Здраво Го креирав профилот само заради оваа тема. Само што ми земаа крв за испитување на скриен шеќер, но наместо да пијам гликоза ми рекоа да си отидам дома и добро да доручкувам и да каснам нешто благо. За два часа да одам пак за крв од прст да ми земат и да испитат шеќер. Е сега јас уште кога останав бремена си го следев шеќерот со апаратче од дома и кај мене проблемот е што сабајле на гладно ми е покачен (7-7.5), а потоа преку ден ми се нормализира под 6. Малце паники ме фаќаат зошто имам предиспозиции за скриен шеќер,(дедо имаше тип 2, мајка ми има покачен шеќер, јас дебел газ) ама никаде не видов точно што треба да се превземе во случај на скриен шеќер. На диета се ставив уште првата крвна слика кога шеќерот ми излезе 7.2 тоа беше 2 месец од бременост (исфрлив благо, газирано, тестенини) ама шеќерот сабајле пак ми е покачен. Тироидна жлезда и тироидни хормони проверувам 1 годишно и ми беа супер пред да останам бремена. Само што јадев сега чекам 2 часа да поминат па пак да се вратам на трансфузиологија за 2риот тест, а во меѓувреме испитувам на апаратчето на секој 15 мин. а и да, лекарот ми кажа 3 дена јадеш нормално дури и блачко каснувај си, последниот ден пред тестот до 18.00 јадеш после само водичка до сабајле
Здраво пак јас. Ќе ве замолам ако има некој информација колку треба да е шеќерот после 4те боцкања во ден? Диетата е поставена, ми кажаа мерење 4 пати дневно еднаш на гладно и 3 пати 1 час после јадење. Ја прашав сестрата колку треба да ми е после 1 час по јадење ми рече епа нормално е до 6 да ти биде??? Нели е малце тоа после јадење? Прашав друга сестра ми вели до 10. На нет гуглам велат 7.8 после 1 час јадење. Чвор сум цела не знам на кој да верувам и паники почнаа да ме фаќаат. Не за друго не знам дали добро ја комбинирам диетава. За сега нема терапија зошто ептен сум на граница се уште не е алармантно, но не сакам да грешам па да стане алармантно Благодарам
Здраво ,јас испитав скриен шеќер освен што ме боцкаа 2 пати носев и два пати мокрача ,и после 2 часа на урината покажа позитивно ,се плашам дали е нешто страшно матичната била надвор од Мк и го пратив резултатот вика не е страшно ќе се слушниме во вторник. Има ли некоја од вас искуство со ова или да знае зошто е тоа така еве го и резултатот
Јас во Авицена. Ако си со упат одиш само во понеделник со закажување и кошта 35 ден. и те боцкаат 2 пати (на гладно и 2 часа откако ќе го испиеш растворот). Без упат одиш било кој ден и имаш 3 боцкања (на гладно, 1 и 2 часа после пиење на раствор). Чини 450. Само гледај да одиш порано зошто 3 саати ќе окапеш минимум. И гледај да не повратиш бидејќи така тестот ќе биде неважечки и пак ќе треба да го пиеш благиот раствор. Едит: Сите боцкања се од вена и растворот е грд ама не е страшен. Едно време ти се суши уста се осеќаш како пијан ама ништо спектакуларно.
Јас во Синлаб платив 400 денари, а правев во сабота. Не е страшно испитувањето, само е непријатно и долго трае. Во Синлаб ти земаат крв, па пиеш гликоза, па после 2 саата пак ти земаат крв. Во тие 2 саата не смееш да се движиш и можеш само вода да се напиеш. Јас после пиењето гликоза си отидов дома зошто живеам блиску до лабораторијата и лежев 2 саата.
Да не треба и шприц и игла, ханзапласт, епрувета и мед.сестра да си понесеш крв да ти земе Каде бре ќе испитуваш, секаде даваат гликоза.
Оф леле ви кумановци гу претерате После еден саат откако ќе си го сркнеш шеќерот, треба да ти биде околу 8, а после 2 саати да се спушти во нормала. Мене после јадење кога мерам ако јадам бел леб плус и нешто со јаглехидрати ми оди некогаш до 9 па и 10 затоа гледам интегрално да јадам и помалку. Се е во исхраната и себеконтролата. На докторов му викам а може ли некад торта да јадам, ми вика никако. А првата бременост си јадев многу сладолед ама на инсулин бев тогаш. Ај сега кркни чоколада и после до утре ништо.
Мислам дека имаш мало покачување по 2 часа, другото ти е ок. Зборам по моите реф.вредности од моето испитување.Нека ме поправи некој ако грешам. Референтни вредности нема на резултатов? ЕДИТ И по 1 час мислам има покачување. Не се плаши на ендокринолог оди ќе ти каже начин на исхрана и ако треба и терапија. Ако си дисциплинирана лесно се средува.
Прочитв ама дали е и во Авицена толку, до сега не сум слушнала дека за трудница е на глдно треба да е толку
На резултатот не ти се напишани реф.вредности за трудница. За трудница се тие што ги пишав за во било која лаб. Тогаш гинекологот и ендокринологот ме водеа по вредностите што ги напишав
Мајки да не знаете која е референтната вредност за скриен шеќер за труднци после 2 часа од пиењето на течноста?