Јас во првата бременост кога испитував скриен шеќер ме боцкаа 3 пати. Еднаш на гладно после два саата со шоња шербет и повторно после 2 саат уште една шоња шербет... И на крај ми се слоши
Најдоцна до 20:00 треба да биде последното јадење, јас завршив точно минута пред 20, да не останам гладна нели ноќта
Хахаха фала ти на одговорот, јас треба да одам оваа недела, па само правам план кој ден да одам да не бидам прејадена од празнициве
Денес испитував скриен шеќер ова се резултатите: На гладно: 5 По 60 мин: 7.7 По 120 мин: 6.1 Дали се во ред?
Мислам дека не е задолжително ама препорачано, најчесто мислам докторот дава мислење/совет дали треба да се провери или не. Инаку од 24-28гн.
јас мислам дека е задолжително. Станува збор за скриен шеќер. При нормални испитувања не се забележува но последиците биле посериозни одколку што сме мислеле. Скриениот шеќер бил штетен за плодот. Јас така знам ако грешам нека ме поправат
Задолжителен преглед е шеќерот има големо влијание врз развојот на бебето и е доста опасна ствар да имаш скриен шеќер. Така да обавезно на овој тест да се оди.
Можно е тој шеќер на гладно да е повисок од тој на 60мин? Се сомневам во веродостојноста на резултатот.
Ми нема логика да е второто мерење помало од првото. Сепак се пие гликоза и треба да се покачи вредности.
Девојки боцкањето е од прст или од вена? Уфф ова со последно јадење до 20 h некако ми паѓа тешко .....ќе биде долга ноќ
Кај мене првото беше од вена, ама правев и целосна крвна слика а вторите две од прст. После 20 h можеш течности да си пиеш, најубаво вода