Мене докторот ми кажа да одам кај него малку пред 17 недела, да ми дадат упат за да испитам гестациски шеќер. Тоа испитување се правело во 17 недела. Како што ми објасни сестрата, ќе ме прателе со упат во Синлаб и таму било бесплатно, те боцкаат, пиеш шербет, и после два саата пак те боцкаат. Сега вас ве читам дека тоа испитување се правело покасно?
Обично се прави од 24та до 28ма недела од бременоста, освен ако нема некоја индикација да се сомневаат за скриен шеќер па се прави порано, пример поголемо количество плодова вода, понапреден(поголем) плод ...
Нема ништо такво, а бидејќи е покасно зачнато, плодот беше за скоро една недела помал. Не знам ни јас зошто ми рекоа да го направам, но ќе го направам за да не ми стои на мисла. Фала на одговорот.
Женички имам упат за скриен шеќер во Авицена,ама кога се јавив да закажам операторот ми рече еднаш се боцка,па во зависност од вредноста се дава шеќерен раствор и се боцка пак по два часа или не се дава воопшто. Листајќи ја темава,не сретнав некоја на која не и бил даден шеќер по првото боцкање? Или има навистина и такви случаи?
Женски ај хелп... Утре сум кај матичната на преглед ама до тогаш ќе си пукнам,денес правев скриен шеќер еве ги резултатите дали ми се ок или не? Ова 7.9 ме нервира некако или така треба? Нели од 5 до 6 е нормална граница
Да не јадеше нешто благо вчера доцна? Кај мене беше 4,2 на гладно. а 5,5 после оптеретување и др рече дека е супер. Ова малце на покачено ми личи. Ама може да биде покачен и ако си јадела доцна вчера нешто.
Не јадев ништо благо само пуканки и сокче една чаша тоа ако е благо ..(во секој случај 12 часа не јадев ништо само вода пиев малку)
А што има врска дали јадела благо вечерта ,кога таму на лице место пие гликоза?! Како и да е 7,9 е височка вредност . Ќе треба да се консултира со матичниот @Bella*
Па во смисла од старт да и бил покачен, Наместо 5 можеби на гладно би излегол 4 и после оптеретување по дифолт би било пониско нивото на шеќер. На тетка моја и се случи такво нешто. Се прејала лубеница пред да прави ваков тест. Но ова било во Австралија и како дијабетичар ја водеа и ја породија во 38 недела.Сепак секако да си се консултира со матичниот, бидејќи во секој случај е покачен.
Ако и излегол 4 ко што велиш и после гликозата би и бил 6,9 ( наместо сегашните 7,9) пак не е добро . Разликата е битна . Вредноста од на гладно и после оптеретувањето не би требало да е повеќе од 1,7 разлика . Се што е над тие вредности се води како скриен шеќер . Бар мене така ми објаснија
Ете пишува таму на гладно ми е точно 5 а откако го испив шербетот после 2 часа ме боцнаа и 8 пишува Значи 3 разлика...ќе видиме утре што ќе каже Чочороска
Не се плаши. Може и со промена во исхраната да пробате да го регулираш. Баш пиши што ќе ти каже Чочороска
Имаш скриен шеќер. Ќе треба да посетиш ендокринолог да ти даде шема на лебни единици и ќе ти објасни како да јадеш,колку оброци итн.Малку е досадно, зошто после секое јадење треба да го мериш шеќерот и да запишуваш. Кај мене беше пониска вредноста и таблети сиофор ми вклучија. После бременоста се регулира.
Бела и јас правев и ми излезе 7.4 резултатот. На самата табела си пишува дека референтните вредности не се однесуваат за период на бременост. Мојот матичен го погледна и ми рече дека се супер резултатите.
Да? Дај боже така да е,во 5 попладне ќе одам јас... И јас тоа прочитав баш за вредностите ама тука ми пишаа дека голема е разликата и дека имам скриен шеќер си пукнав цела вечер,не ми е за мене за бебко се плашам