандарди и насоки искрено… советувај се со ендокринолог дефинитивно, и матичната заради тоа ти кажала да скратиш на јаглехидрати и во право е.
Здраво во која лабораторија дозволуваат и имаат просторија за лежење при правење на ОГТТ тестот, при високо ризична бременост каде што е забрането и ризично долго седење? Морам да го направам тестот, а не смеам да седам.
Јас лежев во Биотек, не сум ризична. Е сега не е кревет, туку како столица една се спушта. Да прашаш домашна посета дали прават по лабараторииве за тестов?
Да во Биотек ми кажаа дека имаат за лежење. А за домашна посета не сум сигурна, може ќе прашам и за тоа.
Женски ај мислење за резултативе : 5.5 глукоза на гладно 8.90 прво мерење 6.88 второ мерење Според референтни вредности на Фармахем првово е само високо што ми е чудно ..
Исто кај мене беше 5.6 покачено, не обратија внимание многу лекарите, да припазам на исхрана беше коментарот и толку. Потоа до крај на крвните слики што си ги правев редовно секој месец, но во друга лабораторија, шеќерот на гладно ми искачаше понизок, во граница и не се позамарав многу. Сепак на крај бебе се роди големо >4кг, ме прашуваа дали сум проверувала скриен шеќер
Фала ти...Сега бебево е нормална килажа, 26 недела сум... Ја очекува гестациски , а ова ваљда не е !?
Со 5.5 си гестациски, јас сепак би ти препорачала да посетиш ендокринолог, чисто да не оставаш така. Не сакам да те паничам, туку од лично искуство - многу ми помагаа насоки од доктор. Мене ми беше препорачано до 18 лебни единици дневно, распоредени во повеќе оброци: 3 за појадок, 1+1 за ужини, 5 за ручек, 2 за ужина, 3 за вечера и 1 ЛЕ (чаша млеко) пред спиење. Не треба ни премногу да се ограничува храната, бидејќи при премал внес може да се појават кетони. Главно ми беше нагласено да се намалат јаглехидратите и комбинираат со протеини, без бело тесто и сокови (и цедени), а да има протеини, зеленчук и умерено овошје. После оброк многу помага и кратка прошетка, барем 10-15 минути. За лебните единици има листа – едно парче леб, одредена количина ориз/компир, одредено овошје итн., па според тоа си го распоредуваш внесот.