Мене не ми рекоа ништо не јадев чоколадо но благо малку ко секогаш да... само што бев гладна тоа ме прашаа др не
ај вака да си прашам. шеќерот ми е обично нормален во граница, а понекогаш и низок. инсулинот ми е секогаш < 2 т.е. под граница. дали имам индиции за скриен шеќер да испитам ? на кои лица се препорачува да испитаат скриен шеќер?
Devojki moite rezultati se 5.4 na gladno 9.1 po 2chasa utre ke se konsultiram so dr za ifv... no izgleda mi e na gorna granica ? Maticnava mi veli da zemam glukofaz malku da pijam vashe iskustvo ??
Мислам 24-26 недела.Јас тогаш испитував.Во авицена во тафталиџе е бесплатно со упат за трудници,само мора да се јавиш да закажеш.Мој совет термин прв некој од сабајле од 7 уште затоа што треба да си гладна и жедна.
Јас за 10 дена во 24 недела закажав за скриен шеќер. Матичната ништо не ми рече за благо пред тоа. Само до 18 вечерта да јадам, после ништо.
Не менуваш ништо од навиките сабајлето да си гладна и да не вечераш после 6 7 само рано ќе отодеш бидејки ќе треба да си гладна од првото до 2часа по испиениот раствор со шеќер
Треба да се консултираш со ендокринолог, не е тоа ај пиј Глукофаж малце да ти се спушти. Не е тоа температура па испиј апче ќе се спушти, ова обично е траен проблем и не е заебанција. Во бременоста бев на инсулин а по породување на метфорнин(глукофаж) и работата ич не е така лабава како што мислите. А за испитување скриен шеќер, намерно кажуваат да се јаде чоколадо, бидејќи некои го сфаќаат тоа како не јадам благо три дена за да ми биде понизок шеќерот. А не е тоа поентата, туку напротив треба да се внесува нормално шеќер за да се види толеранцијата на инсулинот. Затоа и се пие благиот раствор, да се види дали има доволно инсулин, лаички кажано. Ако се воздржуваш од благо пред тестот, подобро не го ни прави.
Како и за обична ккс, нема потреба да изгебнувате одредено јадење само за да резултатите испаднат 'добри'. Сум слушнала дека луѓе не јадат мрсно за да холестеролот на крвната слика им е низок, ама не ја гледам поентата, тие резултати не се вистинити. Горна граница е 6, татко ми имаше 8, држеше диета но и после 3 месеци шеќерот пак му беше над граница (7,2), минимално ама сеедно, сега го водат како дијабетичар и пие лекарства соодветни со останатата терапија која ја прима. Скриен шеќер не е мала работа, особено не во бременост, јас би барала и второ мислење.
Се согласувам дека треба консултација и со ендокринолог. Да, треба да се внесува и пред проверката нормално количество од се' што се внесува и вообичаено, но по 100 грама чоколадо три дена пред проверка некако не ми е нормално. Не јаде секој 100 грама чоколадо дневно.
Подобро да јадеш за да видиш како ќе реагира инсулинот. Кога ќе собереш леб, овошје, храна, особено крем, мармалад и сл.кафе со шеќер, сладолед, капучино и да не набројувам, се собира и повеќе од 100 гр. Ти не мора стриктно чоколадо да јадеш, ама внесувај збирно нормално па и повеќе шеќер. Треба да се види реакцијата на инсулинот при внесување шеќер. Ти можеш и поголем сладолед да јадеш, парче торта, суво грозје, урми. Ама да не се воздржуваш од леб, благо, шеќери тие денови. Висината на шеќер не можеш да ја регулираш само со нејадење благо. Една постресна ситуација може да ти ја промени висината на шеќерот. Или некој воспалителен процес во организмот,некоја хронична болка. Се е поврзано едно со друго. p.s.Во претходниот пост сум пишала метфорНин, треба метфорМин.
И јас секогаш имав шеќер под 2,но ете на ОГТТ тест ми испадна 6.3 и ми кажаа се што наведе @Abeja .Леб ( се што е глутен ),лактоза, фруктоза забрането и за 2 недели се спушти на 4.4. Тешко е во почеток но се навикнуваш.
Сфаќам, но како некој што ич не е љубител на благо, од самово набројување ми се потслоши Знам дека наброениве работи не мислеше баш буквално тоа да се јаде и знам дека се само пример, но јас ништо од ова што наброја не јадам (освен многу малку свежо овошје) и за мене не е нормално да се јаде мармалад, крем, сладолед, торти, бел леб, да се пијат сокови и кафе со шеќер. Ништо од ова немам дома Еднаш месечно ако каснам нешто благо пред добивање и тоа смешна количина. Баш кога ќе одам на контрола, ќе прашам ендокринологот што ќе ми каже за ова. Едит. Е, сега, вака било досега. Не се знае ако сум бремена со каков ум ќе бидам
Toa i rekov normalno kako do togas... okolu blago samo posle 7 da ne se jade nisto... a okolu glukofazot i endokrinologot i ginekologot istoto go kazaa pozz
Женски од каде земавте упат за испитување на скриен шеќер? Гинеколог ми кажа дека треба да побарам од матичниот општ лекар но вчера бев да побарам тие пак ми рекоа дека гинекологот треба да ми даде
Матичниот општ лекар ми даде упат за во синлаб и ме чинеше 35,00денари.Матичните гиниколози не давале,не знам зошто.Секое добро