ќе пишам одма откако ќе излезам од таму ми се изнасмеа докторката... вика каков скриен шеќер,за трудни треба да е над 8.5 па тогаш да се потресуваш ми падна камен од срце значи аман !
Не сакам никој да ме сфати тука погрешно,но големо НО и покрај тоа што со мојот резултат кој беше малтене идентичен како на членката погоре бев кај мојот матичен и тој ми кажа дека резултатот е супер и нема никаков простор за паника (факт број 1) и покрај тоа што на самата листа со резултатот кој го постави @Bella* и на секоја друга која правела скриен шеќер во Авицена пишува дека референтна вредност за гликемијата 2 часа по оптеретувањето е помалку од 5.6 освен за бременост (факт број 2), а сите знаеме дека таа вредност за бремени е поголема (или и да не знаеме го имаме гугл, па можеме слободно да прочепкаме.Се обидов неколку пати да истражам и на ниту едно место не пишуваше дека се јавува гестациски дијабет со помала вредност од 9, а некаде и 11 од македонски,преку српски, па се до англиски официјални медицински страни). И покрај овие два факта кои погоре ги наведов и поради кои бев убедена дека нема простор за паника, кај себе а и кај во случајов @Bella* и мене одредени постови поврзани со прашањето на членката ме исплашија. Веројатно бременоста си го прави своето и не тера да паничиме и тогаш кога нема потреба и да се плашиме од се што ќе слушнеме. Секоја од нас е различен случај и секоја од нас си има своја историја на бременоста,а и пред неа. Поентата ми е,да не се истрчуваме со дијагнози и коментари пред време. Како трудница ве молам да се потсетите како ви било (за оние кои веќе го поминале овој сензитивен период) или да се обидете да не разберете тие кои не сте поминале низ оваа посебна состојба (на таквите ви посакувам што поскоро кој си сакате да си доживеете и да ги поминувате овие слатки маки) и пред да пишете нешто да помислите дека некоја од нас може да се исплаши или да го поремети својот мир кој во овие моменти ни е и тоа како важен. Влијанието на напишаното на форумов е големо од секоја членка и почит до сите кои споделуваат искуства,помагаат,даваат совети, на нас бремените и на сите останати и мислам дека секој кога одговара на некое сензитивно прашање (особено поврзано со здравје,па и бременост) треба пред да кликне на "испрати одговор" да помисли колку е стручен во тврдењата кои ги наведува, особено кога станува збор за сериозни теми. Ви благодарам и се надевам дека ќе не разберете најдобронамерно!
Јас после 20:00ч вчера ништо не јадев само вода мене ми е блиску бев во 7 и пол ми зедоа крв си отидов дома си легнав пак и во 9 ипол се вратив. 2 часа треба да поминат од пиењето.
Бев во 9ч прво боцкање, и пиев гликоза, ми рекоа второ боцкање за 1 час, ме боцнаа пред 10тина мин и следно боцкање во 11ч. Ич не ми беше гадна гликозата за пиење, мм ми вика кога ме гледал како си ја испив дека мислел ќе им побарам уште една чаша
Според ова претпоставувам во Авицена си правела. Јас таму немав проблем,си ја испив одеднаш. А пред да останам бремена од други причини прабев во Синлаб и ми беше дадено во пластична чашка огромно количество шеќер во многу малку вода. Шеќерот не можеше да се растопи,поради што не успеав да го изедам и ми се слоши.
Не ја правев во Авицена туку во друга приватна лабараторија во мојот град. Грутки исто имаше ама добро поминав. Чекам резултати, се надевам дека се ќе биде во ред.. Супер испаднаа резултатите, утре контрола кај матичниот па се надевам ќе одмориме 3-4 недели од доктори и чекални..
Мојот гинеколог ми даде да испитам шеќер во 17 недела, не знам зошто, немаше некоја индикација или барем не ја сподели со мене. Испитував во Synlab и супер ми се резултатите. @pepapa добри ти се резултатите
Девојки имам едно прашање, дали е задолжително испитувањето на скриен шекер, нареден преглед кај гениколог ми е во 28 недела и досега ништо ми нема спомнато за испитување на скриен шекер, на почеток на бременоста кога испитував шекер ми беше 5, сега на овие останатите упити не е шекерот пишан за испитување само крвна слика.
kako sto mi se gleda e visok,mojata doktorka bese prva smena a kaj toj sto e vtora nemi se odi. Strasno e da pocekam do ponedelnik?