Некој што испитувал скриен шеќер и ддмери во Велес да каже искуство како оди колку време се чека резултати одма ли даваат и смее ли вода да се пие? Утре треба да испитувам прв пат ми е па нз ни како оди ни што се прави
Jас испитав вчера, добри излегоа резултатите. На гладно 4,4, второ боцканjе 7,9 и трето 5,1. Инаку сум 32ра недела, ми кажаа нема врска кога се испитува, само да е во трето тромесечие.
Има ли симптоми скриениот шеќер пред да се открие со тестот преку крв..и кога најдоцна вечеравте предходниит ден има ли врска што како се јаде ?
Па најдоцна да си до 20ч јадена, а после може и да пиеш вода, незасладен чај. Јас најнормално јадев, пиев ден пред да испитам.. и двете бремености ми беа супер резз.
Едно прашање отидов во 8 часот(реков малку да поспијам) па не ме примија,ме вратија морало од 7:00(веќе ги направиле првите боцкања,навистин е така крива си сум или ги мрзи да работат?
Ако сабајле испитувам треба сега од 8ч. Ништо да не јадам до сабајле ? како издржавте женииии ? Баш ништо несмеам? Кај легнувам касно неможам да заспијам па и гладна уште..уф тешка ноќ ке бидне..вода чај дозволено е ?
Мене докторката ми рече вечерта најкасно до 8 да завршам со јадење пиење сокови и јадење овошје после 8 само вода смееам..
Јас во 22h си каснав милка,во 8:30 на мерење ми даваат шербетчето со сласт си го испив. Си бркав обврски што си имав и се враќав точно кога требаше да мерам така да не осетив кога помина. и пак 3.8-4 ми беше шекерот.
Во која лабараторија правеше? Нели ти кажаа дека тие два саати не треба да мрднеш од столче или евентуално ако си близу до дома и да лежиш?
Па си го согорела, затоа толку ти бил. Не смееш да се движиш тие два часа... Јас си отидов кај тетка која е блиску, ама не мрднав од столче.
Не сум од Скопје. Ма требаше и нотарски работи да тркчам морав да завршам. Не ми кажаа за седење,само ми рекоа врати се. Whatever,и да имало нешто ќе покажи и на дригите мерења наутро на гладно или евентуално повисока бројка би било а не 3,8 или 4. Остај тоа,сонував многу сум се здебелила
Немора да значи дека ќе покажело наутро повисоко,испитувањето тие невалидно овде доста пишувавме дека два саати не се мрда од стол.
Потврдувам и јас тоа што го кажаа Моник и Мариз, не треба да мрдаш два саати, го нагласуваат тоа. Баш дека се согорува шеќерот и не е валидна бројката. Инаку мене по 2 саати ми беше висок резултатот, 8.4, па ме ставија на „диета“ и вчера мерев 2h после ручек и ми беше 4.4. Така да, фала богу, супер сум
Колку време после ручек се мери? И колку треба да биде за да е ок? Мене никој не ми кажа дека треба да се мирува два часа и јас си бев до дома па се враќав ама возев не сум пешачела. На втор саат ми беше 7.1 а реф.вредност е 6. Не ми дадоа диета, правам анализа два пати месечно секогаш е во граница. Кај мене е бебе две недели напред па малку се замислувам да не е од тоа.
Исто и кај мене бебе е 2 недели напред. Матичната ми кажа да внимавам на јадење, шо да јадам шо не и после 2 недели пазење, мерев - 2 саати после ручек. А ти каква анализа правиш два пати месечно? Пошо ова не е исто со шеќерот што се мери на гладно, мене тој ми беше нормален. Сеа откога измерив, и регуларниот и овој после јадење ми се 4.4. Искрено не знам што да ти кажам, најдобро со матичен да се консултираш. Мене мојава така ми кажа, плус консултирав ендокринолог (приватно што го познавам) ми кажаа само да не јадам благо и да пазам на внесување шеќер, избегнување цедени сокови, благо, бел леб итн.