Предходните три дена да јадеш по 100 грама чоколадо секој ден меѓу нормални оброци доручек, ручек, вечера, додека ден пред испитувањето до 18 часот да јадеш, по 18 часот не треба ништо да јадеш до сабајлето. Те боцкаат на гладно па ќе ти дадат шербет една чаша да испиеш на екс .. чекаш 2 саати па пак те боцкаат и тоа е тоа. Поздрав,
Ти благодарам за ова за чоколадо незнаев но не ми е никаков проблем бидејки тешко без благо поминува денот... благодарам уште еднаш
Кога прашував во Авицена, ми рекоа 10 часа барем гладна да си. Баш прашав дали нешто мора претходните денови, ми рече не. Најнормално. Кој ви кажал за чоколада?
Чудно ми е бидејќи ни ендокринологот не ми кажа вакво нешто. Значи нема гајле и да не се изеде во денот 100 грама чоколадо, не е задолжително. Ваљда. Јас во три дена не можам 100 грама да изедам, не па во еден ден
А последниот ден пред тестот да биде третиот ден со 100гр чоколадо или? Само после 18часот да не се јаде ништо тој ден што значи чоколадото до 18 да биде изедено?
Незнам, јас така направив ..после 2 недели од кај мојот ендокринолог бев и на друго мислење кај проф. Богоев - исто ендокринолог и баш ме праша дали ми ја посочиле подготовката пред ОГТТ тестот со чоколадите
Има ли некој што не јадел три дена чоколадо? Поточно, што не му рекле дека треба? (Прашува човек што не сака никакво благо и што се плаши дека ќе исповрати гликоза) @mariz @monik55 @kukla21 @emkaemka @eli25 хелп @FreeMind во Германија како е испитувањево?
Мене не ми кажаа ништо дали треба да јадам или не. Ама тие денови не јадев знам,ме исплашија дека бебето големо да не имам скриен шеќер. Вечерта знам до 8 саат јадев после само вода пиев. Кај мене искочи благо покачување но помина само со диета,носев и хотлер за мерење на шеќерот цела недела.
Denes bev i go ispitav no pogadno nesto nemam pieno mislam od denes i kafe bez seker ke pijam rezultati mi rekoa od utre...
Имам испитувано скриен шеќер и така и така , т.е и со нејадење благо 2-3 дена и со јадење на чоколадо 200 гр вечерта во 20ч. Резултатот беше скоро па ист . И нема врска тоа дали ќе јадеш благо претходниот ден или не . При испитувањето посекако ви даваат гликоза да пиете . Работата е да се види како се обработува шеќерот во организмот после двата часа
На клиничка биохемија... Инаку @Bubce38 да секако даваа раствор со тоа што оние на кои им беше шеќерот 6.9и нагоре не им правеа тест...
Јас испитував минатата недела и никаква подготовка само од претходниот ден од 18 часот до сабајлето не јадев ништо.
Јас не јадев пред тоа три дена благо. Само претходниот ден јадев до 20 часот. За ова јадење три дена чоколадо тука прв пат прочитав
Ништо чудно ова само кај нас да го има со чоколадово. Затоа ја тагирав @FreeMind да каже во Германија како е. Еве и @danichap е мислам во Германија, нека кажат дали таму им велат јадете чоколадо и тоа три дена и тоа по 100 грама. Или некоја друга по светов што е нека пише, баш ме заинтересира дали само кај нас им текнува на вакви работи.