Добри се ,не му ја мисли . Ама пак иди си кај докторот понеделник . За помирна глава . Д не се правеме ние доктори
Не сме доктори,точно,но ако ти значи да се смириш 7.4 ми беше и мене и кај двајца гинеколози кај кои бев на контрола,ми рекоа дека резултатите се супер. Смири си ја душичката,не е според еве други искуства ништо страшно
Сакам да прашам дали за испитување на скриен шеќер не треба да јадеме и пиеме од претходниот ден од 19ч или?
Јас денес правев анализа за шеќер и на гладно е 4.8 а после пиење течност и два часа 7.3 а граница е 6. Ама јас вчера си јадев грозје за вечера и покасно заради киселина испив малку кока кола, незнаев дека треба режим пред анализа. Др.вика не е страшно ама ќе го повторам др.недела
Мене со вакви злични вредности ми констатираа скриен шеќер и од ендокринологија ме ставија на диета. И да го мерам дома пред доручек после доручек и се така за ручек и вечера. Сабајлево ми беше 5.5 пред и после 1 саат од роручек 7. А изедов една кришка црно лепче со кисело млеко. Мене матичната ми вика ок е шеќерот но докрорката од ГАК вика нее во ред. Затоа обавезно конслутација со специјалист. @eli25 Знам дека ти имаше скриен шекер,за колку време ти се нормализира?
@monik55 целосно не ми се нормализира Т.е утринските вредности секогаш беа доста повисоки и покрај диетата и терапијата. Правев на два дена цтг баш ради ова.Ама немора да значи дека кај тебе ќе биде така. Додуша мене некаде 7,8 месец ми се покачи на крај , така да баш многу време да регулирам и немав . @monik55 супер што си пошла на специјалист. И мене матичната ми рече ок се вредностите не јади само благо.Ти дадоа ли диета со лебни единици? Мн е досадно мерењето !
Веќе некое време одам само на ГАК баш ради што матичните многу многу несе замараат но докторката вика по бебево што гледам ова е скриен шекер. Поголемо е за две недели,нема никаква мана фала му на бога и рече одма на ендокринологија. Ми земаа тромесечие и цел тероиден статус,диета со лебни единици денес да мерам утре пак да одам таму,да ме следат секоја недела. Јас на две недели одам на емг за сензитивност на матката и секогаш има по некоја контракција а јас не осеќам,ваљда покасно и мене ќе же уклучат на цтг. Кој доктор ќе ти го прави прегледот и кој те прати? Мене неми спомна вчера ништо па да и кажам кога ќе одам на 22 ри.
Со приоритетен упат ќе одам од матичен и искрено не знам кој ќе го прави ќе ми договори др што ме води на Гак на нејзино барање го правам, за да бидеме начисто не дека има индикација.
Една од индикациите за царски кај мене беше и тоа. И ендокринологот и гинекологот беа согласни дека до 38ма нед треба да се роди бебе.
Здраво девојки! Бремена сум 27 + (бебето е големо за 28+) Дали е доцна за испитување на скриен шеќер? Матичниот до сега ништо не ми спомна, а од понеделник тој е на одмор па неможе ни упат да земам, без упат дали може да испитам ?( во струга некаде ми одгавара) Или па да го почекам до нареден понеделник да се врати , да не ми биде предоцно тогаш ќе бидам 29+ ... Ве молам за одговор! поздрав