Девојки бев денеска испитував на 3то боцкање сестрата ми кажа добри ке се рез. да не му ја мислиш, заминав смрзнав цел ден неможев да се враќам ми јавил докторот преку свекрва ми дека рез. се одлични на долна граница бил шеќерот значи добар бил ама не запамтила бројки.. што е долна која е нормална вредност ? И да , му ја премислив.. значи бебка моја што е поголема 10 дена си нема врска со шеќер ке си бидне големо бебче
Правам крвна слика комплет два пати и поради слабо железо и поради протеини во урина ( претходна бременост),таму шеќерот е ок. А за храна јас самата си исфрлив од прв ден благо,газирано, бел леб многу ретко,тестинини и сл. Прашував дали да повторам за скриен ми рекоа нема потреба Фала за појаснувањето, ќе си мерам баш по ручек за споредба
Јас веќе два месеци го следам поради тоа што е поголемо бебето и на скриениот покажа горна граница. Две недели е поголемо а главчето две ипол,пазам на исхрана нодев и холтер да го следи шеќерот само ти пати се качил до 8 ипол а вкупњн просек е 5 ипол за цела недела. Мене после 1 час од јадење ми оди до 7 ипол ама не секој ден. Имав и кетони во урина но после две недели ги немав ги решив со течности.
Девојки утре треба да проверувам скриен шеќер конечно донеле реагенси во Велес хаха ама денеска цел ден благо јадам де торта де чоколадо мандарини сок чај хаха и сеа ми се припи какао смееам ли или доста е сепак мн благо внесов денеска ? А и аспирин пијам пред спиење па има ли врска ако го испијам тогаш или сега пред 8 да го испијам хаха?
Мене ми е шеќерот добар,правев тест во 24 недела,сега сум 32,а бебе големо глава како за 35 недела,докторот ми вика царски изгледа ќе биде,и не знам сега што да правам,се исплашив малку
Да чекав три недели да донесат хаха... а знаеш ли дали ќе влијае неш воа шо јадев денеска благо сепак ќр има 12 часа поминато до утре
Чајот без шеќер испи го. И гледај до утре само вода консумирај шеќерот пред мерење да не ти испадне висок, за скриениот таман е тој се проверува 2часа после пиењето на течноста.
Готово завршив со благото матичната ми рече до 8 најкасно после само вода смеам а утре од сабајле смеам ли вода да пијам да си носам со мене за таму или и вода утре нема да смеам хаха
Јас не пиев бидејќи ми беше страв да не го разредам Најубаво прашај си од кога ќе те боцнаат првиот пат дали смееш вода за тие два часа да пиеш.
Мислам 4.8 е долната граница.. и мене втората бременост ми беше под долна граница дури 4.4 мислам ми беше. Две бремености истерани, двете супер шекерот, две големи бебиња, гени Edit: Сега си видов, 4.8 ми било на гладно
Nema da vlijae Jas pa ne ni bev izvestena deka treba da sum gladna posle 8 i po pat za labaratorija si jadev mandarina j se bese vo red
Незнам чиви гени ке има јас 3300 негде сум била а мм 1800 близнак па другото бебе баегими поголемо.. а моево е уште сега во 27 недела 1250, ама ако битно не е од шекерот ми олесни. Фала ти на информација
Јас 3кг, ама мајка ми е ситна, татко ми е крупен, а сега сум 180. Мм бил роден 4200 а свекрва ми е 160цм, а јас синчето го родив 4400, керкичката 3800 Плус ке си менува во темпото на растење и развивање, а и не се секогаш прецизни мерките. Битно нека е живо и здраво
Нема врска јас денес испитував, вчера јадев се до 8ч. И после само на вода до сабајле и супер резултати)
Испитав скриен шеќер и ддмери денеска конечно хах ддмерите ми беа 1500 и нешто а шеќерот на гладно 4.4 а после жербетот 6.3 и толку само две боцкања. Матичната ми рече супер ми бил шеќерот а ддмерите на граница малце покачени биле
Девојки, 31недела не е веќе доцна за испитување на гестациски дијабетес? Немав никакви индикации, ама ете последно бев доцна јадена и ми покажа на граница 5.1 Матичната сега и текна да сум проверела, а тој што ќе ме пораѓа минатиот пат ми рече доцна е после 28ма.
Мислам нема потреба, можеш сама некој режим на исхрана без шеќери па да ја повториш анализата, штом нема индикации. Кај мене е плодот понапред две недели што се смета за индикација за скриен шеќер ама ми рекоа нема потреба да го повторам ако сама пазиш на исхрана. Инаку се испитува во 28 недела