Мила пред колку време испитуваше скриен шеќер во син лав, и јас ке треба да испитувам набрзо, дали син лаб сеуште работи со ФЗОМ за оваа услуга. Прашувам бидејќи добив информација од пријатели дека веќе не била услугата поркиена од ФЗОМ.
И јас имав таква информација дека немаат соработка со ФЗОМ,но изгледа бев грешка.Денес испитував со упат од матичен општ лекар таму и ме чинеше 35,00денари.Секое добро
Мислам дека си дискутираше за ова предходно. И да, испадна дека не сите клиники сериозно пристапуваат кон ова испитување. Имав скриен шеќер и порано пред бременост, пиев лекарства. Останав бремена и во 10та недела ми ги укинаа бидејќи беше нормализиран. Е сега на клиника ми дадоа листа во 26та недела што се прави испитувањето како да го направам. Три дена предходно да се јаде 150-200гр благо, последниот ден, последен оброк да биде во 20часот. Ми дадоа цела листа со инструкции. И три боцкања се од вена на 0, 60 и 120минути со последното оставаш и мокрача. Се јавив кај матичната нема такво упатсво и боцкаат само на 0 и 60мин и без оставање на урина. Кај нас во болницата зимаат крв само на 0 и 120мин, но не од вена туку со апаратче мерат што е погрешно. И исто не оставаш урина. Значи не сите испитуваат правилно како треба. За ова како е најточно се консултирав со специјалист ендокринолог.
Во.две бремености сум праела сктиен шеќер,и ниту еднаш не ми рекле претходна подготовка со чоколада во претходните три дена. Не се сеќавам што сум јадела,ама 100% сум јадела благо деновите пред да испитувам. Јас јадев благо и чипс и во 00:00 пред да одам на испитување (бев на испитување во и пак нормални рез имав. Никогаш сум немала шеќер.
Едно е што сите не ги даваат истите упатсва, ама на 3 различни клиники различно го испитуваат? Тоа не ми е јасно воопшто зошто е така.
Јас испитував во Синлаб, ама пред 2-3 месеци. 3 боцкања се, од вена, со тоа што третото го доплатив 100 ден. Битно е во упатот матичниот (јас имав упат од гинеколог) да има наведено 3 боцкања (нз како) инаку ќе те боцнат 2 пати. Барем така ми кажаа кога прашав зошто минатиот пат ме боцнаа 2 пати, а сега 3. Пак ќе кажам ова беше пред 2-3 месеци, можеби има промени во меѓувреме. Најсигурно ти е да се јавиш и да прашаш околу соработката со фонд, ќе ти објаснат се фини се на тел
Јас имав 3 боцкања од вена на секој саат. Морав да седам таму и да мирувам. Маж ги земал резултатите денеска, ќе ми ги донесе кога ќе си дојде од работа. Може некоја да ми каже како треба да изгледа ако е нормален и како покачен? Немам живци да чекам до гинеколог.
Јас денес испитував. Со упат се 2 боцкања,а на приватно 3. Мене ме боцкаа три пати,на секој саат. А за чоколада да се јаде претходно не ми спомнаа. Само 12 часа од последен оброк. Иначе уште сум во шок од гликозата,на гладно ме уби Упат дава иначе,општ лекар.
Ајде и јас чекам резултати,да видиме што ќе биде. Ќе ти сликнам кои се нормални вредности во бременост,да стигнам дома
На гладно 4.6 реф вред. <5.8 Прво боцкање 6.8 реф вред. <8.88 Трето боцкање 6.2 реф вред. <6.67 Пишува дека резултат е во ред.
И јас денес бев за гестациски шеќер. Ама со 2 боцкања со упат од матичен гинеколог. 1. На гладно- резултат 3,81 реф вред. 2,8 - 6,4 2. 120 мин после гликоза - 5,28 реф вред. 2,8 - 6,4 Ми рекоа дека е супер шеќерот. Друго се е ок. малку хемоглобинот паднат 114, железото 13. @Мариаа. И јас сум во шок од шербетот. Благо мислам 1 месец не ќе вкусам. Но ќе издржиме се за бебушите. @Yowannty дали ги зеде резултатите?
Сега дојде маж, го заборавил ковертот со резултатите во моторот долу. Секако ќе излагаме за кратко па ќе ги проверам.
@Presrekna овде референтните вредности се поинаку поставени ама сепак се загрижив На гладно 84, реф. вредност 60-115 По 60 минути од гликоза 176, реф. вредност 120-170. По 120 минути од гликоза 116, реф. вредност 70-120. Третово е во границата, ама сепак високо... Хемоглобин и мене ми паднал. Леукоцити ми се малку покачени. И овие не ги разбирам што се: Неутрофили покачени Лимфоцити и Хематокрит пониски И сега додека додека отидам до доктор ќе мислам само ова...
Не се енормно зголемени. Не се секирај, кога си на доктор? Мене алт и аст пробите на црниот дроб ми се повисоки но некои вредности во бременоста се нормални. А шеќерот се средува со исхрана. Сестра ми имаше далеку повисоки вредности Во неколку недели со режим го среди. Ене ја внуката 9 години здрава и убава.
Во вторник сум на гинеколог. Јас не сум по благо ич, ама не знам што ми стана сега во бременоста баш што го пројадов, прво тоа го кратам. Па ќе видам доктор што друго ќе ми рече.
Еве го ливчето што ми го дадоа за испитување на скриен шеќер. Прв пат испитував на овој начин. До сега ни сум се придржувала на овој режим ни сум давала мокрача после 2часа, ни пак ме боцкале 3 пати. Стварно сум збунета зошто секаде е различно
Мила мојот ендокринолог баш ми кажуваше и го поддржува овој начин на испитување како подобар.Со 3 боцкања е подобро него со 2 боцкања.Така да собери сила и направи го за твое и за доброто на бебушка.Секое добро
Јас го направив ама реков дека ќе го сликам тука, бидејќи некои членки рекоа дека не правеле така дека нема врска па затоа уште тогаш се чудев ама еве и доказ дека не измислив ништо. И плус од вена 3 пати те боцкаат, инаку во нашиот град во болницата мерат со апаратче (само 2 мерења) што било погрешно.