1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гестациски дијабетес/Скриен шеќер

Дискусија во 'Бременост' започната од lolyta777, 5 април 2012.

  1. Leo_29

    Leo_29 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2017
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    5.022
    Пол:
    Женски
    Не се чека, одиш те боцкаат, пиеш шеќер, чекаш 2 часа, те боцкаат и си одиш. Резултат истиот ден ти праќаат.
     
    На Mila1990 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Nairobi88

    Nairobi88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2019
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    267
    Пол:
    Женски
    Мили мамички, читав доста страници уназад на темава и коментарите воглавно се за начинот на испитување и за резултатите.
    Јас испитав скриен шекер со 3 мерења и проверка за шекер во урина и сите вредности ми се на висока граница. Па ме интересира кои се реперкусиите од гестациски дијабет према плодот и према мене (не сакам да читам на гугл сакам некоја членка да ми појасни). Засега не ми дадоа терапија туку строго контролирана исхрана, инаку сум 26н3д.
     
  3. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.786
    Пол:
    Женски
    Подобро и да не слушнеш мислење зашто сигурно ќе се најде некоја со лошо искуство. Познавам лично 2 жени што имале скриен шеќер во бременост и после пораѓај се било во ред. За време на бременост само се здебелиле повеќе од очекувано. Во врска со бебето немале буквално никакви последици. Секако за вакви резултати треба да се придржуваш до диетата. Имам искуство со ова (не во бременост т.е. уште немам испитано) и само ќе ти кажам внимавај на намирниците за кои се верува дека немаат шеќер, а е баш спротивно (мусли, корнфлекс, поголема количина на јогурт, печен морков, цедени овошја, за вештачки засладени производи да не почнуваме). Најсигурно е да се држиш до протеинска или медитеранска исхрана.
     
    На Nairobi88 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.786
    Пол:
    Женски
    Не знам кои ти се референтните вредности, ако се истите кај мене после 2 саати беше 61 и јас имам инсулинска резистенција. Можеш да си прочиташ на нет има убаво објаснето, во принцип значи дека клетките на шеќерите не го пуштаат инсулинот во нив и не може да ги стопи. Телото регистрира зголемен шеќер и лачи уште повеќе инсулин и затоа ти се покачени вредностите. Ова се регулира со терапија и диета како за дијабет (јас пиев Метформин и држев диета). Почна инсулинот да се намалува и ослабнав 6кг за 2 месеци. Во меѓувреме останав бремена (затоа и беше терапијата со диетата) и сега чекам да дојде испитувањето за скриен шеќер и баш ми е страв од резултатите. By the way, во која недела се испитува?
     
    На Butterfly1107 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mila_Skopje

    Mila_Skopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2019
    Пораки:
    1.403
    Допаѓања:
    2.640
    Пол:
    Женски
    Се испитува од 24-28г.н во три точки(на гладно, во 60мин и 120мин) и притоа не треба подготовка идносно оптеретување со претходно јадење благо како кај ОГТТ кај останати. Во однос на вредностите, се строги, и мн е битно колку се над нормала и во колку точки нарушени. Кај некои трудници се оди само со ограничен јагленохидратен внес, а ка некои инсулинска терапија (се однесува про дг гестациски дијабетес).
     
  6. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    5.450
    Пол:
    Женски
    Здраво, ова беше одамна. На првата крвна слика шеќерот ми беше 5.7 и матичната ме прати на ендокринолог. Ендокринологот одлучи да правам Инсулинемија мислам се викаше и тримесечен шеќер. Тогаш бев 8ма недела. Резултатите излегоа супер, ендокринологот ми рече само да не претерувам со благо и тоа е тоа. Денес сум 14+1. Мислам дека овие испитувања се прават многу покасно, 7ми месец. Али ете кај мене порано бидна.
     
    На eta и Jana06 им се допаѓа ова.
  7. Mila_Skopje

    Mila_Skopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2019
    Пораки:
    1.403
    Допаѓања:
    2.640
    Пол:
    Женски
    Инсулинемија и тромесечен шеќер или HbA1c се различни работи. А кај трудници е задолжителен скрининг со ОГТТ од 24-28г.н
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    5.450
    Пол:
    Женски
    Точно, никаде не пишав дека се исти. Исто така пишав дека ги правев во 8ма недела заради гореспоменатите причини.
     
  9. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.072
    Допаѓања:
    17.214
    Пол:
    Женски
    Каде се испитува скриен шеќер?
     
  10. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    5.450
    Пол:
    Женски
    Јас испитував на Ендокринологија во државна ама може и во Авицена и Синлаб.
     
  11. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.072
    Допаѓања:
    17.214
    Пол:
    Женски
    А за авицена и синлаб треба упат?
     
  12. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.786
    Пол:
    Женски
    За Синлаб може да ти даде матичниот упат и бесплатно е, за Авицена не знам. А и мислам дека е 400 денари без упат.
     
  13. Anenik

    Anenik Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2019
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    41
    Пол:
    Женски
    Јас не се пријавив, а реков ќе Ви пишам. Сега сум дома нели 36 терам па имам време. После сите малтретирања нели одење на ендокринолог во центар за дијабет заклучивме дека не се тачни нашиве доктори, ме ставија нели на диета 2000 кал терав така и на крај се доведов до кетони во урина, и на гладно шекерот да ми е 3.9 па си решив да прекинам диетата и да јадам нормално како до сега и не погрешив, последна крвна слика шеќерот ми беше 4.9 само еден плус кетони (тие се јавувале ако си гладувал) исхраната воглавно ми е јадам се повеќе пати во денот со намалено благо, леб јадам бел црн било каков па и во неделата еднаш некое пециво бурек, лиснато и останато. Секако мерам шеќер насабајле само, со бебе е се супер. И никако не се оставајте на едно мислење обавезно две па и три ако треба. Ви благодарам на сите што ми пишавте :):):)
     
    На Butterfly1107, Sexybaby86 и mici-22 им се допаѓа ова.
  14. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.072
    Допаѓања:
    17.214
    Пол:
    Женски
    Утре треба да испитам скриен шеќер. До колку саат најкасно смеам да јадам вечер?
     
    Последна измена: 28 јануари 2020
  15. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.786
    Пол:
    Женски
    12 саати пред да ти земат крв и да биде тоа лесна вечера. И вода треба да се испие што повеќе до пред да легнеш.
     
    На Veki4kaa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.965
    Допаѓања:
    13.997
    Која е разликата помеѓу тест за проверка на шеќер крвта кој трае 1 час, и оној што трае 2 часа. Тука во Германија ги викаат мал и голем тест. За малиот (1 час) не мора да се оди гладен, додека за големиот (2 часа) треба најкасно до 22 ч. пред денот на тестот да се јаде. Мене ми кажаа дека ќе ми прават мал тест, па сум малку збунета...
     
  17. Babyiscomming

    Babyiscomming Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    520
    Пол:
    Женски
    Женски денес испитував скриен шеќер, на гладно 4,3 после 2 часа 8,5. Што мислите во реде?
     
  18. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.786
    Пол:
    Женски
    Не знам како треба да биде во бременост и кои референтни вредности ги пишува, кај мене пишуваше <6,7.
     
  19. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.498
    Допаѓања:
    35.241
    Пол:
    Женски
    Имам за ова пишано 2-3 страни наназад, ама еве го пак тоа што го пишале тука за скриен шеќер за трудници.

    Реф.вредности за трудница се
    5.1 гладно
    10 по 1 час
    8.5 по 2 часа
     
    На Mila_Skopje и Babyiscomming им се допаѓа ова.
  20. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.072
    Допаѓања:
    17.214
    Пол:
    Женски
    Бев да испитам скриен шеќер, ме буцнаа прво од прстот. Успив шербет И ми рекоа после два саати да се вратам пак за буцкање. Значи само две буцкања. Нели три пати треба?