Дали освен гликемија ви испитуваа и инсулин? Кај мене инсулинот на гладно е 13 а после 2 саати 42... Не знам што значи тоа
Јас денес испитував Гестациски дијабет во Авицена, рез. ми беа 5.1 на гладно и 8.3 по 2 часа и ми рекоа дека се океј резултатите.
Јас стварно сум во бунило ги читам вашите коментари и глеам дека само јас сум дијабетичар, ме прати матичната денес во центар за дијабетес и морам да контролирам после јадење колку е па д а ми дале терапија соодветна. Што мислите вие?
Ова ти се идеални резултати, незнам зош те пратиле во центар за дијабет. Мене по еден час ми беше 12 и после 2 часа 8.4
Мене по 2 ми беше 9.3 и докторот ми рече ништо страшно. Јас своеволно си го контролирам со исхрана и го мерам..
Сите ми рекоа дека се во ред, а гинекологот ме подготви дека нема да можам да се породам природно, и дека ќе бидам пропратена со оваа дијагноза (гестациски дијабетес) до крај и исто така ендокринологот кој ме преглед денес се согласува со тоа мислење, искрено се плашам да не ги послушам од една страна бидејки ми е на гладно зголемен да се правам сама доктор не иде ама ако ми препишат апчиња терапија инсулин , во никој случај додека не се консултирам бар со уште двајца ендокринолози не зеам ништо. Ви благодарам на сите за одговорите и одвоеното време.
Поголемо 1 недела од почеток ме водат така, но мешето му е во ред така ми рече гинекологот и на втор скриниг кога се гледаат органите ми рекоа дека е во нормала... Незнам више ни јас што да мислам...
Јас пред месец ипол се породив со дијагноза гестациски дијабет, висок притисок и зголемена плодова вода, спонтан пораѓај со бебе од 3980. Само треба редовни контроли, да внимаваш на исхрана и нема да имаш никаков проблем. Плус тебе шекерот не ти е висок, мене на испитувањето за скриен шекер после два часа ми беше 8,9
и со гестациски дијабет се ораѓаат спонтано, а твоиве резултати по моето скромно познавање не се дијабет. Сепак не исклучувај совет од ендокринолог ама не се задоволувај ни со едно мислење, исто и од гинеколог побарај второ мислење. Благо, сокови не конзумирај лдп тогаш а на друго припази и мери го сабајле на гладно и ќе видиш како ти се движи следните денови па ќе кажеш на докторите. Навистина ми е чудно што те испаничиле ама ќе ни кажеш како си поминала на крај
Срцка дали беше на некоја терапија за шеќерот и дали имаше проблеми со кетони/ацетон во урина? Јас го регулирав шеќерот но ми се појавија кетони во урина 3 +. Докторката ми рече да внесувам повеќе јаглехидрати и доколку се зголеми шеќерот да ме стави на инсулин. Искрено ама ич не сакам да се боцкам Фала и да ти е живо и здраво бебенцето
Кетони излегуваат од недоволен внес на јаглехидрати? Јас сега на последнава крвна слика во 36 недела имав прв пат еден + и се исплашив малку. А утринскиот шеќер ми е секогаш супер. Аман едвај чекам да се породам да изедам цело кило макарони
Абе да не си раат. Едно средив друго усрав, со извинување. А баш супер си фурав со таква исхрана. И кога ми ги виде резултатите од урина во шок беше. Дури ми пиша и препорака за хоспитализација ако не се исчистат до понеделник Па сега јадам повеќе и нормално шеќерот е повисок но во границите на нормала. Петок ќе проверам пак и ќе видиме. А кетони се појавуваат и од недоволна хидратација. Почни да пиеш повеќе вода и тој еден плус ќе изчезне
Терапија за шеќер не ми дадоа, само диета и го држев во нормала. Кетони не сум имала. На крајот на бременоста ме пратија на ендокринолог за инсулин но докторката ми рече да остане само на диета бидејќи го држев шекерот околу 4,5. Пробај со диета без бели брашна, шекери, сокови или ако ти ја дадат таа со лебни единици.
Пијам сиофор од 1000 наутро и 500 навечер. Ми ја дадоа диетата со лебни единици но некако многу јх ми се наутро. Утре ќе проверам пак урина за кетони па ќе видиме Тенкс